Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Реакцијата на Игор е priceless. I mean... цитат од Sideways. <3„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, во издание на Три е роман на годината за 2023.
Дејан Сибиновски, музичар, член на бендот Баклава. "Зелениот дворец" му е деби-роман. Претходно на еден од двата конкурси на Арс Ламина за нова бајка зеде една од наградите и објавена беше неговата бајка, чинам "Перуника" се викаше.Иначе ме интересира за овој Сибо. Да не знае некој нешто за писателов, неговото вистинско име и презиме, животен пат, творештво, итн... Скромни се информацииве по нет.
На кој начин смета жири комисијата составена од Македонци да оценуваат роман напишан на албански?Ау што кажала на доделувањето Лидија:
"Самата сум деветтата авторка добитничка на наградата, што укажува на тоа дека наградата Роман на годината сè повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и со тоа е, се чини, најдемократската родова книжевна награда во Македонија. Ќе стане и најдемократската јазична награда кога за неа ќе можат да конкурираат не само авторите и авторките кои живеат во или надвор од Македонија, а пишуваат на македонски јазик, како што сум самата, туку и авторите и авторките кои живеат во Македонија, а пишуваат и на некој друг – малцински или миграциски јазик."
![]()
РОМАНОТ НА ГОДИНАТА Е КАКО МИК ЏЕГЕР, ПРЕСТАРЕНА РОК ЅВЕЗДА СО РЕНОМЕ, РЕЧЕ ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ НА 25. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАTA, ЧИЈА ГОДИНЕШНА ЛАУРЕАТКА Е ЛИДИЈА ДИМКОВСКА - Сакам Да Кажам
Свеченото доделување на наградата Роман на годината за 2023 за делото „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, на синоќешниот настан […]sdk.mk
Прво и основно не смее ни да го помисли, а не да го изјавува ова. Избегала во Словенија, убаво, доби награда - доби, ќути и трај. Од кај и е правото да кажува дека единствената значајна награда за македонски роман требало да биде и демократска, па романи на ромски, албански и турски да конкурираат? Да беше Руменче немаше да ме чуди, али Лидија крајно разочара.На кој начин смета жири комисијата составена од Македонци да оценуваат роман напишан на албански?
Идеме јово наново... https://nezavisen.mk/raspishan-konkursot-za-nagradata-roman-na-godinata-za-2024-godina/.
Ако и годинава ги прават истите финти како и досега (да ги погодувам 4 од 5 финалисти онака по презиме без воопшто и да ги прочитам книгите), тогаш последна година пуштам мое дело на конкурсот.
Ова. Ама се´ми стои дека ќе ја прогураат до победник.Сега за сега навиваме Румена Бужаровска да испадне. Што порано!