Роман на годината

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.888
Поени од реакции
36.992
Ако Анатрос тепа, да се врати членот на форум со неговиот препознатлив јузер.
Мислам дека никогаш не ни заминал - бил овде во вторникот, на 28.02, пред само 3 дена. Само веројатно практикува завет на молчење. :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.667
Поени од реакции
35.320
„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски („Три“),
„Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски („Или или“),
„Столб што пее“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“)
„Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ („Арс Либрис“)
Влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Типувам на Влада Урошевиќ, затоа што „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски ја доби наградата за најдобар роман на Друштвото на писателите на Македонија - „Стале Попов“.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.888
Поени од реакции
36.992
„Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ е Роман на годината за 2022! :bravobe:


1678879149158.png
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Now that's mouthful. За насловот на книгата мислев. :D
Честитки до професорот Влада Урошевиќ, дефинитивно мојот фаворит од сите четворица во потесен круг што влегоа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.888
Поени од реакции
36.992
Роман на годината за 2023, 35 романи во конкуренција:

1. „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
2. „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“
3. „Скитачот“, Матеј Богдановски, самостојно издание
4. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
5. „Писма од лудница“, Срѓан Ивановиќ, „Арс Либрис“
6. „Силуваната невеста“,Томе Илиевски, самостојно издание
7. „Цик-цак, ку-ку“, Жан Илиески, „Антолог“
8. „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
9. „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“
10. „Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или Или“
11. „Зборови“, Јордан Коцевски, „Антолог“
12. „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“, Кристина Краличин, „ИД – Концепт консалтинг и дизајн“
13. „Савески“, Анастасија Лефкоска, НУ Центар за култура „АСНОМ“ – Гостивар
14. „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“
15. „Отуѓување“, Ѓорѓи Мешков, самостојно издание
16. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
17. „Бигор шарпланинецот: приказни за пријателството и за храброста, Ферид Мухиќ, „Три“
18. „Последната мисла во универзумот.Апокалипса“, Валентин Нешовски, „Антолог“
19. „Тишина“, Јелена Никодиноска Чаповска, „Паблишер“
20. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
21. „Ѓаволот има убаво лице“, Дора П., „Матица македонска“
22. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
23. „Мртва коска“, Димче Парталоски, „Арс Либрис“
24. „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова, „Антолог“
25. „Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“
26. „Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“, Мимоза Ристова, „Арс Либрис“
27. „Живот без сведоци“, Наташа Сарџоска, „Три“
28. „Пеперуга“, Мирјанка Селчанец, „Академска мисла“
29. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
30. „Ронлива“, Милена Сиљаноска, самостојно издание
31. „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“
32. „Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“
33. „Рок на траење“, Марија Трифуновска Тасеска, „Восток“
34. „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
35. „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“

Само еден прочитан од романите (што е сепак повеќе од 0 лани :P ). Вака на прва како рани фаворити би ги спомнал: Петар Андоновски, Лидија Димковска, Блаже Миневски, Томислав Османли, Фросина Пармаковска, Игор Станојоски и Ивица Челиковиќ. Иако Пармаковска, Андоновски, Миневски и Османли веќе биле добитници па затоа можеби ќе ги заобиколат оваа година.

Лично мој фаворит сега за сега ми е Сибо со прекрасниот „Зелениот дворец“, иако сигурен сум дека ќе испадне уште во трет круг затоа што освои Пегаз, а обично освојувачите на Пегаз ги исфрлаат рано. Сепак стискам палци за него.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.888
Поени од реакции
36.992
Првата селекција ја поминуваат 19 романи:

1. „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
2. „Ѕиркачи“, Даниела Андоновска – Трајковска, МИ-АН
3. „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“
4. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
5. „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
6. „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“
7. „Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или Или“
8. „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“
9. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
10. „Последната мисла во универзумот.Апокалипса“, Валентин Нешовски, „Антолог“
11. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
12. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
13. „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова, „Антолог“
14. „Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“
15. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
16. „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“
17. „Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“
18. „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
19. „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“

Нема некои големи изненадувања меѓу испаднатите, горе-долу се знаеше дека тие ќе бидат исфрлени во прв круг. Најголеми 2 изненадувања, би рекол, се: „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ - тоа се два од трите романи кои влегоа во најтесна конкуренција за наградата Пегаз во 2022. Обично тие романи секогаш испаѓаат во првите кругови (со исклучок на „Деса“ пред неколку години која мислам дека влезе во финале, и секако „Скриени желби, немирни патувања“ во 2020 кој стана Роман на годината, но секако дека не очекував да испаднат уште во прв круг.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.888
Поени од реакции
36.992
Втората селекција ја поминуваат 10 романи:

1. „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
2. „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“
3. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
4. „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“
5. „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“
6. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
7. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
8. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
9. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
10. „Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“

Пак се е очекувано, освен (за мене) изненадување што од трка е исфрлен „Полиглот“ на Игор Станојоски. Вчера го прочитав романот и е навистина прекрасен. Можеби дека авторот зборува отворено за политиките во Македонија последниве години, промената на името, проблемите со јазикот, негирањата од Бугарија и ветото, па некому му смета... Нејсе, Пармаковска и Сибо остануваат во конкуренција, стискаме палци за нив. Во моментов го читам „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, па ќе видиме и тој до каде ќе стигне.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.888
Поени од реакции
36.992
Финалисти за роман на годината за 2023:

1. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
2. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
3. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
4. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
5. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“

Одличен избор, моите фаворити: Пармаковска и Сибо се во финале! „Ако се родат некакви чувства“ го читам во моментов, и да бидам искрен, некако ми мириса дека или тој, или „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска ќе биде освојувачот на наградата.

Испаднаа: Андоновски (по малку изненадувачки), Анѓелков, Кокаланов, Лукаш и Танчева-Златева (очекувано).

На 15.03 ќе го дознаеме добитникот на наградата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.888
Поени од реакции
36.992
„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, во издание на Три е роман на годината за 2023.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, во издание на Три е роман на годината за 2023.
Реакцијата на Игор е priceless. I mean... цитат од Sideways. <3

Иначе ме интересира за овој Сибо. Да не знае некој нешто за писателов, неговото вистинско име и презиме, животен пат, творештво, итн... Скромни се информацииве по нет.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.888
Поени од реакции
36.992
Иначе ме интересира за овој Сибо. Да не знае некој нешто за писателов, неговото вистинско име и презиме, животен пат, творештво, итн... Скромни се информацииве по нет.
Дејан Сибиновски, музичар, член на бендот Баклава. "Зелениот дворец" му е деби-роман. Претходно на еден од двата конкурси на Арс Ламина за нова бајка зеде една од наградите и објавена беше неговата бајка, чинам "Перуника" се викаше.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Ау што кажала на доделувањето Лидија:
"Самата сум деветтата авторка добитничка на наградата, што укажува на тоа дека наградата Роман на годината сè повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и со тоа е, се чини, најдемократската родова книжевна награда во Македонија. Ќе стане и најдемократската јазична награда кога за неа ќе можат да конкурираат не само авторите и авторките кои живеат во или надвор од Македонија, а пишуваат на македонски јазик, како што сум самата, туку и авторите и авторките кои живеат во Македонија, а пишуваат и на некој друг – малцински или миграциски јазик."

:facepalm::pov::pov::pov:

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.888
Поени од реакции
36.992
Ау што кажала на доделувањето Лидија:
"Самата сум деветтата авторка добитничка на наградата, што укажува на тоа дека наградата Роман на годината сè повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и со тоа е, се чини, најдемократската родова книжевна награда во Македонија. Ќе стане и најдемократската јазична награда кога за неа ќе можат да конкурираат не само авторите и авторките кои живеат во или надвор од Македонија, а пишуваат на македонски јазик, како што сум самата, туку и авторите и авторките кои живеат во Македонија, а пишуваат и на некој друг – малцински или миграциски јазик."

:facepalm::pov::pov::pov:

На кој начин смета жири комисијата составена од Македонци да оценуваат роман напишан на албански?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
На кој начин смета жири комисијата составена од Македонци да оценуваат роман напишан на албански?
Прво и основно не смее ни да го помисли, а не да го изјавува ова. Избегала во Словенија, убаво, доби награда - доби, ќути и трај. Од кај и е правото да кажува дека единствената значајна награда за македонски роман требало да биде и демократска, па романи на ромски, албански и турски да конкурираат? Да беше Руменче немаше да ме чуди, али Лидија крајно разочара.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
15
Поени од реакции
18
Идеме јово наново... https://nezavisen.mk/raspishan-konkursot-za-nagradata-roman-na-godinata-za-2024-godina/.

Ако и годинава ги прават истите финти како и досега (да ги погодувам 4 од 5 финалисти онака по презиме без воопшто и да ги прочитам книгите), тогаш последна година пуштам мое дело на конкурсот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom