Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Каква РФМ каков бакрач се знае ние дека ни еден пренос неможе да реализираме
на ИХФ имате како и за претходното првенство до 21
 
Овој е официјалниот канал на IHF. Мислам дека има live-stream на сите натпревари.
 
У прилично лоша игра (вероватно очекуем многу повеќе од кадетиве, посебно против Арг) имаме +4 на полувреме што е одлично. Многу лошо полувреме за лидерот на генерацијава (Серафимов) кој утна се што можеше. Да се надеваме дека ќе се опраи и второ. Вероватно е почетен притисок као лидер, па не може да ја подеси тоа глаата на права фрекфенција.
 
Стандарден губитнички македонски менталитет. Освен Костески, Кизиќ и до некаде Симоноски другите не смеат ни преодна оценка за мечов да добијат.
 
Каква брука...
Второ полувреме не постоеа никој,''Македонскиот бомбардер", "Новиот Кире Лазаров" не се виде денес 0/10 шут имаше,катастрофа ако од него очекуваме да биде лидер на репрезентацијата,го дигнаа у облаци уште непочната кариера,незнам дали притисок имаше или што беше ама ова бе...па ако има трема на ваква утакмица што ќе биде кога ќе игра во сениорска.
Централен блок не постои,како сакаат се шетаа Аргентинците,цела одбрана колективно дупки.

Во напад второ полувреме топка да не се можело во раце да се држи,па ја незнам што да збориме веќе кога вакви работи се случуваат,да се извади статистика на изгубени топки во гинис ќе влезат.
Брестовац исто ја засра работата 100 играчи изврте на лев и среден бек,плус никаква акција не склопија цела утакмица.
Карапалевски би го пофалил барем се бореше покажуваше желба за игра,само толку му е силата,цела игра ни беше ако направи некој вишок добро ако не фрли ја без врска.
Костески стандард добар си е,единствена светла точка денеска,исто и Кизич нешто покажа,ама без никаква одбрана толку може.

Другиве нека не се ни мачат понатаму во кариерите,се таква градба и конструквија може само во младински категории да играат,додека им е време нека земат факултет да учат или да си бараат друга работа само ќе се брукаат во ракомет.
Мелоски,Џигероски и компанија бекчиња...Каде бе со таква градба ќе играте бек,оф лелелел,па замислете овие да влезат со сениори да играат,против некои двометраши у одбрана,еден удар ќе се распаднат на терен.
Исти Велковски и Филип Лазаров.

Незнам во младински категории како одредуваат кој на која позиција ќе игра,ама добро бе кај се виделе бекови со 175 висина и 60 кила,со никаква брзина продор,асистенција итн.

Да се надеваме дека ова беше еден лош ден само,притисок,лоша среќа и сл.
Само нека не очекуваат публика на другите утакмици,голема шанса пропуштија,добиен натпревар им испадна од раце.

ОЧАЈ!
 
Катастрофа селекторот нека си даде оставка ништо ново се како пред сто години ракомет плус селекцијата на играчи дискутабилна за совети и тајмаут во пресудните моменти ќе почекаме утре со ваква игра нема победи

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Брееј...изгледа ќе се посереме на првенствово со лаган пораз во нокаут фаза (....ваљда нема да отпаднеме уште у групи бе? :oops: :unsure: )
 
Кратко и јасно, очекувам многу подобра игра во продолжение на првенството.

Прв натпревар, нервите и притисокот проработеа (пред се кај капитенот). Немаше никаков ритам натпреварот - не убија со исклучувања во прво полувреме и мислам тука ја пропуштивме шансата да се одлепиме трајно. Мислам дека малку не секоа и двете брзи исклучувања на Кондев, по што место 5-1 која ни е стандардна одбрана на оваа генерација, моравме да се вратиме на 6-0. Вториот клучен момент беше некаде во средина на второто полувреме, кога Брестовац отиде со екстремна ротација на бековските позиции на 5 разлика. Јас не сум против ризикување и ротација (долг е турнирот треба свежи играчи), ама сепак ова беше прв натпревар, Аргентина се покажа дека не е наивен противник, преголем непотребен ризик ми се чини беше тоа. Брзо ни се вратија во тој момент и потоа се влезе во тесна завршница што со оглед на возраста и прититсокот, беше предвидливо дека има големи шанси да ја загубат. Особено кога главниот бек не може ништо да погоди.

Нападот во принцип е појака страна на оваа екипа, одбраната е таму каде што може да чкрипиме, и во таква ситуација недозволиво е во последните ~20 минути да дадеме само 4 гола.

Како и да е, еден натпревар, во турнирски систем, не мора ништо да промени овој пораз. Треба без да размислуваат на поразот премногу да одат напред!

П.С. Што е право и Аргентина одигра сосема солиден натпревар, да не испадне дека сами само се победивме. Со ваква игра има големи шанси да ги добијат сите освен Данска во групата(што нас сега апсолутно не ни одговара).
 
Минатото лето, кога оваа генерација беше на првенството во Грузија пишував дека најголема слабост е немањето на саглам лев бек, истото го мислам и сега. Не може да го посочуваме Серафимов дека одиграл слабо кога нема кој друг да повлече ако он нема ден. Истото се случуваше и во Грузија, само што не му се случи да има до толку слаба партија како вчера.

Младеновиќ сега за сега не покажува ништо за мене, не ме импресионираше ни на турнирот во Бугојно. Не знам зошто толку Брестовац се плаши да проба со Ѓорѓиев? Не може играч како Каковски да добива минутажа пред него.

Џигероски е многу паднат! Како скроз друг играч делува од она што го покажуваше минатото лето, далеку потечна игра покажавме со Карапалевски како организатор. Кога сме кај него, го испофалив у сала за доброто прво полувреме и во второ ме демантираше за сите пари. Премногу лесно се решаваше за пасови кон Симоноски во ситуации кога беше чуван од тројца аргентински играчи. Ако си организатор на играта не значи дека треба по секоја цена да пробаш да проиграш соиграч и да не размислуваш за тоа дали истиот има реални шанси да стигне до неа.

Замената на десен бек Лазар Ников не ни вреди да ја коментирам. Со таа градба на тело евентуално да се проба како пикер може. До толку ли немаме некој друг играч на оваа позиција?

Враќањето во одбрана после изгубена топка исто така многу слабо. На моменти споро и речиси секогаш конфузно и неорганизирано како да не се знае кој играч каде му е местото и кој кого треба да превземе.
 
Последно уредено:
21 Кој игра кај нас ? Ликот во неколку ситуации буквално се влечеше во одбрана оставаше огромна дупка што Аргентина знаеше да ја искористи. Е од такви пуфли ми се повраќа да гледам помлади генерации, па и постари ма да кај постариве се среди тоа више малце од малце мрдна менталитетот кај овие уште е присутно тоа гледам :/
 
Вчера делувавме као тотално аматерска репрезентација која залутала на СП. Мене највише ме погоди немањето желба, мотив.. Затоа Столе Стоилов е еден и единствен, а затоа и Вардар е еден. Не знам дали само јас ја приметив куроболката на малиов Серафимов. Па тоа на моменти изгледаше као- ма што ако не стигнаа никад нема да не победат, или па има време до крај пак ќе си напраиме разлика. Видлива беше спората игра на нашите и немоќта да одговорат на аргентинската одбрана која се движеше доста брзо и успешно покриваше и подизлезена на бекови и назад пасови до пикер. Ние бевме спори и обични вкрстувања при кои требаше да обезбедиме полесни позиции за бековите, па сето тоа некако идеше многу тешко, немаше никаква течност и имаше доста обиди од неизградени позиции. За Серафимов пак ќе кажам, нормално е да имаш и слаб ден, посебно ако противничката одбрана посебно е фокусирана на тебе и ја има прочитано играта, ама незалагањето е иритантно. Друга прича е тоа што ( како што спомна некој погоре) немаме квалитет на бековска линија кој може да превземе доколку е отсечен Серафимов. Брестовац и неговото губење на тактичко технички план е посебна прича. Се едно те исто, гледа дека аргентинците ја имаа простудирано играта и немаше никаква промена. Некоја извежбана акција, утрчување од крило, нешто што Вардар често го користи во својата игра. Сакам да верувам дека ова беше само еден лош ден на нашиве, меѓутоа не сум баш сигурен во тоа. Мислам дека тука има голем недостаток на модерен ракомет, Мислам дека сме далеку и конституционо, па и тактички од модерниве репрезентации. На пример вчера една Аргентина ни одржа часови како треба да изгледаат модерни вкрстување, со која брзина треба да се изведуваат тие движења, а нашиве беа успорен филм. Топка сама паѓа од раце, вкрстувања два на саат. Епа не може така да се игра. Жално е што секогаш кога имаме добра шанса да направиме успех на домашен терен ние така лесно ја фрламе у ветар. Сеа ги пере само еден брилијантен натпревар против Данска и победа! Ама за да се случи тоа мора да се променат 95% од стварите на вчерашниот натпревар. И да, голема пофалба за Ненад Костески, малиот е профи на своја позиција, да имаме на другите позиции бар пола од него на коњ сме. Исто пофалба и за Кизиќ. Се надевам ќе успеат да се дигнат од срањево у кое сами се ставија иако сега ќе биде скроз тешко.
 
Зашо на официјалната страна на првенството нема линк од Македонија-Нигерија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom