Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
@Zlatikevichius ми се врти дека ја бараше Човекот кој ги сакаше калинките? Има ново издание од македонска литера.
 
Attachments

@Zlatikevichius ми се врти дека ја бараше Човекот кој ги сакаше калинките? Има ново издание од македонска литера.
Фала ти, ама ја имам одамна. Ја комплетирав цела колекција - добитници на „Роман на годината“. Ги имам дури и некои 70% од финалистите од почетокот на доделувањето на наградата до денес.
 
Фала ти, ама ја имам одамна. Ја комплетирав цела колекција - добитници на „Роман на годината“. Ги имам дури и некои 70% од финалистите од почетокот на доделувањето на наградата до денес.
Одлично.
 
@Zlatikevichius ми се врти дека ја бараше Човекот кој ги сакаше калинките? Има ново издание од македонска литера.
Ако случајно негде ја видиш “Балкановавилонци” од Старова да ми кажеш. :D Само таа ми фали од добитниците на Роман на годината.
 
Последно уредено:
20260423_164205.jpg

Оваа година скромно. И само толку ќе биде. Некако на трчање го прелетав, не се заддржав ни еден час. Многу штандови прескокнав - повеќето оние стандардните: Ѓурѓа, Сакам книги, Купи книга, Мартина, албанските, турските, секташките... годинава плус и Збор, Антолог и некои други. Повеќето зашто не ми се допаѓа издаденото од нивна страна, некои зашто не ми се допаѓаат луѓето кои стојат зад штандот. Македоника литера, за жал, пак ја нема. :( Но откритие ми беше штандот на српската амбасада, од каде што би зел многу работи, ама некако цените доста солени ми беа. Ама ако евентуално се вратам на Саем годинава, ќе се вратам за нив.

Најмногу се израдував што на штандот на Култура си ја најдов „Наивен супер“ од Ерленд Лу - една од последните 2 кои ми фалат за комплетирање на едицијата на никогаш прежалениот Табернакул: „Четврт библиотека табернакул со јогурт“. „Бегалка“ од Алис Манро ја зедов зашто беше буквално последната книга. И жал ми е што Или Или беа блокирани зашто за време на мојот престој таму имаше свечено отворање па буквално им го отсекле пристапот на читателите до нив. Ама не се жалам - Или Или книжарницата ми е секако блиску, што и да ми треба, ќе си појдам директно кај нив дома. ;)
 
Прегледај го приврзокот 475793

Туку што се врати бе? Уште ти фалеше да те видам на саемов и ќе беше се' комплет.
Прв ден опсервација, видов доста наслови и ликови со кои го делам ова убаво искуство. Ја прочепкав академска оти сега е најдобро да ја подберам - за викенд ќе биде калакурница таму. Плус имав ваучер од неодамна остварениот „шопинг“, така да следниов пат нема, или можеби накратко нешто ќе ѕирнам. Од или-или имам неколку наслови за идниот пат, освен Дријади што ми ја подари Нено. Имам некои постари изданија на пик. И потпис од Симона, во недела чинам ќе биде таму.
Антолог ми останува за викендов, имам поголема плејада тука, Андриќ, Аманити, нешто од Барико што сум пропуштил.
Артконект и Три истотака имам по 3-4 наслови. Бегемот истотака. Имаат одлични попусти.
Од Арс Ламина сакам да ги земам повеќето македонски повоени писатели (Петре, Оливера, Влада)

Од другиве, само инцидентно, ако нешто ми фати око.
Србиве ги видов, мило ми е што разбиваат монотонија, но мислам дека треба уште некоја од нивните издавачки куќи да доаѓа кај нас.
И... Како што спомна погоре Златикевич, мислам дека е лошо организиран саемот просторно. Инцидентот кај штандот на или-или е само една фалинка. Кога ќе биде гужва, цела бољка ќе излезе на виделина. Денес немаше многу луѓе.
 
Туку што се врати бе?
Не, на пладне бев јас, околу 12:00, 13:00, така нешто. Ти кое време беше? Нема шанси да сме се разминале, сигурно во друго време си бил, инаку ќе сум те видел.
Србиве ги видов, мило ми е што разбиваат монотонија, но мислам дека треба уште некоја од нивните издавачки куќи да доаѓа кај нас.
Кај Србите на штандот имаше многу нивни издавачки куќи со по некоја книга. Да, убаво би било да имаат посебни штандови како на времето Вулкан, Лагуна, ама и вака едно мало скромно е подобро од ништо. Имаше едни изданија од некоја непозната издавачка куќа од Србија, со тврд повез, тие ми фатија око: Франкенштајн, Дракула, Свртување на завртката, Др. Џекил и мистер Хајд... беа меѓу насловите.

Три ми беа најголемо разочарување на Саемов - попуст 0! Јес да ќе речете: ова не е панаѓур на книги, не треба да очекувате попусти, треба да се цени трудот на писателите и издавачите, бла, бла, бла... Ама ете, кога видов дека книги кои во книжарница скоро секој месец им се на попуст, а тука немаат никаков, инаетот не ми даваше да купам нешто од нив. Затоа ги прелетав со брзина на светлината. Едицијата „Безвременски“ ќе почека некои подобри времиња за да биде проширена.

P.S. Правописот во Институт за македонски јазик го зедов за 500 денари. Кога излезе првото издание, чинам 1000 беше. Знам дека е достапен онлајн, ама ете - ги имам дома претходните редакции на нашиот правопис, зашто да ја немам и оваа, најновата. Ќе се најде!
Автоматски споено мислење:

Ги најдов тие српските. Otvorena knjiga се вика издавачката куќа, едиција Фантастика: https://otvorenaknjiga.rs/?s=&post_type=product&product_cat=edicija-klasika-fantasticne-literature
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom