Епа нека открие борко бе брат ? Кога веќе почна да ги јаде гомната нека ги изеде до крај.
И нека кажат играчите ако не ни ги дадете парите НЕ,И-ГРА-МЕ и крај,а не онака да го трауматизираат народов ко вчера.
Нека се расчисти се,нека кажат и Кире и Наумче зошто мора нивните браќа да играат во репрезентација кога очигледно го немаат потребниот квалитет.
Нека каже Кире зошто не му одговара Лино Червар да биде тренер на оваа златна генерација ? Зошто нема да може Кире да биде Coach/Player/Captain/Јеховин сведок/Борец за човекови права ?
Мене ни Вујо нема да ми смета,одличен тренер,ама на Кире ни тој нема да му одговара.
Мора да престанат и од Металург да ги јадат гомната само за играчи на Вардар,ок изиграа добро само Митревски и Манасков,ок преќути си. Ама од друга страна со право бараат одговор од Шутко зошто Гоце Георгиевски не игра во тимов ??? Темелков моментално ништо не е подобар од него плус игра во бедна лига а Гоце кине и во СЕХА И во Л.Ш......златко нејкам ни да го спомнам.
Кај нас едина трета страна во федерација што може да ги расчисти гомнава би бил некој од Пелистер,АМА..........
И уште еднаш ќе кажам,на ваква генерација,да не и дадеш вистински тренер,да не ги играш вистинските играчи е жално. Нема да ме изненади егзотичните португалци и дома да ни го мавнат скалпот,за Шпанија да не зборам 2/2 порази.
То је то, нема маж што ќе пресече.
Како прво федерацијата е прекорумпирана, а главата смрди од Начевци. Михајло порано исто правеше далавери, нема да погрешам и ако речам дека Прилеп на ракометен план згасна ради Михајло и Начевци поради тоа што судиите му помагаа на Вардар во секој меч на Тутунски па чашата беше прелиена кога изедоа ќотек како магариња. Со Пелистер воглавно вината е во нивни редови, ама и они имаа судиски неправди порано во дуели со Вардар, ама бар сите знаеа и не се извртуваше вистината во медиуми па на крај они да испаднат криви.
Михајло со тек на време се смени, човекот не се меша многу освен што го заеба Минчо во трката за претседател на РФМ во 5 до 12

Е од тогаш почна нивната битка од која трпат сите, а најмногу репрезентацијата.
Само ради таа функција. Е сега кој како ќе си одреди кој е поголем виновник.
Според мене Михајло не се замара повеќе, си вложува во Вардар, медиумски воопшто не се експонира, никогаш како клуб не сме излагале сосоопштенија контра противниците (освен кога ја прелеаа чашата со праќањето на инспецкија и тајното купување на Додер) и кога ќе му заврши мандатот СИГУРНО ОТСТАПУВА.
Незнам зошто толкав страв кај Минчо, ги фати судиите, ги фати делегатите, Начевци ако видат пари ќе муја цицаат душата ама ќе бидат на негова страна, едноставно Михајло и да сака НЕМА ТЕОРИЈА пак да биде претседател и самиот го знае тоа.
Од Металург кочат многу работи во репрезентацијата,. може не Минчо директно ама луѓето како Чокрев , Левче итн, искрено поголеми апаши од Начевци се тие за мене.
Прво не дозволија играчи на Металург да тренираат во репрезентација во времето на савевски и директно влијаеа врз лошите резултати во тој циклус. Лино беше печен за селектор се беше договорено, ама пусто да не отидат натамошните заслуги на конто на Михајло го уништи планот.
Михајло не заслужува да биде претседател. Он не прави ништо во РФМ освен што зима пари.
Михајло направи многу за Вардар, со него Вардар стана клуб, со него достигнавме 3 полуфиналиња во Европа, ради него имаме највеќе трофеи во купот и првенството, и стварно јака му душа што во ваква ситуација кога има моќен лик како Минчо на другата страна дава доста пари во Вардар, ама за чело на РФМ не е...
Минчо ќе издвои многу повеќе финансии за репрезентацијата, и онака се има во негови раце, ама истото може да го направи и сега, народот знае кој е спонзор, знае дека Чокрев е во репрезентацијата главен итн, ама пусто...
Нешто од моја гледна точка кое немора да значи дека е вистина, и
не го пишувам пристрасно туку само е мое размислување.
Има многу небулози во пишувањата на статиите на сајтот на Металург.
Интересно е кој го прави составот?
Ќе има ли маж што ќе излезе да каже?
Кире и Наумче ургираат за браќата, ама остатоков од тимот кој го бира?
Неможе да се бунат осд Металург кога цел нивни тим е таму. Вистина најдобри се, 90% од играчите заслужиле да се тука, но имаше и многу нелогични избори.
Митревски се покажа одлично, секоја чест ама дали во прв момент заслужи повик? Дали е логично да повикаш играч кој не игра воопшто пред Златко Даскаловски кој има одлична сезона во Ловќен?
Дали е логично Милан Левов да е земен како десен бек, човекот што не заиграл оваа сезона?
Мите Стоилов повреден цела сезона добива место пред Кукоски кој игра стандардно во Вардар?
За Фичо и Златко знаеме...
Некои прашања заслужуваат одговор, а одговорот треба да го даде тој што ги одбрал. Металург се жали на одвраниот состав а сите нивни играчи се таму, што значи дека самиот ЧОКРЕВ замешал прсти во изборот.
Зошто Георгиевски не беше земен за во Португалија а играше одлично во Скопје со Швајцарија?
Желба на Наумче, или пак уште еден трик на Чокрев за да се направи раздор во селекцијата, директно поткрепено во смешната статија.
Многу прашања, нема маж што ќе одговори ебате јунаците...
Јас да бев играч досега 30 пати ќе кажев се и сешто, а не ќе почнат да зборат и ќе останат недоречени. Од кого се плашат толку не ми е јасно...