ЈуријАркадиевич
Модератор
@Zlatikevichius ми се врти дека ја бараше Човекот кој ги сакаше калинките? Има ново издание од македонска литера.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Фала ти, ама ја имам одамна. Ја комплетирав цела колекција - добитници на „Роман на годината“. Ги имам дури и некои 70% од финалистите од почетокот на доделувањето на наградата до денес.@Zlatikevichius ми се врти дека ја бараше Човекот кој ги сакаше калинките? Има ново издание од македонска литера.
Одлично.Фала ти, ама ја имам одамна. Ја комплетирав цела колекција - добитници на „Роман на годината“. Ги имам дури и некои 70% од финалистите од почетокот на доделувањето на наградата до денес.
Ако случајно негде ја видиш “Балкановавилонци” од Старова да ми кажеш.@Zlatikevichius ми се врти дека ја бараше Човекот кој ги сакаше калинките? Има ново издание од македонска литера.
Само таа ми фали од добитниците на Роман на годината.
Но откритие ми беше штандот на српската амбасада, од каде што би зел многу работи, ама некако цените доста солени ми беа. Ама ако евентуално се вратам на Саем годинава, ќе се вратам за нив.
Туку што се врати бе? Уште ти фалеше да те видам на саемов и ќе беше се' комплет.Прегледај го приврзокот 475793
Оваа година скромно. И само толку ќе биде. Некако на трчање го прелетав, не се заддржав ни еден час. Многу штандови прескокнав - повеќето оние стандардните: Ѓурѓа, Сакам книги, Купи книга, Мартина, албанските, турските, секташките... годинава плус и Збор, Антолог и некои други. Повеќето зашто не ми се допаѓа издаденото од нивна страна, некои зашто не ми се допаѓаат луѓето кои стојат зад штандот. Македоника литера, за жал, пак ја нема.Но откритие ми беше штандот на српската амбасада, од каде што би зел многу работи, ама некако цените доста солени ми беа. Ама ако евентуално се вратам на Саем годинава, ќе се вратам за нив.
Најмногу се израдував што на штандот на Култура си ја најдов „Наивен супер“ од Ерленд Лу - една од последните 2 кои ми фалат за комплетирање на едицијата на никогаш прежалениот Табернакул: „Четврт библиотека табернакул со јогурт“. „Бегалка“ од Алис Манро ја зедов зашто беше буквално последната книга. И жал ми е што Или Или беа блокирани зашто за време на мојот престој таму имаше свечено отворање па буквално им го отсекле пристапот на читателите до нив. Ама не се жалам - Или Или книжарницата ми е секако блиску, што и да ми треба, ќе си појдам директно кај нив дома.![]()
Не, на пладне бев јас, околу 12:00, 13:00, така нешто. Ти кое време беше? Нема шанси да сме се разминале, сигурно во друго време си бил, инаку ќе сум те видел.Туку што се врати бе?
Кај Србите на штандот имаше многу нивни издавачки куќи со по некоја книга. Да, убаво би било да имаат посебни штандови како на времето Вулкан, Лагуна, ама и вака едно мало скромно е подобро од ништо. Имаше едни изданија од некоја непозната издавачка куќа од Србија, со тврд повез, тие ми фатија око: Франкенштајн, Дракула, Свртување на завртката, Др. Џекил и мистер Хајд... беа меѓу насловите.Србиве ги видов, мило ми е што разбиваат монотонија, но мислам дека треба уште некоја од нивните издавачки куќи да доаѓа кај нас.
Ваучер од Академска даваат кога ќе пазариш над одредена сума или како? Гледам дека од Taschen имаат добри наслови од познати уметници, па ако земам некоја од поевтините книги ќе добијам ваучер за да земам и некоја од поскапите?Туку што се врати бе? Уште ти фалеше да те видам на саемов и ќе беше се' комплет.
Прв ден опсервација, видов доста наслови и ликови со кои го делам ова убаво искуство. Ја прочепкав академска оти сега е најдобро да ја подберам - за викенд ќе биде калакурница таму. Плус имав ваучер од неодамна остварениот „шопинг“, така да следниов пат нема, или можеби накратко нешто ќе ѕирнам. Од или-или имам неколку наслови за идниот пат, освен Дријади што ми ја подари Нено. Имам некои постари изданија на пик. И потпис од Симона, во недела чинам ќе биде таму.
Антолог ми останува за викендов, имам поголема плејада тука, Андриќ, Аманити, нешто од Барико што сум пропуштил.
Артконект и Три истотака имам по 3-4 наслови. Бегемот истотака. Имаат одлични попусти.
Од Арс Ламина сакам да ги земам повеќето македонски повоени писатели (Петре, Оливера, Влада)
Од другиве, само инцидентно, ако нешто ми фати око.
Србиве ги видов, мило ми е што разбиваат монотонија, но мислам дека треба уште некоја од нивните издавачки куќи да доаѓа кај нас.
И... Како што спомна погоре Златикевич, мислам дека е лошо организиран саемот просторно. Инцидентот кај штандот на или-или е само една фалинка. Кога ќе биде гужва, цела бољка ќе излезе на виделина. Денес немаше многу луѓе.
Не, мислам дека на сите им даваат. Не е ваучер, туку купон за 30% попуст во книжарница и мислам дека трае еден месец.Ваучер од Академска даваат кога ќе пазариш над одредена сума или како? Гледам дека од Taschen имаат добри наслови од познати уметници, па ако земам некоја од поевтините книги ќе добијам ваучер за да земам и некоја од поскапите?
Бега од „авторите“, поточно.Како сме се разминале со Злате, бега од нас авторите...
Ве барав тебе и Јордан, не бевте таму. Беа „авторите“. 