Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Академска книга, 20% попуст на се. Само знаат да имаат една прикажана цена на одредени книги, а друга, повисока, да излезе на каса.На што?![]()
Клик до каталогот на книжарница Три.Акцијата важи до 31 јануари.
Прегледај го приврзокот 466278
Одамна се такви, имам пишувано и јас за ова. Пола книги им се „Како да...“. Вклучувајќи и дел од нашите како Коста Петров, да речеме. Во моментов единствено што им вреди е едицијата „Безвременски“. Ништо друго не би купил од таму.Добро, до мене ли е или ТРИ стварно забегаа во некаква секташка штампарија на книги за самопомош? Ај мислам 10тина наслови ги имаа порано што ги ротираат, сега секоја втора книга им е таква. Да не зборам за евтиниве љубиќи... Едино што ги вади се понекој наш познат писател и Елиф Шафак и понекој јапонец. Другово све штуро и скромно.
За болдов се надевам не си сериозен.Одамна се такви, имам пишувано и јас за ова. Пола книги им се „Како да...“. Вклучувајќи и дел од нашите како Коста Петров, да речеме. Во моментов единствено што им вреди е едицијата „Безвременски“. Ништо друго не би купил од таму.
А, да, и од книгите од македонски автори некако ме заинтригира оваа: „Ќе помине и моќта“ на Ирена Јурчева. Она е преведувачката на Толкин и По. Ова е мислам дека нејзин прв роман и има 388 страници што значи никогаш нема да го прочитам. Ама би сакал.

Имам навистина сериозен проблем со книги поголеми од 250 страници. Многу често знам да заглавам на пола и да останат недочитани. Ете така од лани ми останаа 3: Истапени сечила од Зоран Милошевски, Снег од Орхан Памук и Хари Потер 4. Ама од друга страна па ја прочитав Календарот на Маите од Зоран Фериќ која е 500+ страници. Нема правило, само знам да заглавам често.За болдов се надевам не си сериозен.
Ја имаш прочитано Музејот на невиноста, да речам така пообемна книга, за 380 страни ќе крахираш.![]()
Лидија Димковска се шлепа на стара слава? Јас разбирам да не ти се допаѓа некој автор, ама за неа да кажеш дека се шлепа на стара слава е стварно безвезе. Исто и за Венко (колку и да не го сакам).А што очекуваш од Винка и компанија? Странските изданија им се сведуваат на Ју Несбе и Елиф или Мураками (фала богу) и книгиве за самопомош и финансии (оф мори мајко). Домашните пак од Румена Бужаровска и Коста Петров (хорор!), и чат пат Лидија Димковска и Венко Андоновски што преткаат нешто и се шлепаат на стара слава. веќе неколку години се во пад тие, иако според мене најпрофесионално работат во позадина (преводи, лекторство, уредништво и слично).