Религија - вера = ?

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓето веруваат во својата замисла за Бог и тоа е убавината во него, можеш да го замислиш на милион начини, а пак е Бог.
А вака , библиски, догматски институционален Бог го сакаат само лукави и егоцентрични луѓе.
Доста ја продавате вашата замислам за суровиот Бог кој ќе не спали на клада само затоа што денес и да сака човек не може да живеее по десетте божји заповеди
Не секој добар восководач му треба достоја армија да се спротистави. На секој голем владетел му треба непријател за да се бори против него. Така и црквата порано се борела против демоните и вештерките и муслиманството и многубоштвото..., но денес кога не го може тоа се префрли на борба против атеизмот и хомосексуалноста. Утре кога не ќе може со тоа ќе најде нешто друго. Како луѓе сме такви сакаме да се бориме и често губиме перспектива што е добро а што лошо и дозволуваме разумот да ни ја замати омразата.
 
Те молам не го користи божјото име залудно тоа ти е смртен грев.

Јбг, сеа ќе гори у пеколот -.-
Или не? Ќе се покае и гревовите ќе му се простат?
 
Те молам не го користи божјото име залудно тоа ти е смртен грев.

Името Господово може да се изговара, кога се зборува за него.

Јбг, сеа ќе гори у пеколот -.-
Или не? Ќе се покае и гревовите ќе му се простат?

Да, ќе се покае/иповеда, и ќе му се простат.
 
Името Господово може да се изговара, кога се зборува за него.
.
Да ама сум прилично сигурен не треба да се користи кога се сака да се исмее некој.
 
Го замолувам тој што ја отвори темава да не ме игнорира, и да ми ги презентира доказите од неговото истражување за постоење или непостоење на БОГ. Благодарам однапред.
 
Го замолувам тој што ја отвори темава да не ме игнорира, и да ми ги презентира доказите од неговото истражување за постоење или непостоење на БОГ. Благодарам однапред.

Прочитај го првиот пост и ќе ти стане јасно за што е отворена темата.
 
Прочитај го првиот пост и ќе ти стане јасно за што е отворена темата.
Па го прочитав и? Има докази за постоење или не постоење на БОГ? Според мене нема, а ти гледам дека си имал некое истражување и си собирал докази и си го игнорирал нелогичното верување или верување во не верување на БОГ. Па ајде да ги видиме тие докази. Уствари какви докази бре, знаеш ти големиот научник кога ќе докажеш дали постои или непостои БОГ? Кога ќе успееш да ја измериш оддалеченоста на почетокот и крајот на овој универзум, кога ќе ја измериш премериш и опишиш во концизна мерка тежината на сета материја во овој универзум. Ете тогаш ќе најдеш докази, а дотогаш си или верник во БОГ, или веруваш дека не веруваш во БОГ. Значи си еден од верниците и природниот закон важи и за тебе како и за нас останатите, ти можеш да го негираш тоа но сепак ќе постои, исто како да ги затвориш очите пред некоја планина и да тврдиш дека не постои, затоа што ти со твоите очи не можеш да ја видиш.
 
Да ама сум прилично сигурен не треба да се користи кога се сака да се исмее некој.

Името Господово се споменува во неколку случаи:
- кога се зборува за Него
- кога се зборува за делата Негови
- кога се споменува во молитва.
 
Да, ќе се покае/иповеда, и ќе му се простат.

Токму така, затоа ние атеистите пазиме шо праиме поише од вас.
Шо си напраиш за тоа си ги сносиш последиците, а вие, убиј човек, покај се, простено ти е, укради нешо, покај се, простено ти е..<3
 
Па го прочитав и? Има докази за постоење или не постоење на БОГ? Според мене нема, а ти гледам дека си имал некое истражување и си собирал докази и си го игнорирал нелогичното верување или верување во не верување на БОГ. Па ајде да ги видиме тие докази. Уствари какви докази бре, знаеш ти големиот научник кога ќе докажеш дали постои или непостои БОГ? Кога ќе успееш да ја измериш оддалеченоста на почетокот и крајот на овој универзум, кога ќе ја измериш премериш и опишиш во концизна мерка тежината на сета материја во овој универзум. Ете тогаш ќе најдеш докази, а дотогаш си или верник во БОГ, или веруваш дека не веруваш во БОГ. Значи си еден од верниците и природниот закон важи и за тебе како и за нас останатите, ти можеш да го негираш тоа но сепак ќе постои, исто како да ги затвориш очите пред некоја планина и да тврдиш дека не постои, затоа што ти со твоите очи не можеш да ја видиш.

Докази имаш колку сакаш. Само земи ја библијата или која и да било друга религиска книга и почни да ја читаш. Сите приказни ти се приказни и само тоа. А колку е бесконечен универзумот и колку тежи секоја честичка ти е физичко порашање а не религиско. Како настанал универзумот се учи во петто оделение ама изгледа ти си го пропуштил тој час.:tapp:
:pos2::pos2:

Токму така, затоа ние атеистите пазиме шо праиме поише од вас.
Шо си напраиш за тоа си ги сносиш последиците, а вие, убиј човек, покај се, простено ти е, укради нешо, покај се, простено ти е..<3

Се се простува со неколку молитви. И утре пак истото. Ама секој мора да најде како да си ја исчисти совеста. некој ќе се труди да не згреши, а друг ќе се моли и ќе греши колку што сака.
 
Во постовиве цело време читам најразлични објаснувања за и против верувањето во бог но тоа што ми е најинтересно е дека секоја одбрана за постоењето на бог се сведува на само една единствена работа, а тоа е вербата. Мене ме интересира што ќе се случи кога вербата ќе ја извадиме од равенката, што е тоа што ќе остане со религијата и дали воопшто ќе може да се најде еден доказ за сите тие тврдења без да се употреби зборот верба?

работата е сто многу ја поистоветуваат ко надеж...а таа последна умира.
 
Токму така, затоа ние атеистите пазиме шо праиме поише од вас.
Шо си напраиш за тоа си ги сносиш последиците, а вие, убиј човек, покај се, простено ти е, укради нешо, покај се, простено ти е..<3

Кога ти, како атеист, (а и другите атеисти) би „пазеле„ шо праите, тогаш Светов не би бил олку грозно место за живеење. Кога и ти, како атесит, би „пазел„, не ги грешел. А оние кои гешат, свесни се дека згрешиле, можат да се покајат и иповедаат пред Христа и да се надеваат дека ќе им биде простено. А кој им простува на атеситите на атестичките гревови? Атистите, сами на себе? Атеист на атеист, или...?
 
Докази имаш колку сакаш. Само земи ја библијата или која и да било друга религиска книга и почни да ја читаш. Сите приказни ти се приказни и само тоа. А колку е бесконечен универзумот и колку тежи секоја честичка ти е физичко порашање а не религиско. Како настанал универзумот се учи во петто оделение ама изгледа ти си го пропуштил тој.
Па ти бараше докази во нечија религија (верување) или верување во неверување (религија). Еве да прифатам дека библијата е обична приказна, како ќе ме убедиш ти мене кој што верува во БОГ дека нема такво нешто. Со друга приказна? Или со доказите кои што ги немаш? За тоа како настанал универзумот е широко прашање и порано учеле дека земјата е рамна плоча па се појавил некој лудак кој што докажал дека не е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom