Здраво на сите! Јас лично сум Ром (19 годишен и неоженет

) и да не сум некој што проси,краде,силува итн. Не сакав да се одбранам со тоа што го напишав,но очигледно поради некои морав да напишав така за да не имаат погрешна перцепција за мене како Ром.Како и да е нема да нападнам никого.И сите што напишавте добри и лоши работи Ве разбирам и нема што да негирам дека некои Роми не се такви како што напишавте,но сепак не очекував од некои ептен да не речам "Фашистички" да се однесуваат,навистина не очекував,но како и да е павторно ќе кажам немам намера да навредам некого ниту пак нечие поглед кон Ромите да го сменам.Да преминам на главното,а тоа е дека никој од нас кои се културни и не наштетуваат на другите итн. никој не одбра да дели нација со таквите од кои се срамам и јас самиот.Едноставно тие "стереотипичните" се такви од многу причини од немаштија итн.,а некои едноставно можеби нејќат да се сменат незнам.Но без разлика на тоа што ќе мислат другите кога ќе ме запознат никогаш не криев дека сум Ром, иако не личам ниту малку на Ром не само јас,но и мојата фамилија.Едноставно несакам да кријам дека сум тоа што сум роден и сакам да докажам дека сум како и сите други нормални луѓе.А верувајте не има многу такви кои не се какви што гругите очекуваат да сме,односно "стереотипичните" Роми туку сме сосема нормални верувајте. Поздрав