Религија - вера = ?

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Во постовиве цело време читам најразлични објаснувања за и против верувањето во бог но тоа што ми е најинтересно е дека секоја одбрана за постоењето на бог се сведува на само една единствена работа, а тоа е вербата. Мене ме интересира што ќе се случи кога вербата ќе ја извадиме од равенката, што е тоа што ќе остане со религијата и дали воопшто ќе може да се најде еден доказ за сите тие тврдења без да се употреби зборот верба?
Зборот верување или верба не може да се извади од равенката. Дури и тие што не веруваат во БОГ, всушност веруваат дека не веруваат, така да нема неверници сето верници се овде :helou:.
 
Освен случаите што ги набројав предходно (повлекување на рак и сл.) најверојатно нема. Па за џабе не се вика и вера.
Ниедна паранормална појава не е докажано дека воопшто се случила.

Ама убава е вербата, убаво е да веруваме во нешто убаво, како во примеров Господ.Али еве и него го изопачивме скрос наскрос( не мислам на тебе, туку на човештвото воопшто), па и тој како појава е огрден.

Тоа што ми пречи не е вербата во бога или вербата во добра туку нафлањето на сите тие илјадници правила врз сите кои не се согласуваат со нив и осудувањата. Сега Господ како појава се користи пред се за поделба на луѓето, а не за заемно разбирање.

Зборот верување или верба не може да се извади од равенката. Дури и тие што не веруваат во БОГ, всушност веруваат дека не веруваат, така да нема неверници сето верници се овде :helou:.

Епа јас го извадив и гледаш може Sorry.:nenene:
 
Епа јас го извадив и гледаш може Sorry.:nenene:
А извини ќе може подетално да ми објасниш како го направи тоа, зошто стварно не ми е јасно.
 
А извини ќе може подетално да ми објасниш како го направи тоа, зошто стварно не ми е јасно.

Па решив да ја игнорирам и да собирам само докази. Прочитај го првиот пост ќе ти стане појасно.
 
Па решив да ја игнорирам и да собирам само докази. Прочитај го првиот пост ќе ти стане појасно.
Докази за што дека постои или не постои БОГ?
Ајде вака да ги видам доказите дека БОГ не постои.
И да ги видам доказите дека БОГ постои.
 
Зошто постоиш ти? Која е твојата улога денес?
Што логично има во твоето дело и твоето постоење?

Постојам зошто сум роден, ме родила мајками. Мојата улога е да го истерам животот почитувајќи ги сите правила и норми во моето општество.
Се она што го правам е логично.
 
Постојам зошто сум роден, ме родила мајками. Мојата улога е да го истерам животот почитувајќи ги сите правила и норми во моето општество.
Се она што го правам е логично.

Зошто сами се заглавувате во одговорите, се затворате во логиката. Многу погрешно.
 
Зошто сами се заглавувате во одговорите, се затворате во логиката. Многу погрешно.

Ти не ми одговори од вчерашното прашање "Зошто би постоел?"
 
Хахаха................................За Нас

Их, зошо постои за нас? Врз мене нема нишо напраено, ја сам си праам се шо ми треба, он нигде не ми се меша, нема потреба да постои.
Тој за мене не постои, исто ко што не постојат бои за слепите луѓе.

Едит: Те молам не ми го глуми МИКИ1 и не ми кажувај дека Бог има многу направено за мене но ја за тоа не сум свесен..бла бла бла..
 
Па шо го тапиш цело време бе ајт.
 
Бог кој ме створил од машко ребро, Бог кој одлучил да продолжи човештвото засновано на инцест(бродот на дедо Ное), пошто пази многу грешни сме станале луѓето, Бог кој не дозволува да мислиш со сопствена глава (пошто нели догма е сево ова), Бог кој вети дека ќе дојде по милениум, а го нема нигде - овој твој Бог не постои.

Луѓето веруваат во својата замисла за Бог и тоа е убавината во него, можеш да го замислиш на милион начини, а пак е Бог.
А вака , библиски, догматски институционален Бог го сакаат само лукави и егоцентрични луѓе.
Доста ја продавате вашата замислам за суровиот Бог кој ќе не спали на клада само затоа што денес и да сака човек не може да живеее по десетте божји заповеди
 
Па шо го тапиш цело време бе ајт.

Па тоа ти викам бе пријателе, ми рече дека и ја верувам во ствари што не сум ги видел, ти кажав дека верувам зашо се логични, ти рече дека е логично и Бог да пости, ја ти доказав дека не е, ти призна, и сеа се е ок. Мора малце да го тупам дур да доеме до закључок разбираш.. XD
 
Их, зошо постои за нас? Врз мене нема нишо напраено, ја сам си праам се шо ми треба, он нигде не ми се меша, нема потреба да постои.
Тој за мене не постои, исто ко што не постојат бои за слепите луѓе.

Точно дека заклучивме нешто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom