Се драпаш за овластениот сервис, или се драпаш? Никој нема да се нафати да ти го среди, или ќе ти побараат четвороцифрена сума на евра... Ако сакаш ваква работа, само засукувај ракави и трчкај по мајстори, нема друго решение.
Или прашај ме мене за Volkswagen-и и ќе ти напишам докторат што треба да направиш за да возиш бесно машинче и до која цифра.
Или ориентационо
Лимарија
Најмногу пари зема, не се нафаќај ако немаш со некој да ја правиш. Ти кажав еднаш јас се изгорев со „најдобриот“ мајстор во Битола. Едноставно неможи некој да ти ја направи колата како што сакаш ти. Мислам...црна беше а бел прајмер (шприц-кит) ми стегнаа...Бог да чува!
Механика
Можиш да комбинираш од 1100 до 2800 кубика во Голф 1. Се е до каде ќе сакаш да брцниш во џебот.
Притоа да напоменам секое update-ирање на колата ти носи два три проблеми:
1) Средување на подвозје и тоа кочници, амортизери, гуми, коска, санки,...
2) Безбедност - спортски седишта, рол-бар (ако сериозно правиш нешто)
3) А-тест од машински да можиш да ја регистрираш колата. Можеш да се протнеш (илегално ама никој да не познае) со 8V мотор (ова не е V8 да не ме сфатиш погрешно), но со 16V сигурно ќе ти речат „А-тест имаш дечко за ова?“
4) Секое зголемување на литражата на колата те удира по џеб. Секоја сериозна машина ќе ти троши од 10-15л/100км а со тешка нога и повеќе.
Предноста на Голфот е што трпи МНОГУ модификации заради добриот лим што го има. И 2000 кубика мотор да ставиш, а претходно си возел 1100 нема потреба од модификација на кошот, за разлика од Југо, каде треба соодветни појачувања на каросеријата со дупли лимови и триста глупости и ретко кој ти се нафаќа.
И на крај. Во ниту еден сервис и 5000 евра да понудиш да ти го направат Голфот нема да ти го направат. Официјалните сервиси не се тјунинг компании.
Е сега ако планираш да одиш по овие „тјунинг компаниите“ што се во некое село во Западна Македонија, можда ќе ти свршат работа, ама ќе брцниш в џеб.
Биди ПАМЕТЕН!
Овој е мојот совет до тебе.
Лимарија не чачкај ништо. Средија колата да не е скапана, една фарба и уживај.
Инвестирај во механиката! Стави убав мотор, кочници, седишта, инструменти, подвозје и некој добар бандаш соодветен. Да не те лажи памет со помодарски бандаши!!!
Еве примери
http://forums.vwvortex.com/showthread.php?1127465-MK1-pic-post.....coolest-thread-ever/page241
Кликај по страните. Имаш 241 страна со по 20-тна слики.
Овој беше мој голф 1. Тогаш имаше поинакви стилови (пред 3-4 години) и го направив во поинаков стил.
Инвестирав јас во се рака на срце ама се држев на stock look.
Инвестирав во моторот солидно! Беше 1.3 машина ама беше преку 90КС. Последно имаше полирани грани, нови Mahle карики, дупли карбуратор, компресија 11.5:1, нови лагери, проширени вентили и што ти не.
Со Џиш го возевме знае Џиш каков беше