Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Главната работа дечките ја завршија во Скопје, освоија бодови и може без притисок да влезат во дуелот во Рејкјавик. Но од друга страна Исланд игра бледо, со огромен притисок за бодови, така што е одличен момент Македонија да им врати за дел од сите оние порази во баражите во 2000тите.

За првиот натпревар што да се каже, толку добар натпревар одамна не одиграле нашите. Освен Манасков сите останати одиграа на високо ниво. Ретко кога толкав голем број на играчи имале свој позитивен придонес во играта. Затоа дојде и резултатот. Исланд беше тотално надигран. Според мене резултатот и не го изразува целосно односот на теренот. Според играта едно минимум 7-8 разлика требаше да биде. Во позицион напад, Исланд беше тотално неутрализиран. На пасивен напад од никакви ситуации со многу среќа извадија 4-5 гола.

За Раул е рано да се даде оценка, но позитивно е што доста разумно и без бесмислени експерименти и потези го испланира натпреварот. Ротации, тактика, се имаше смисла и беше доста коректно одработено (а некако се навикнавме тренерите да си имаат свои каприци со некои играчи).

Искрено моето очекување беше дека за победа репрезентацијата ќе мора да добие соодветен придонес од помладите (Талески/Кузмановски/Нелоски). Сите одиграа на високо ниво и резултатот е евидентен. Едноставно сите "дупки" кои ги има екипата во последниве години се пополнија со нивниот придонес.

Денес растеретено, и со ладни глави и да се надеваме на нови бодови :)

П.С. Успешно деби имаа во Борис Трајковски, па ајде да ги приложам за среќа :)

eagi6h.jpg
 
Гнасите од МТВ ќе имаат проблем со трасатa 10000000%
 
Излези на бековите бе,алооо,посебно на Гудмонсон,5/5 има тикварот.
Абе ајде еј,Гудмунсон,мрш.:eek:
Остави го тој пикерот со репчето,колку гола ќе закуца?
И тој детиште е,не е Сораиндо.
Без врска сами си упропастуваме добра партија во напад,а ништо посебно не се Рибарите.
Се насила, и користат шанса шо имаат непречен шут кон гол.
И одбраната ни чкрипи,премногу простор сс остава,а не смее да е така,за 6-0 зона.
Ама јебига,освен за 6-0 неаме играчи за друг вид одбрана,Жути мора да се чува повеќе за напад.
Треба сеа Кузмановски да го уфрли на лев,престатична ни е таа страна,се изгуби Талески,освен тие први две асистенции ништо не сработивме,додуша даде Жути еден гол од таму ама тоа беше рандом ситуација.
Мора да изротира Раул,барем сеа имаме суртуци за лев бек да покријат,доста со тој Раде се вадевме.
 
6/6.. Си гази орката
 
Дај бе нека го тргне Столе од одбрана, не избушија од кај него.....
 
Очекуван пораз, битно барем гол разликата да ја задржиме не ќе е лошо.

Пак ние си ја имаме судбината во наши раце со 2 победи до крај идеме на ЕП, не е лоша работава ајде.
 
Кога се следните 2 ?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
И на крај најболно изгубивме :tapp:

Утакмицава ја изгубивме во 3 кобни минути. :toe:

Прописно не избушија од кај Столе, но среќа имаме тренер овојпат место инает со наочарчиња, па го извади Столе и го стави Нелоски таму, и многу паметно им кажа да се местат на пробивања, имаше 2 пробивања кои судиите не ги досудија, тек третото го досудија мамичетомамино.

Но тогаш се упропастивме у напад, мајмунот ни даде 3 од гол на гол и тогаш го пуштивме мечот низ вода.

Како во старите добри времиња во напад игравме пак без лев бек. Тројцата суртуци со име Филип скроз неспособни денеска. Талески за грев, Кузманоски беше ко уплашено детише, Лазаров класика... И Кире заспа у второ и само со Миркуловски нормално дека не можеш да победиш.

Штета, затоа што со бод од ова гостување ќе си чекиравме пласман на ЕП.

Од преостанативе една победа земаме сигурно, ако се подобри играта и двете ги тепаме.

И да, Драгче и Стерјов го отупеа со тоа зошто не игра Манасков у второ, сеа гарант кројат некоја теорија на заговор.
 
Пак со Чесите одлучувачка у Борис хахахах :D

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Не мора да значи. Со победа во Украина и Чесите да си ги тепаат дома Исланд ќе бидеме пласирани пред тој последен дуел
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom