Религија - вера = ?

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Доказите најчесто се изведуваат од претходно дефинирани факти најчесто научно докажани. Многу мал број од науните докази се релативн. Но и покрај тоа ме интересира дали воопшто има некои докази без разлика колку и да се апсурдни (само да не бидат од типот имаш вера и лично искуство и прослетување и тоа ти е доказ).

Омг, секако пеер, не ми ги објаснувај тие ствари, зборуваме за " религиски докази" за нив мислев дека се релативни.
 
Во постовиве цело време читам најразлични објаснувања за и против верувањето во бог но тоа што ми е најинтересно е дека секоја одбрана за постоењето на бог се сведува на само една единствена работа, а тоа е вербата. Мене ме интересира што ќе се случи кога вербата ќе ја извадиме од равенката, што е тоа што ќе остане со религијата и дали воопшто ќе може да се најде еден доказ за сите тие тврдења без да се употреби зборот верба?
Се согласувам сосема со твоето мислење дека безверба како доказ ништо од религија, ама ми се појавиваат некои прашања што не се за игнорирање.

И душата не е докажана, зарем не постои?

Науката не успеала да докаже многу работи, па сепак се случиле. Како наеднаш исчезнува ракот кај некои луѓе, како наеднаш стануваат некои луѓе луцидни после долги години со Ајцхајмер?

Што значи дека не може да се занемари како доказ вербата.
 
Па ти веруваш на многу работи што не ги гледаш дека постојат.
Ај кажи ми каков доказ би те убедил дека постои Господ?

Токму така, јас верувам во многу работи што не ги гледам дека постојат, затоа што логички тие се реални, и не гледам причина зошто не би постоеле.
А, каков доказ би ме убедил дека постои Господ?
-Било каков.

Се согласувам сосема со твоето мислење дека безверба како доказ ништо од религија, ама ми се појавиваат некои прашања што не се за игнорирање.

И душата не е докажана, зарем не постои?

Науката не успеала да докаже многу работи, па сепак се случиле. Како наеднаш исчезнува ракот кај некои луѓе, како наеднаш стануваат некои луѓе луцидни после долги години со Ајцхајмер?

Што значи дека не може да се занемари како доказ вербата.

Дефинирај "Душа"

И, во врска со болдираното, воопшто не разбирам на што алудираш со примерот, факт е дека тоа се случило, и нема што тука да се верува или не, само не се знае како тоа се случило.
 
Логички е и да постои Господ.
 
Логички е и да постои Господ.

Зошто би постоел? Која е неговата улога денес? Што има логичко во неговото дело и во неговото постоење? И во неговата семоќност и совршеност која може да се побие со 2 збора муабет?
 
Токму така, јас верувам во многу работи што не ги гледам дека постојат, затоа што логички тие се реални, и не гледам причина зошто не би постоеле.
А, каков доказ би ме убедил дека постои Господ?
-Било каков.

Дефинирај "Душа"

И, во врска со болдираното, воопшто не разбирам на што алудираш со примерот, факт е дека тоа се случило, и нема што тука да се верува или не, само не се знае како тоа се случило.
Со болдираното сакам да кажам дека со тоа што не може да се докаже нешто не мора да значи дека не постои или дека не се случило.
Зошто ја ко што разбрав целта на темата е да се каже дека нема докази за верувањата на религијата освен вербата. И пошто вербата не може да се докаже религијата лебди во воздух.

Душа не може да се дефинира, душа може да само да се има или да се нема. Душата е тоа што останува кога телото ќе го нема.
 
Е од кај знаеш дека останува коа неможеш да ја дефинираш/незнаеш што е..?
 
Зошто би постоел? Која е неговата улога денес? Што има логичко во неговото дело и во неговото постоење? И во неговата семоќност и совршеност која може да се побие со 2 збора муабет?

Неговата улога е секогаш иста, а зошто не би постоел и за крај ни со 2мил. збора не би можел да го побиеш тоа.
Дури и најголемиот атеист на форумов со секој пост ти докажува дека постои Бог.
 
Е од кај знаеш дека останува коа неможеш да ја дефинираш/незнаеш што е..?
Епа јас мислам дека останува, ама тоа е мое мислење зошто е моја душа и јас така си ја гледам. Може не е така не тврдам.

Ти за твојата, јас за мојата и среќни сме сите:smir:

Има работи поголеми и од науката и од човекот. Не сум религиозна и не сакам да терам темава накај Библии и идеологии, ама мора да се отргнеме од тоа наше мислење дека се се врти околу нас и ние сме најголемо чудо што некогаш ќе постоело и ќе постои
. Затоа не можеме се да дефинираме и да си го ставиме во крпче,па така не можеме ни вербата ни душата да ги прикажуваме како ни одговара.
 
Неговата улога е секогаш иста, а зошто не би постоел и за крај ни со 2мил. збора не би можел да го побиеш тоа.
Дури и најголемиот атеист на форумов со секој пост ти докажува дека постои Бог.

Не би постоел зашто нема потреба да постои. Симпл ас дет..
igor108367 напиша:
Душата е една од тие работи кои се зимаат без доказ и не можат да се докажат. Но сепак е само еден поим, од друга страна религијата е составена од колекција од милиони такви поими кои заемно се составени и докажани еден со помош на друг но засебно не е докажан ниту еден.
Што се однесува до необјаснивливите појави денес за сите работи кои ги нацеде постојат десетина теории засновани на научни факти. Не е утврдено кои се точни но како и многу чуда на минатото ќе бидат обајснети во блиска иднина. Од друга страна тврдењата во религиите почнуваат да се побиваат се повеќе и повеќе станувајќи се поневозможни.

Токму така. Слепите верници го земаат Бог како аксиома.
 
Се согласувам сосема со твоето мислење дека безверба како доказ ништо од религија, ама ми се појавиваат некои прашања што не се за игнорирање.

И душата не е докажана, зарем не постои?

Науката не успеала да докаже многу работи, па сепак се случиле. Како наеднаш исчезнува ракот кај некои луѓе, како наеднаш стануваат некои луѓе луцидни после долги години со Ајцхајмер?

Што значи дека не може да се занемари како доказ вербата.

Душата е една од тие работи кои се зимаат без доказ и не можат да се докажат. Но сепак е само еден поим, од друга страна религијата е составена од колекција од милиони такви поими кои заемно се составени и докажани еден со помош на друг но засебно не е докажан ниту еден.
Што се однесува до необјаснивливите појави денес за сите работи кои ги нацеде постојат десетина теории засновани на научни факти. Не е утврдено кои се точни но како и многу чуда на минатото ќе бидат обајснети во блиска иднина. Од друга страна тврдењата во религиите почнуваат да се побиваат се повеќе и повеќе станувајќи се поневозможни.
 
Душата е една од тие работи кои се зимаат без доказ и не можат да се докажат. Но сепак е само еден поим, од друга страна религијата е составена од колекција од милиони такви поими кои заемно се составени и докажани еден со помош на друг но засебно не е докажан ниту еден.
Што се однесува до необјаснивливите појави денес за сите работи кои ги нацеде постојат десетина теории засновани на научни факти. Не е утврдено кои се точни но како и многу чуда на минатото ќе бидат обајснети во блиска иднина. Од друга страна тврдењата во религиите почнуваат да се побиваат се повеќе и повеќе станувајќи се поневозможни.
Теории може има ама не се докажани.
Не е докажан, ама не значи дека не постои. Ако се фокусираме на вербата може да се земе ко доказ, затоа што постои во секој случај, без разлика дали може или не може да се докаже, исто како и душата.
 
Точно не значи дека не постои, но не значи и дека постои. И во зависност од тоа колку позадина има во однос на докази толку повеќе може да се оправда една верба. На пример порано немало никакви лекови за сида денес има неколку различни типа со различни степени на успешност. Но луѓето знаеле дека за илјадници болести пред тоа се нашле лекови па почнале да бараат на вера и лекови за сидата и верувам јас дека еден ден ќе се најде лек.
Колку тоа можеш да го кажеш за религиите. Кои докази се за нивната верба. Кои се основите на работите во кои веруваат тие и колку тие докази се веродостојни денес?
 
Денешницата и науката колку добро толку и лошо ни носи. Да почнеме од нуклеарките- не мора више да се зборува.
Во една друга тема пишав- се додека има патила на светот ќе има и верба дека ќе ги нема. А оти ќе ги има, ќе иам и верба и религија.
Може не мора да мислат за сида, ама за труење од инсектициди по овошјата мора да се мисли нели
 
ако има материјален доказ, верувам дека за таков доказ збориш :), тогаш нема да треба вера воопшто, затоа што постоењето на Бог би било факт.

?????????????????????????????

од кај сега ваква прикаска испадна .

па прочитај Нов завет ќе видиш дека и Исус правел чудесии .....

и барал да Веруваат

и апостолите ги давале доказите ..лечеле и ќоро и сакато......

па и те како се барало од луѓето да веруваат..............

значи НЕДРЖАТ ТИЕ ВАШИ ПРИКАСКИ ДЕКА АКО ИМА ДОКАЗ ЌЕ НЕМА ВЕРА.
.
.
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ даааааааааааааа

ама како доказ за ВЕРУВАЊТО на луѓето им се барало да се откажат од имотите , куќите , злато сребро...............од се..........ТАКА ДА ЈА ДОКАЖАТ ВЕРАТА .

И ПАК ИМ БИЛО НЕПРИФАТЛИВО НА ЛУЃЕТО....
прочитај дела апостолски и од апостол павле и Исус барал од луѓето да ја докажат верата ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СЕ материјално............

и создавале кибуци - самоуправи - комуни-цркви................

ДОКАЗОТ НЕ ЈА УКИНУВАЛ ВЕРАТА .................

ПОВИКАЈТЕ СЕ МАЛЦЕ И НА БИБЛИЈАТА ....
НЕ САМО НА БАПСКИ ПРИКАЗНИ..............
..
.
де сепак .......докажете си ги тврдењата !
и ние ќе поверуваме ..........ако ни е прифатливо...разбира се .!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom