Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
На крај добра предност, али не тереша натпреваров баш сјајно.
Уште зависиме од Миркуловски. Огромна разлика во играта кое е тој на терен. И овие 8 разлика ги направивме во последни 15мин кога тој беше на терен. Кире дали се штеди али е далеку од тоа што го знаеме
И пак се поставува прашањето за составот. Зошто го нема Серафимов кој напаѓачки е класи над Јагуриновски и сигурно ќе имаше 2-3 гола. Ако е Томи земен тактички за одбрана, можел да влезе место Младенови или Митев на кои очигледно не смета сериозно, сеуште.
И зошто форсираме подмладување каде нема потреба. Зошто се форсираат Цветан и Костевски кога не се најсигурни реализатори. А не е дека нема замена за нив, на прва тука се Палевски, Шилегов, Никола Костевски кои имаат зглоб и не шутираат бековски.
Судииве приказна за себе. Очајни али непристрасни :). Ракотеа непотребен црвен, нам чист гол ни поништија...
Сума сумарум одличен резултат. Талевски препороден после Дејвис.
Со концентрирана игра 60мин имаме добри шанси со Чешка
 
Добро е што направивме поголема разлика, не игравме одлично, имавме и добри моменти но исто имавме и лоши моменти.
Делува дека Цветан Кузмановски ја изгубил самодовербата која ја имаше на натпреварот со Словенија на кој ни остави најголем впечаток.
Талески одличен, така треба да продолжи...браво!
Голема е разликата кога Миркуловски не е на терен, одма се чуствува некој пад во играта и успорување.
Кире не е на нивото на кое беше порано, сигурно годините си го направиле своето. Но, и на 40 години е втор најдобар стрелец на натпреварот со 7 постигнати погодоци.
:oeoeoe:
 
Овие стварно им е комплекс да изгубат од нас во било кој спорт. Дури и во кошарка (кај што се катастрофа Романците) се жалеа, пискаа дека губеле, дека требале да не победат.
Што очекуваа, кога овде требаше +10 да биде (без разлика што си замислува Пасквал дека не бил реален резултатот и дали било +1 или +2 во некои моменти)? А коментаторот на МТВ убаво кажа како било на тие квалификации за ЕП 1998 кога играле во Орадеа, Романија, и кога било фрлано со вода, со парички, со шишиња, се со цел да надокнадат разлика - што не им успеало тогаш. Па фер-плеј уште! :icon_lol:
 
mak-romanija-17-03-2022-7-4-of-8.jpg


Која фаца ја напраил Наумче овде...
 
Одличен меч, и повеќе од задоволен сум со резултатот. Она што ме нервира и загрижува е што и покрај се носители на играта ни се Кире и Миркуловски. Ај Кире ок, ама Миркул? Не ти е срам бе Кузмановски? Жими се еј, ја има топката у себе Кузман и знаеш дека или ќе шутне исфорсирано 10 метра над гол или ќе напраи грешка у пас. Иновативност 0, идеја 0, памет 0. Тале се пушти вчера, КОНЕЧНО на 26 години, ама не би брзал со заклучоци околу него зашо ова може да е и блицкриг па од следната да се врати по старо. Издиша малце на крај, оправдано секако пошо игра во 2 правци. Мора и бековите и крилата да имаат повеќе дрскост и муда и за пас и за шут, нема да бидат вечни Кире и Миркуловски.

Имавме малце среќа што тој 17ката изеде црвен иначе алфа и омега им беше у прво, горостас со топовски шут. Ваљда ќе бидат доволни овие 8 разлика иако не смеат ни да помислат да се опуштаат и да мислат дека е готова работата. Се знае дека највеќе внимание треба да обратиме на нивните бекови, средниот и левиот особено зашо ако добро приметив на десен бек со деснак играат, едно дебело друже што шутираше у трибини цел меч. Крила немаат, транзиција немаат така да ако ги спречиме бековите проаѓаме без фрка.

Иначе да го пофалам Митрески, одлично бранеше вчера.
 
Очекувана победа, со добра разлика доволна за мирен реванш утре, 8 разлика се повеќе од солидна предност за да се помини Романија, нека почнат да се спремат за Чешка.
Околу утакмицата не се палите на Талески, ваква утакмица нема изиграно од почетоците во Металург, прва ваква му е времиња, да не дојди пак ЕП/СП па да плукате :D
Фитиљо и Митревски топ, ја прикажаја само формата од клупско ниво, Миркуловски не се научи да шутира никогаш, ама за да изнуди пенал или исклучување е махер, 3-4 пенали беа по негова заслуга ! Одличен...
Мора да се напомени и Павле Атанасијевиќ, многу добар во дефанзива, особено кога го пуштија да игра напред на 5-1 зона, искина детето не го остај тој средниот да мрдни, цело време во чекор, во напад и немаше многу шанса, стално заменет беше... :aplauz:

Ме загрижва лево крило, она ко ќе речат спортски го "пуштија да изгори" е то му се деси на Цветко, освен на првиот меч со Словенија, се наваму игра многу лошо, нема самодоверба детето се изгуби, потона, исто и во Пелистер 2 го пратам, не е истиот Цветан од пред ЕП каде беше непогрешлив како од крило, така на конри, па и пенали. Сега и таму секој пенал скоро му е промашен, во контрите сам со голман не е сигурен, ептен се смена, лошо му влијаат тие останати 2 меча со Црна Гора и Данска каде имаше премногу промашувања....
Требаше можи Маџовски да го врати за овие 2 меча, после повредата и слаб и тој имаше многу промашвања и зицери и претходно, ама сега барем Боки си ја врати препознатливата игра во одбрана, гризи во одбрана, многу корисен, за Гоце Ојлески исто, со право го вратија, последно време одлично игра и за Пелистер.


п.с. Ебати атмосферата во сала, кога еден никаков спикер со пубертетски глас, бара поддршка од трибините и тој целиот збунет, па овде под притисок да се играше преку 10 разлика ќе го јадеше Романија, многу театрално, мора репрезентацијата да игра дел од натпреварите и во другите градови, штета шо не добива поддршка националниот тим како шо треба.
 
п.с. Ебати атмосферата во сала, кога еден никаков спикер со пубертетски глас, бара поддршка од трибините и тој целиот збунет, па овде под притисок да се играше преку 10 разлика ќе го јадеше Романија, многу театрално, мора репрезентацијата да игра дел од натпреварите и во другите градови, штета шо не добива поддршка националниот тим како шо треба.


Цело време за ова се труби, дека атмосферата не чинела. Ко божем у Битола ултраси сте сите и ќе има бакљада у сала. Исто ќе биде и тоа е тоа. Едино првата утакмица у друг град може би била добра, бидејќи ќе бидете загреани пошо е еднаш у 10 години, ама да ги заредите и вие, исто ќе биде после. Плус игравме против Романија, а не против Германија/Данска/Шведска или којзнае кој.

РФМ треба да си поработи на промоција на спортот, вчера освен тие што пратат малку од малку ракомет, никој не ни знаеше дека се игра.
 
Тале изигра добра утакмица, ама не е исто да играш против трета класа репка ко Романијаи втора репка ко нашиве кај што ќе се мачи или прва класа ко Данска, Франција кај ќе биде невидлив.
 
Познавајќи ја репрезентацијата каков менталитет има со години нема да ме чуди во Романија да го разбраниме нивниот голман и некаде околу 40та минута да дојдеме до -3,чисто малце да ни се стресат гаќите и да си ја одржиме традицијата дека неможе лесно да поминеме. :D

Шала на страна вчера одлична партија изиграа,посебно Талески и Кузмановски,конечно ги исполнија очекувањата што им се наметнуваат од цела јавност.
Талески си ја врати формата што ја имаше во Металург пред да отиде во странство,очигледно му одговара играње во домашни клубови и ако е паметен ќе си остане во иднина во Вардар.
Фитиљот конечно проигра,изнуди неколку пенали,7 гола даде,во одбрана солиден итн.Одма се приметува кога некој играч има минутажа во клубот.
Кире и Жути се толку фалени низ годиниве што веќе не знам што да пишам за нив,на 40 години гинат за репрезентација,ретко која држава може да се пофали со спортисти што толку придонеле за репрезентација,во било кој спорт.
Останатите горе-доле стандардно вака си играат,Митревски добар на гол пикерите исто солидни,штета што ќе го немаме Столе наредниве години,стварно многу ќе фали и не знам дали моментално имаме играч што може добро да покрие на пикер,барем 50% како Столе да брка работа добро ќе биде.
Ќе остане цел товар на Пешевски така ми изгледа.

Се на се добра претстава од нашиве,кога ќе победиш со 8 разлика не може многу мани да де наоѓаат,се надевам на победа и во Романија. :oeoeoe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom