Roland Garros | 21 мај - 9 јуни, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Победник на Ролан Гарос?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 31 33,3%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 43 46,2%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 23 24,7%
  • Давид Ферер

    Гласови: 4 4,3%
  • Серена Вилијамс

    Гласови: 23 24,7%
  • Марија Шарапова

    Гласови: 14 15,1%
  • Викторија Азаренка

    Гласови: 5 5,4%
  • Сара Ерани

    Гласови: 5 5,4%
  • Агњешка Радванска

    Гласови: 5 5,4%
  • Ќе изненади некој/а друг/а тенисер/ка

    Гласови: 7 7,5%

  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Сабота, 19 часот и 30 минути, специјална емисија посветена на Ролан Гарос. Триесет минутна емисија која е вовед во настанот, кој во следните две недели ќе биде во фокусот на јавноста, а ќе можете да го следите на програмата на Алфа.
 
Значи... едвај чекам да почне грен слемов. Прв новитет за мене ќе биде тоа што преноси ќе има и на Алфа ТВ.. со самото тоа 90% ќе ги даваат мечевите и на HD каналот што ќе биде само дополнително уживање во тениските возбудувања.

Мојот главен миленик како и според многу најголем фаворит, Рафа Надал. Се очекува Рафа да го освои турниров по 8ми пат што ќе претставува рекорд во Open Era во тенискиот свет, да се освои еден ист грен слем рекордни 8 пати, до сеа рекорд е 7 титули и тој рекорд го има изедначено самиот тој, а и Сампрас и Федерер имаат по 7 грен слем титули на Вимблдон.

- Што очекувам од останатите тенисери ?

Епа вака :

Прво.... после Рафа, приоритет и најмногу би ми било мило доколку далеку дотуркаат Гулбис, Димитров, Јанович. Едноставно уживам да ги гледам овие поединци, а најмногу Гулбис кој ветува на добар пласман со прикажаното оваа година. Димитров одигра неколку феноменални партии годинава против топ 10 тенисери, а тоа дава за надеж на добар резултат во Париз, но мора да поработи на физичкиот дел од работата, не смеат толку многу да го мачат грчевите, сепак се работи за Best of 5 систем и многу лесно може да се случи да се играат 5 исклучително напорни сета каде тој и не би можел премногу да конкурира со оглед на тоа што има проблеми понекогаш веќе и во вториот сет.... Ако се сеќавате, минатата година Гулбис исто така имаше проблеми со грчевите тука во Париз, во мечот против Гаске каде загуби во 4 сета, а го доби првиот и имаше солидна предност во вториот сет кога почнаа да го напаѓаат грчеви, другите 2 сета ги загуби лесно (...2-6 3-6).
За Јанович, доколку го слуша сервисот може да оствари добар пласман, минатата година изгуби во второто квалификационо коло од Сајслинг во 3 сета и не успеа да влезе меѓу 128те најдобри и со тоа да одигра еден меч до 3 добиени сета на овој грен слем. Не кажав погоре за Гулбис, тој минатата година загуби во првото коло од Кукушкин, се сеќавам на мечот и ден денес... Гулбис губеше со 2-0 во сетови, 5-1 за Кукушкин во третиот сет и сервис (40-15) во поени.... ако ви се верува, Гулбис успеа да се врати и да дојде до петти сет каде заводе и со 2-4 во гемови, но на крајот и јас се чудам како.... загуби 6-4 и со тоа беше елиминиран уште на стартот на Отвореното Првенство во Франција од 2012. година.

Со оглед на тоа што Мареј скоро сигурно го пропушта грен слемов, Рафа ќе биде трет носител со 50% шанси за потенцијален дуел со Ѓоковиќ уште во полуфиналето... сепак се надевам дека ова нема да се случи и дека во полуфиналето ќе треба да се сретнат Рафа и Федерер.

Еве за крај едно потсетување од минатата година, па... да очекуваме идентично сценарио и годинава. (секако ние фановите на Рафа... :D Stefan-kobe , RocknRolaa , Петар Р. и уште не знам кој беше друг, ќе си се пронајдат, битно е да славиме на крајот. :P)

rafael-nadal-maria-sharapova-history-french-open-16.jpg
Жити се што има возбудливо што ќе се дава на „Алфа тв“? Одма ме асоцира на неписмени коментатори.
 
Зашто ми ја крадеш женската бе ? :icon_lol:

Одамна не сум пишал за тенисов , годинава слабо пратам, само Аустралиан опен и Вимблдон гледав ама затоа РГ планирам да го гледам малце поактивно ...

Од машките сум за Федерер , ама тешко ептен е паднат во форма , ама и годините си го прават своето , така да Надал очекувам да освои.

Од женските сум за Шарапова и Кириленко , ама тешко ... неприкосновена е Серена ...:)


Друже ти пред времето си чим Вимблдон си го гледал уште непочнат :D
--- надополнето: 23 мај 2013 во 21:33 ---
Жити се што има возбудливо што ќе се дава на „Алфа тв“? Одма ме асоцира на неписмени коментатори.


Добро значи само СпортКлуб разбираат тенис. Македонските коментатори не. :facepalm:
 
Друже ти пред времето си чим Вимблдон си го гледал уште непочнат :D
--- надополнето: 23 мај 2013 во 21:33 ---



Добро значи само СпортКлуб разбираат тенис. Македонските коментатори не. :facepalm:
Не знам што има толку чудно да неаме професионалци у некоја област, или и ти по онаа идеологија дека македончето у све е најпаметно? А бе не ме смеј.
 
Не знам што има толку чудно да неаме професионалци у некоја област, или и ти по онаа идеологија дека македончето у све е најпаметно? А бе не ме смеј.


Живти муабетот. Пази зборовиве македончето у све најпаметно. Колку преноси имаш гледано на Алфа па да го зборуваш ова? Ајде да почнеа па да им мрчиме, ама на невидено?
 
Од недела или од понеделник почнува главниот жреб?
 
Живти муабетот. Пази зборовиве македончето у све најпаметно. Колку преноси имаш гледано на Алфа па да го зборуваш ова? Ајде да почнеа па да им мрчиме, ама на невидено?
Не се карај сега, глеј реално малце на работите. На пример еве ја за Федерер сум цел живот али знам дека ќе го пукне некој таму у четврт пошо е катстрофа на земја.
 
Не се карај сега, глеј реално малце на работите. На пример еве ја за Федерер сум цел живот али знам дека ќе го пукне некој таму у четврт пошо е катстрофа на земја.


Немав намера да се расправам. Само се чудам како судиш предвреме на нешто што ни си го чул ни видел. Нека дојде на ред коментирањето, па ако не го бива реално ќе мрчиме заедно.
 
Друже ти пред времето си чим Вимблдон си го гледал уште непочнат :D
--- надополнето: 23 мај 2013 во 21:33 ---
Добро значи само СпортКлуб разбираат тенис. Македонските коментатори не. :facepalm:

хахах ме фати сеа :) I'm writing from the future :D

За коментаториве си во право ... овие СпортКлуб се ептен настроени само Ноле ,Ноле и Ноле ....
 
Жити се што има возбудливо што ќе се дава на „Алфа тв“? Одма ме асоцира на неписмени коментатори.

Тоа што ќе можам да гледам тенис на HD слика. :) Барем за мене си кажувам.
 
Федерер не вреди ни да се спомнува,поима си нема.


:DDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDD
На пример еве ја за Федерер сум цел живот али знам дека ќе го пукне некој таму у четврт пошо е катстрофа на земја.

Да, човекот кој има 5 РГ финалиња, и 1 освоен е катастрофа на земја :(

Федерер е 2 или 3 најдобар земјаш во историјата, да не беше Надал сега ќе имаше 6 РГ титули.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom