Ајде пошто подфорумов затаи некако последниве 5-6 месеци и не се читаат премногу квалитетни постови, со анализи на мечевите и слично, него повеќе се тера на сеир и карање, се решив да напишам анализи за утрешните мечеви, нормално од моја гледна точка.
Гулбис-Ѓоковиќ
Дуел на двајца големи другари, на луѓе кои предобро се познаваат уште од јуниорските денови. Имаат тренирано заедно како деца, имаат кампувано заедно како деца, Новак бил во Латвија на гости кај Ерни, Ерни има одено на Копаоник така да момциве одлично се познаваат и на приватен и на професионален план. Ова ќе биде дуел на двајцата најдобри дворачни бекенди во светот моментално, нормално тука е и оној на Мареј, дуел на подобар форхенд против чуден форхенд, дуел на одличен сервис против подобар сервис, дуел на кратка коса против долга коса, дуел на избричен против брадосан.
Ноле турниров го игра фантастично, практично без маана е, нема нешто негативно што би издвоил кај него така да он за мене утре е огромен фаворит. Гулбис исто така турниров го игра неверојатно добро, сите удари му се на место, но мислам дека утре ќе му биде крајот. Една работа ме радува многу, а таа е што Гулбис нема однапред да се предаде и ќе излезе со мисла да победи, за разлика да речеме од Бердих или некој друг кој секако ќе излезеше со наполнети гаќи. Моја претпоставка е дека Ноле ќе победи 3-0, или евентуално ако нешто крене по лошо 3-1. Секако би сакал Гулбис да победи, но...
Надал-Мареј
Дуел на исто така двајца играчи кои одлично се познаваат и имаат играно безброј пати. Последниот нивни меч беше во Рим, пред неполн месец каде победи Надал, тешко во три сета. Утре сметам дека нема да биде така тешко од неколку причини:
1. Надал многу го потцени Мареј во Рим и во мечот влезе многу млитаво што резултираше со лесно и убедливо освоен прв сет на Мареј. Утре сметам дека Рафа ќе влезе фокусиран уште од првиот поен и нема да има никакви заебанции и осцилации (се надевам).
2.Заморот! Мареј според мене тотално непотребно изигра 5 сета со Монфилс, иако можеше лесно во три да го реши после водството од 2-0. Во четвртиот и петтиот сет Мареј изгледаше многу лошо на физички план, буквално едвај одеше, но имаше среќа што против него играше физички понеспремен противник. Тоа против Надал не е случај затоа што Рафа, заедно со Ноле и Ферер се најспремните играчи во светот.
3. Надал нема да го потцени ритернот на Мареј како во Рим! Сега ова звучи може парадоксално, како јас да сум во главата на Надал па ви пренесувам што планира, али како негов навивач, навивач што го следи буквално секој меч на Надал може да кажам со сигурност дека Рафа не ја прави два пати истата грешка. Во Рим вториот сервис му беше очобол, дури и тоа е млак збор, му сервираше пенали на Мареј кој овој вешто ги искористи за да го добие убедливо сетот. Во вториот сет веќе се стабилизираше Рафа, почна појако и поагресивно да сервира, почна и поагресивно да игра и работите дојдоа на свое место. Енди секако е член на големата четворка, не смее никако да се потцени, но сметам дека Рафа утре добива со 3-0, или како што реков и за Ноле погоре, ако нешто крене наопачки максимум 3-1. И да напоменам дека мечот во Рим се играше во вечерниот термин, каде условите се далеку побрзи, за разлика од утрешниот меч кој ќе се игра по сончево време и сув терен, што значи подлогата одлично ќе го прима спинот и Надал ќе праќа многу тешки топчиња за враќање.
Факт е дека Надал не сервира како што треба на турниров, али од меч во меч напредува по малку и се надевам дека утре ќе видиме што подобро негово издание отколку против Ферер. Утре секако е преубав тениски ден, се најавува сончево време во Париз, прекини нема да има, така да на нас е да уживаме во тенисот.
