Па го прочитав и? Има докази за постоење или не постоење на БОГ? Според мене нема, а ти гледам дека си имал некое истражување и си собирал докази и си го игнорирал нелогичното верување или верување во не верување на БОГ. Па ајде да ги видиме тие докази. Уствари какви докази бре, знаеш ти големиот научник кога ќе докажеш дали постои или непостои БОГ? Кога ќе успееш да ја измериш оддалеченоста на почетокот и крајот на овој универзум, кога ќе ја измериш премериш и опишиш во концизна мерка тежината на сета материја во овој универзум. Ете тогаш ќе најдеш докази, а дотогаш си или верник во БОГ, или веруваш дека не веруваш во БОГ. Значи си еден од верниците и природниот закон важи и за тебе како и за нас останатите, ти можеш да го негираш тоа но сепак ќе постои, исто како да ги затвориш очите пред некоја планина и да тврдиш дека не постои, затоа што ти со твоите очи не можеш да ја видиш.