Јас колку што знам образованието е бесплатно и ние се школуваме бесплатно не само тие, ако збориш за тоа што земаат стипендии тоа се вика позитивна дискриминација патем тие стипендии Ромите ги земаат врз база на оценки во зависнот од нивниот успех.Така знам зема моја другарка и знам дека социјално загрозените земаат за други не сум запознаена.
За пазарот и робата навистина не знам не сум поминувала и не сум информирана,и не паметам случај каде што Ромите или Албанците биле казнети за нешто па подоцна следело бунт дека биле дискриминирани(потсети ме).
Не се сложувам дека поради другите Македонците се запоставени според мене едноставно луѓето кои треба да ги решаваат проблемите на народот(побитно им е да си исперат некој милион) без разлика дали се роми,албанци,македонци не запоставуваат па подоцна се издвојуваат некои партии за да покажат еден вид разбирање кон други припадности за да си ја исперат совеста ако ја имаат и на крај произлегува слика дека секогаш едните се дискриминирани.
За крај, јас никаде никого не обвинив за мислењето кое го има,се извинувам ако некој така ме разбрал,и не завземам страна и не пишувам пристрасно туку се трудам да гледам од некоја објективна страна пошто не гледам друго решение за Ромите освен да ги прифатиме такви какви што се или да се вклучиме да им помогнеме да ги интегрираме иако ќе речете дека досега не успеале да го направат тоа нема ни сега јас не се сложувам затоа што постојано сум сведок на позитивни промени кај младите Роми.На крајот на краиштата има и премогу Македонци кои не се интегрирани во општеството(дури и полоши од најлошите Роми) па никој не збори ништо за нив најверојатно затоа што се Македонци а не Роми или Албанци.Колку што е кривицата на општеството толку е и на една индивидуа.Затоа што мноштво на индивидуи градат општество.
Дали во средните училишта даваат стипендија за ученици кои имаат просек од 2,00 до 2,99? Тоа просек е, вака да прашам? ( ги има објавите во службени весници, последната од бр. 146, 2015 г)
И ту пази, аплицираат за мотивирачка стипендија.
Зошто на Македонците не не мотивираат со една ваква стипендија? ( не зависи од месечните примања, туку тоа дека се Роми и имаат посебни програми за нив)
За студентските стипендии тие се како посебна категорија поставени.
Сипендии за редовни студенти Роми, во висина од 5000 денари.
Успех да, ама успех на ниво на Роми кои аплицирале за стипендија, а не успех на ниво на сите студенти.
Јас не разбирам едно. Цело време да се чувстуваш дискриминиран, да бараш специјални права за тебе и привилегии. Епа ако сакаш да си рамноправен и да бидеш вклучен како граѓанин на РМ,а не како Ром нема да бараш стипендии од 5000 ден и да има посебна категорија за тебе.
Ако немаш примања, повели имаш социјални стипендии.
Смешно е да споредувам или да правам некој сооднос, пошо не се пропорционални ни малку, ама во Македонија има многу повеќе студенти кои имаат скоро никакви примања и земаат дупло помала стипендија од некој Ром.
Не е во ред.
Зa кревањето бунт не викам да жарат и палат по Скопје, туку се бунат пошо еве како тебе цело време сами си потенцираат дека се дискриминирани, а сами уствари се дискриминираат.
И сите бенифиции што ги користат ги користат од буџетот на РМ. Буџетот на РМ се полни од оние што плаќаат казни од УЈП и полиција, разни даноци и глупости.
Оди прашај во Шутка дали плаќаат радиодифузна такса.
Јас бев член пред неколку години во организација каде меѓу другото лидер ни беше Ром.Тој си беше активно вклучен во сите активности и ништо спектакуларно ние не правевме, ниту го дискриминиравме. А, зошто тоа не го правевме? Зошто тој така се постави, никој не ни го гледавме како Ром.
За све друго останото, прочитај ми го постот во Драга Кајгана и по можност после 10 сатот навечер поседи кај поштана да видиш со шо ги враќаат намачените искинати дечиња и мајки питачи.