Имам другарка ромка која активно членува веќе долг период во различни ромски организации за едукација за спречување рано мажење на девојчиња и итн.Патем многу од организациите соработуваат со некои од Турција и имаат доста шанси да одат надвор на натпревари или на размена.Е сеа овие организации се за средношколци и студенти а за постарите како што рековме нема.Другаркава со мајка и поднесе документи да отвори организација која ќе ги едуцира постарите Ромки жени(не знам зошто ги исклучуваат мажите)за различни области од животот.Ќе имаат часови по македонски јазик,исто знам дека кажа ќе ги учат да плетат,шијат и некои такви работи пошто голем број од жените ромки се невработени и ќе сака да ги вклучува во некои такви занаети.
Да бидам искрена не помислував дека има успешни Роми ама се уверив во спротивното.Познавам Ромка која работи во претседателскиот кабинет,познавам Ром кој отиде во странство и стана моден дизајнер...
Најверојатно моето мислење се темелело врз луѓето овде,Роми кои живеат во исто населено место со мене,бидејќи сум ги гледала како дивјаци пошто постојано се расправаат,урлаат,фрлаат се и сешто насекаде(не се сами),не учат,не одат во средно....НО денес не ми изгледа се така..
Половина од Ромиве се ве странство,Фрнација,Белгија а половина од нив работат нешто во Скопје или учат во средно.
Овие првиве се враќаат после некоја година со бемвиња,мерцедеси и прават палати не знам дали им се спечалени со од работа или од социјално..
Вториве секој ден ги гледам по автобуси што до пред една година никаде ги немаше,сега гледам и доста Роми средношколци што исто до пред некоја година ги немаше затоа што не сакаа да одат,очигледно сега ги виделе бенефициите од тоа. Искрено во автобус имаат премногу културно однесување.
.Кога поминував пред неколку години низ ромското маало искрено ми беше страв и дење и ноќе затоа што се собираа дечишта пред продавници и дофрлуваат иако никој ништо никогаш не се обидел да направи затоа што сме помало место и одма се се дознава и би настрадале затоа што се малцинство.Последнава година јас немам видено ниту еден Ром/ка надвор.Да,сериозно како бура пред затишје се никаде ги нема буквално.Ниту млад ниту стар.Ако видиш некое по школо на одмор кај се растрчува и тоа е.Колку што ме држи паметот никогаш во школо и низ маало сме немале проблеми со наши врсници.Секогаш сме играле заедно а и пред една недела видов исто дечиња на игралиште играа заедно which is good.
Патем јас седев во основно со една Ромка и многу ми беше мерак што можев на некој да му покажувам да му помагам,типката ја памтам до ден денес Касандра се викаше,беше многу бела со долга црна коса ама од основно до денес ја немам видено веќе.Имам и уште една познаничка од основно ама оваа оди во средно и се гледаме доста често
Мислам дека расната дискриминација ќе постои барем уште долг временски период но барем да се потруди човек да ја има секој ден се помалку и помалку,затоа што никој не е крив каков и кај ќе се роди.И нели,треба да се цениме по човечки карактеристики а не по нешто друго.