Каква брука...
Второ полувреме не постоеа никој,''Македонскиот бомбардер", "Новиот Кире Лазаров" не се виде денес 0/10 шут имаше,катастрофа ако од него очекуваме да биде лидер на репрезентацијата,го дигнаа у облаци уште непочната кариера,незнам дали притисок имаше или што беше ама ова бе...па ако има трема на ваква утакмица што ќе биде кога ќе игра во сениорска.
Централен блок не постои,како сакаат се шетаа Аргентинците,цела одбрана колективно дупки.
Во напад второ полувреме топка да не се можело во раце да се држи,па ја незнам што да збориме веќе кога вакви работи се случуваат,да се извади статистика на изгубени топки во гинис ќе влезат.
Брестовац исто ја засра работата 100 играчи изврте на лев и среден бек,плус никаква акција не склопија цела утакмица.
Карапалевски би го пофалил барем се бореше покажуваше желба за игра,само толку му е силата,цела игра ни беше ако направи некој вишок добро ако не фрли ја без врска.
Костески стандард добар си е,единствена светла точка денеска,исто и Кизич нешто покажа,ама без никаква одбрана толку може.
Другиве нека не се ни мачат понатаму во кариерите,се таква градба и конструквија може само во младински категории да играат,додека им е време нека земат факултет да учат или да си бараат друга работа само ќе се брукаат во ракомет.
Мелоски,Џигероски и компанија бекчиња...Каде бе со таква градба ќе играте бек,оф лелелел,па замислете овие да влезат со сениори да играат,против некои двометраши у одбрана,еден удар ќе се распаднат на терен.
Исти Велковски и Филип Лазаров.
Незнам во младински категории како одредуваат кој на која позиција ќе игра,ама добро бе кај се виделе бекови со 175 висина и 60 кила,со никаква брзина продор,асистенција итн.
Да се надеваме дека ова беше еден лош ден само,притисок,лоша среќа и сл.
Само нека не очекуваат публика на другите утакмици,голема шанса пропуштија,добиен натпревар им испадна од раце.
ОЧАЈ!