Значи... едвај чекам да почне грен слемов. Прв новитет за мене ќе биде тоа што преноси ќе има и на Алфа ТВ.. со самото тоа 90% ќе ги даваат мечевите и на HD каналот што ќе биде само дополнително уживање во тениските возбудувања.
Мојот главен миленик како и според многу најголем фаворит, Рафа Надал. Се очекува Рафа да го освои турниров по 8ми пат што ќе претставува рекорд во Open Era во тенискиот свет, да се освои еден ист грен слем рекордни 8 пати, до сеа рекорд е 7 титули и тој рекорд го има изедначено самиот тој, а и Сампрас и Федерер имаат по 7 грен слем титули на Вимблдон.
- Што очекувам од останатите тенисери ?
Епа вака :
Прво.... после Рафа, приоритет и најмногу би ми било мило доколку далеку дотуркаат Гулбис, Димитров, Јанович. Едноставно уживам да ги гледам овие поединци, а најмногу Гулбис кој ветува на добар пласман со прикажаното оваа година. Димитров одигра неколку феноменални партии годинава против топ 10 тенисери, а тоа дава за надеж на добар резултат во Париз, но мора да поработи на физичкиот дел од работата, не смеат толку многу да го мачат грчевите, сепак се работи за Best of 5 систем и многу лесно може да се случи да се играат 5 исклучително напорни сета каде тој и не би можел премногу да конкурира со оглед на тоа што има проблеми понекогаш веќе и во вториот сет.... Ако се сеќавате, минатата година Гулбис исто така имаше проблеми со грчевите тука во Париз, во мечот против Гаске каде загуби во 4 сета, а го доби првиот и имаше солидна предност во вториот сет кога почнаа да го напаѓаат грчеви, другите 2 сета ги загуби лесно (...2-6 3-6).
За Јанович, доколку го слуша сервисот може да оствари добар пласман, минатата година изгуби во второто квалификационо коло од Сајслинг во 3 сета и не успеа да влезе меѓу 128те најдобри и со тоа да одигра еден меч до 3 добиени сета на овој грен слем. Не кажав погоре за Гулбис, тој минатата година загуби во првото коло од Кукушкин, се сеќавам на мечот и ден денес... Гулбис губеше со 2-0 во сетови, 5-1 за Кукушкин во третиот сет и сервис (40-15) во поени.... ако ви се верува, Гулбис успеа да се врати и да дојде до петти сет каде заводе и со 2-4 во гемови, но на крајот и јас се чудам како.... загуби 6-4 и со тоа беше елиминиран уште на стартот на Отвореното Првенство во Франција од 2012. година.
Со оглед на тоа што Мареј скоро сигурно го пропушта грен слемов, Рафа ќе биде трет носител со 50% шанси за потенцијален дуел со Ѓоковиќ уште во полуфиналето... сепак се надевам дека ова нема да се случи и дека во полуфиналето ќе треба да се сретнат Рафа и Федерер.
Еве за крај едно потсетување од минатата година, па... да очекуваме идентично сценарио и годинава. (секако ние фановите на Рафа...
Stefan-kobe ,
RocknRolaa ,
Петар Р. и уште не знам кој беше друг, ќе си се пронајдат, битно е да славиме на крајот.

)