Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Академска книга, 20% попуст на се. Само знаат да имаат една прикажана цена на одредени книги, а друга, повисока, да излезе на каса.

Акцијата трае до 17.01.2026.
 
Добро, до мене ли е или ТРИ стварно забегаа во некаква секташка штампарија на книги за самопомош? Ај мислам 10тина наслови ги имаа порано што ги ротираат, сега секоја втора книга им е таква. Да не зборам за евтиниве љубиќи... Едино што ги вади се понекој наш познат писател и Елиф Шафак и понекој јапонец. Другово све штуро и скромно.
 
А што очекуваш од Винка и компанија? Странските изданија им се сведуваат на Ју Несбе и Елиф или Мураками (фала богу) и книгиве за самопомош и финансии (оф мори мајко). Домашните пак од Румена Бужаровска и Коста Петров (хорор!), и чат пат Лидија Димковска и Венко Андоновски што преткаат нешто и се шлепаат на стара слава. веќе неколку години се во пад тие, иако според мене најпрофесионално работат во позадина (преводи, лекторство, уредништво и слично).
 
Одамна се такви, имам пишувано и јас за ова. Пола книги им се „Како да...“. Вклучувајќи и дел од нашите како Коста Петров, да речеме. Во моментов единствено што им вреди е едицијата „Безвременски“. Ништо друго не би купил од таму.

А, да, и од книгите од македонски автори некако ме заинтригира оваа: „Ќе помине и моќта“ на Ирена Јурчева. Она е преведувачката на Толкин и По. Ова е мислам дека нејзин прв роман и има 388 страници што значи никогаш нема да го прочитам. Ама би сакал.
 
За болдов се надевам не си сериозен.
Ја имаш прочитано Музејот на невиноста, да речам така пообемна книга, за 380 страни ќе крахираш.:D
 
Имам навистина сериозен проблем со книги поголеми од 250 страници. Многу често знам да заглавам на пола и да останат недочитани. Ете така од лани ми останаа 3: Истапени сечила од Зоран Милошевски, Снег од Орхан Памук и Хари Потер 4. Ама од друга страна па ја прочитав Календарот на Маите од Зоран Фериќ која е 500+ страници. Нема правило, само знам да заглавам често.
 
А што очекуваш од Винка и компанија? Странските изданија им се сведуваат на Ју Несбе и Елиф или Мураками (фала богу) и книгиве за самопомош и финансии (оф мори мајко). Домашните пак од Румена Бужаровска и Коста Петров (хорор!), и чат пат Лидија Димковска и Венко Андоновски што преткаат нешто и се шлепаат на стара слава. веќе неколку години се во пад тие, иако според мене најпрофесионално работат во позадина (преводи, лекторство, уредништво и слично).
Лидија Димковска се шлепа на стара слава? Јас разбирам да не ти се допаѓа некој автор, ама за неа да кажеш дека се шлепа на стара слава е стварно безвезе. Исто и за Венко (колку и да не го сакам).

Три или било која издвачка куќа благодарение на продажбата на книгите од областа на пример од самопомош (или кој и да е друг “хит” жанр) може да ги издаде авторите како Мураками, Сали Руни, Феранте, Шафак и сличните на нив.

Може ли предлог од тебе за квалитетна македонска современа проза? Кои автори “не се шлепаат на стара слава”? Што за тебе преставува автор “нешлепач”? Секако со исклучок на твоите дела.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom