Редакција - документарен серијал на Истражувачка репортеска лабараторија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Уште една работа што некако ја заборавивме, а и ИРЛ некако намерно или не, пропуштија да ја спомнат.

Државата имаше можност да го ограничи военото профитерство на приватниве клиники, затоа и беше прогласена кризната состојба. АМА државата ИЗБРА да не се замерува со моќните сопственици на приватните клиники и не ги ограничи цените, наместо тоа ДЕМЕК требаше некоја стара систина да биде ПОКЛОН од приватното здравство на јавното. Тој ПОКЛОН никогаш не профункционира.

Така што да го обвинуваш Жан Митрев или Систина или било кој друг за воено профитерство, а да не ги ставиш на тапен сите носители на јавни функции...

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Треба да си ги средите аргументите. Нема ниту еден конкретен доказ дека наградите му се купени, иако голема полемика се отвори околу нивната кредибилност, полноважност и значајност, што удира по неговиот интегритет и реноме.

Вториот проблем во аргументите е стапката на смртност, која е 28%, а на инфективнижа е 26%! Немаме податоци за бројот на пациентите и за нивната здравствена состојба во која биле примени во самата клиника. Така сите напади, кон оваа насока, се излишни.

Најголемиот проблем лежи во тоа што немал дозвола за клиничко тестирање кое е потенцијално опасно по здравјето и животот на пациентите, и не ги известил пациентите и нивните блиски за потенцијалните ризици по здравјето на пациентот од хемофилтрацијата, за која однапред, а најчесто и непотребно, наплатувал пред пациентот да се смести во неговата клиника. Ирелевантно е тоа што, на папир, треба да претставува извесна револуција во медицината за лекување на пациенти заболени од Ковид. Тоа е противправно. Тоа не е дозволено. А тука влегува и нетранспарентноста на самата болница, што само по себе мора да има тектонски промени во самиот систем, а и драконски казни кон самиот Митрев, а една од тие е и одземање на неговата лиценца, па дури и казна затвор. Пред да нарипате, само за една лажна докторска (или ветеринарна) здравствена потврда односно уверение може, докторот, да добие неколку години затвор! Тоа е кривично дело, а интензитетот меѓу оние две кривични дела е неспоредлив. Дали е хајка или не, не ме интересира, семејствата сеуште се во црнила поради самоиницијативните противправни експерименти правени во неговата болница.

Цените се диктирани самоволно, без надзор на регулаторните тела. Тоа е потфрлување на самата Власт која не пристапи кон регулативи за цените во приватните болници, а од друга страна недоволно инвестира до јавните, кои се под директна нивна надлежност. Затоа, ни тука, не гледам негова вина, искористи можност да направи речиси 50% од вкупниот профит за оние 3 години од работењето на неговата клиника. Вината, за профитерството, лежи во власта.

Има елементи за кривично дело, чисто се сомневам дека ќе има адекватни казни.
 
Како би им правеле простор на Заев и Филипче со Ремедика кога буквално една од поентите на емисијата беше и дека ОЈО треба да отвори предмет против Венко?
Правење простор со тоа што тргаат од игра еден од главните играчи на пазарот, со што неговиот дел од колачот ќе го јадат тие и оној стумичанецон од новоотворената НИКОБ Медикал, кој воедно е и сопственик на агенцијата за обезбедување НИКОБ (она што беше СГС за Мијалков, НИКОБ е за актуелнава власт).

Класична хајка против еден од главните играчи во медицинскиот бизнис, додека истовремено во државните институции умираа луѓе за кислород, а критичните случаи ги препраќаа во приватните болници.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Чим владата уште денес на онлајн седница наредила вонреден инспекциски надзор со паролата "нема недопирливи" знајте дека ова е 200% политичка хајка.
Автоматски споено мислење:

Чим владата уште денес на онлајн седница наредила вонреден инспекциски надзор со паролата "нема недопирливи" знајте дека ова е 200% политичка хајка.
 
tl;dr

Жан митрев си ги купил признанијата од фејк здруженија.
За време на ковид почнал со експириментална терапија со прочистување крв без знаење на пациенти и наводно државни органи.
Пациентите третирани со ова развиле голем број интер болнички инфекции по кое настанало смрт.
Жан митрев наводно не го пријавил ова до надлежни институции на кој се главни лулзим тониблер и слично иако е задолжително.
Објавил и три научни истражувања за ефектите од овој третман.
За време на ковид направил профит од 17m еура.
Државата не прави ништо околу ова иако биле известени од засегнатите граѓани.

Фала! (y)
 
То е, после каса де папел следува каса де хоспиталес.

А зш го пцуеше до трето колено? На страна од коронава, тимовите од оваа болница спасија илјадници животи со кардио болести.
Со коронава, а и општо, секоја приватна болница и лабораторија се наполнија со кеш, ама тоа си беше со намера, твоите комуњарски пастири ја создадоа главната бизнис клима.
Тоа што спасиле илјадници животи со кардио болести не му дава за право да прави вакви криминали, и за татко ми да се работи ќе го колнам дури имам здив.

Муабетот со дипломите и звањата беа школски character assassination, од што уствари и се намириса позадината. Ако им беше за третманот на болните, можеа да се задржат само на хемофилтрацијата.

Терен се спрема за браќа Заеви и Филипче во Ремедика, и пак ќе кажам, мора да им се честита за одиграното вчера. Ем ја пренасочија јавноста од срањата на нивната Влада, ем си отворија пазар за идни пациенти, оти тој термит Жан Митрев од ова Господ не го враќа назад.
 
