Еден коментар за Надал. Одигра солиден меч, океј, не беше лошо, може многу подобро. Подлогата е ултра бавна на Шатриер и одлично ја користеше денес Рафа, се обидуваше да стигнува се можно.
Еве еден подолг хајлајтс, 11 минути од денешниот меч против Алмагро, за оние кои не гледале е одличен приказ за најбитните моменти од мечот.
Како што пишав вчера, очекував изненадување од страна на Чорич. Се случи, го победи Робредо во дури 5 сета, многу се исцрпи, тежок меч со долги размени. Следен противник му е Сок, а потоа тој меч ќе се вкрсти во четвртото коло со победникот од Надал и Кузњетсов... да не говорам какви се шансите за противникот на Надал да оди понатаму.
Чорич повторно ќе биде аутсајдер во следниот меч, но сепак има простор за уште едно изненадување. Меѓутоа Сок е моментално подобар играч од Робредо, одлично сервира и го користи почетниот удар за понатамашниот дел од играта. Во секој случај, верувам на четврт-финален дуел Рафа-Борна, крај краева и меч против Сок би била одлична припрема за против Ноле, можеби и подобра отколку против Чорич.
Ноле изигра исто така океј, имаше некоја си повреда, ако можам така да ја кажам... се надевам дека не е ништо сериозно и дека следната среда не очекува дуел помеѓу првиот и седмиот на светов, а сепак најквалитетниот тенис што може да се пружи на отвореното првенство во Франција изминативе неколку години.
Ме интересира ваше мислење за утрешните мечеви? Што мислите за женските дуели? Дали ќе поминат во четврто коло Ивановиќ, Шарапова, Макарова итн. Кај мажите се чини има доста поизвесни дуели. Федерер би требало лесно да помине... Бердих исто така, Вавринка и Симон имаат можеби малку потешка задача но извесно во 3 сета треба да ја завршат работата.
Интересно, се чека уште еден сет од Гаске - Берлок. Тука е се можно, квалитетот е на страната на домаќинот, ама Берлок не се предаде после дебаклот кој го претрпе во третиот сет.