Само во пуста Македонија можи да избие ваков скандал и народот да бара рачки кој кого наместил во случајот и кој има ќар од целово сценарио.
Експерименти правеле две години со живи луѓе, ги третираа како глувци и ги фрлаа во црни вреќи како мачки не дозволувајќи им на блиските да се поздрават за последен пат со покојните, без образложение за како настанала смртта, кревале само рамена и им велеле спремајте се за најлошото а вие тука се расправате за Заеви курци палци :popce:
Абе треба кривично сите до еден да одговараат,од чистачи во клиниката па се до министри.
Во вакви околности во нормални држави излегува министерот со прес и јавно им се обраќа на граѓаните, летаат оставки и се апсат надлежни ама тука си излезе господинот со писмено соопштение и се заканува на тужби оти му се нарушил угледот
 
Човеков 25 години работи како кардиолог, милион луѓе има спасено, ама ете за Шашка од ИРЛ проблем било оти академик пишувало до името, купено било звањето, вакво-такво. Што е поентата, демек не го бива за тоа што 25 години го работи, фејк знаење има? Смешки. :D

Како што кажа членот погоре, школски пример за character assassination. Наместо да се фокусираат чисто на третманите и работата со ковидот, тие пола емисија ја искористија за оцрнување и дискредитирање на докторот и неговата стручност и звања.

Експериментален бил третманот со хемофилтрација. И вакцините беа експериментални пошто прв пат во историјата се соочувавме со ваква пандемија, па ете пак милијарди луѓе примивме вакцини.
 
Од љубов бе да не ги спаси? Државата му помогна да стане тоа што е денес…
Хајка викате против него а уствари Филипче и овој шипото го покривале односно иако имало пријави не го чепнале
Ама стварно по што згрешил он само за грдни пари си правел експирименти, земи од пациентите лажи ги дека тоа им е спасот па земи од американциве за да имаат пристап до резултатите и пуна капа
 
Луѓето потполно заборавија каква беше ситуацијата на почетокот од ковид не само кај нас туку и низ целиот свет. Едноставно не постоеше терапија, се беше експеримент. Ако цепидлачиме ќе треба пола доктори низ цел свет во затвор да лежат заради форсирањето нс вентилатори на самиот почеток, бидејќи по се изгледа тие направиле поголема штета.

А први на чело треба да бидат политичарите со нивните бесмислени карантински мерки кога затвораа здрави луѓе и насила им го уништуваа здравјето.
 
Тоа што спасиле илјадници животи со кардио болести не му дава за право да прави вакви криминали, и за татко ми да се работи ќе го колнам дури имам здив.
Автоматски споено мислење:

Тоа што спасиле илјадници животи со кардио болести не му дава за право да прави вакви криминали, и за татко ми да се работи ќе го колнам дури имам здив.
Не негирам што се случува околу ситуацијата со ковид, тоа треба да се провери и за се што згрешиле да одговараат.
Она што мене ми боди во очи е: како истото е изведено, и уште побитно - кога истото се прикажува (оттргнување на внимание од тоа што го прават со Бугарија, момент кога една од конкурентските болници е купена од картелот Заеви).
 
А шо со вниманието, месеци, години не трујат со Бугарите, готово се потпиша нема враќање назад, мислиш му е гајле за вниманието на народот, не му е, ги заболе стап.
Знајме зошто сега му туркаат сандук, тоа мене не ме засега, ме засега кој се бил вплеткан во тие скандали и сите до еден да се обелоденат, нека одговараат за геноцид, и тие и оние кои не знаеја инфузија да наместат а камоли да лечат од корона, секоја чест на тие исклучоци кои животот го оставија за да спасат животи.
 
Епа еве не кажуваат кој бил вплеткан, ако кажуваа неместо да дрндаат 45 мин за еден човек ќе излезеа со цела листа кој се бил вплеткан од државно, кој од приватно, како им било компензирано и тн.
 
Човеков 25 години работи како кардиолог, милион луѓе има спасено, ама ете за Шашка од ИРЛ проблем било оти академик пишувало до името, купено било звањето, вакво-такво. Што е поентата, демек не го бива за тоа што 25 години го работи, фејк знаење има? Смешки. :D

Како што кажа членот погоре, школски пример за character assassination. Наместо да се фокусираат чисто на третманите и работата со ковидот, тие пола емисија ја искористија за оцрнување и дискредитирање на докторот и неговата стручност и звања.

Експериментален бил третманот со хемофилтрација. И вакцините беа експериментални пошто прв пат во историјата се соочувавме со ваква пандемија, па ете пак милијарди луѓе примивме вакцини.
Vakcinite pred da bidat pushteni vo upotreba bea klinicki ispitani prvicno na mala grupa lugje, pa pogolema grupa lugje, pa tek togash pushteni vo upotreba. Pred da se vakcinirash, potpishuvash soglasnost. Vo dokumentarecot, ima uzhasni obvinenija deka takvite klinicki ispituvanja bile sproveduvani bez znaenje na lugjeto, shto e prakticno nedozvolivo. Ako e ova vistina, navistina e nodzvolivo i mozhe da se sporeduva so zlodelata na Josef Mengele. No, dali e toa vistina ili ne, ne samo za klinickite ispituvanja tuku i za celoto diskreditiranje vo odnos na negovite tituli, ne mozhe odma da se soglasime. Odgovornite treba da si ja poteraat rabotata.

Znachi dokumentarecov e brutalen prikaz na nefunkcionalnosta na sistemot i haosot vo koj se brkame site, i ko pacienti, i ko semejstva na pacientite, i ko zdravstveni rabotnici. Ova, e samo mala nishka od seto ona shto navistina se sluchuva, ne samo vo privatnoto ami i vo drzhavnoto zdravstvo.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom