Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,4%
  • Неам Појма

    Гласови: 19 4,4%

  • Вкупно гласачи
    436
Дали некој има добар стрим за да го изгледаме крајов Веспрем - Пик Сегед?
 
http://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/Izjava_08_05_2017.pdf

Доста интересно сооштение од РФМ. Особено овој дел:

"Ракометната Федерација на Македонија нема инструмент да реагира на примената на нееднаков аршин од страна на ракометните авторитети кога станува збор за меѓународните натпреварувања, но ќе реагира во домашни рамки. Во претстојниов период, ќе направиме анализа на актвностите при телата на ЕХФ и ИХФ на нашите делегирани претставници и доколку има потреба, ќе побараме од УО при РФМ да се направи ревизија на пријавените службени лица од Македонија во ЕХФ/ИХФ за наредната сезона."
 
Добро бе луѓе, што се дешава со Полска ? 1 бод имаат од 4 утакмици во овие квалификации.. Имаат јаки играчи кој им курац?
 
Добро бе луѓе, што се дешава со Полска ? 1 бод имаат од 4 утакмици во овие квалификации.. Имаат јаки играчи кој им курац?
Распад систем пољаците после Европското, Дујшебаев си даде оставка мислам. Во тежок канал се влезени

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Имаа јаки играчи. Речиси сите играчи кои им беа носители на играта низ годиниве се повлекоа од репрезентацијата. 90% од играчите сега им доаѓаат од домашната лига, неискусни се и доста млади со исклучок на неколку како Јахлевски, Храпковски и Герак. Талант исто така се повлече пред некое време, актуелен селектор е тренерот на Висла.
 
Добро бе луѓе, што се дешава со Полска ? 1 бод имаат од 4 утакмици во овие квалификации.. Имаат јаки играчи кој им курац?

Им остаре генерацијата која ги издигна и неизбежно им следуваше распад систем. Во последните 10 години (под 30 год моментално) скоро и да немаат извадено квалитетен играч. Syprzak, Daszek, Paczkowski и Moryto - далеку од некаков си европски врв каде што беа претходно.

Слично нешто и нас може да не снајде за година-две ако не испадне ништо од овие нови генерации (96-00).
 
Просто неверојатно е како Кина изгубила од Фарски острови. :LOL:
Farski.JPG
 
Просто неверојатно е како Кина изгубила од Фарски острови. :LOL:
Прегледај го приврзокот 172866

Хехе мене и не ме чуди баш. Искрено јас очекував/очекувам Фарски острови со Турција да се бори за титулата во ова натпреварување.

Можеби е мала држава, ама сепак е Данска колонија, има традиција за ракомет. У21 ќе им игра на светско во Алжир како и нашите.
 
Хехе мене и не ме чуди баш. Искрено јас очекував/очекувам Фарски острови со Турција да се бори за титулата во ова натпреварување.

Можеби е мала држава, ама сепак е Данска колонија, има традиција за ракомет. У21 ќе им игра на светско во Алжир како и нашите.
Абе океј е се, ама чудно ми беше како Кинезиве толку милијарди народ да ги тепа Фарски острови со едвај 50 000. :D
 
Абе океј е се, ама чудно ми беше како Кинезиве толку милијарди народ да ги тепа Фарски острови со едвај 50 000. :D
Што те чуди, очекуваш некаков си ракомет од луѓе со просечна висина од 1.60?
 
Не знам баш каде е најсоодветно место за ова затоа и ќе го ставам во оваа тема. Не може и не смее еден портал посветен на спорт како што е gol.mk да си дозволи да објавува вакви глупости! Имено, на 14-ти април Охрид му беше домаќин на Вардар во Билјанини Извори. Во 58-та минута од мечот при водство на Вардар од 14 разлика влезе во игра Даниел Андоновски, 15 годишниот син на Горан Андоновски кој е тренер на Охрид. По неколку секунди од влегувањето на игра даде гол.Gol.mk излегува со следново http://www.gol.mk/rakomet/daniel-andonovski-debitira-na-15-godini-i-mu-dade-gol-na-golemiot-vardar.

Значи пазете, на 2 минути до крајот на утакмицата при водство на Вардар од 14 голови каде што ниту еден од играчите на Вардар не се ни движеше во одбрана туку само стоеја, гол.мк пробува да го продаде целиот момент како да се случило којзнае што! И истото дете (или било кое да е) ќе направи 18-19 години, ќе го одберат за У21 репрезентација, ќе излезе да игра против една Хрватска и нема да знае топка да води. Да не се разбереме погрешно го зимам детево како пример, ниту знам колкави и какви му се можностите ниту ништо. Истото се случуваше со Талески, истото се случуваше со Нелоски и со кој уште не! Тоа што ќе дадат по некој залутан гол на веќе готови мечеви не ги прави таленти. Билик и Нилсон на 19 години се носители на играта на еден бундеслигаш како Кил, додека нашите се губат на терен.

Ова е пракса која што мора да престане и мора да се искорени. И не е само гол.мк, истото го прават и 24ракомет и сите други спортски портали, редакции, весници итн. Глупаво е и контрапродуктивно. Води само кон дополнително разочарување како кај играчите така и кај публиката односно јавноста.
 
Просто неверојатно е како Кина изгубила од Фарски острови. :LOL:
Прегледај го приврзокот 172866
Фан фект: Ерменија даде ЕДЕН ГОЛ ЦЕЛО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ!! Ја искрено не памтама нешто вакво да се случило..

За квалификацииве:
Лол, Русиве очај...нерешено со Црна Гора.. :facepalm:
 
Има пренос некаде на турнирот во Струга?

Греота е да нема... Ај што е турнир со голема традиција туку и учествуваат 3 македонски екипи: Металург, Охрид, Струга...
 
Ako ima nekoj neka stavi link za sledenje na mecot na metalurg
 
Новата ЛШ со 12 екипи, од 2020 година
Полека се расчистуваат облаците околу новата формула по која ќе се игра Лигата на шампионите. Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер прашан на оваа тема изјави дека ЕХФ заедно со клубовите работи на формирање на Европска лига во која ќе има 12 клуба. Истовремено ќе се формира и Втора Европска Лига во која ќе има 24 екипи и која ќе го замени ЕХФ Куп.

Промена е што овие две Лиги ќе рофункционираат во 2020 година, а не следната сезона како што се најавуваше.

Сето ова уште не е аминувано, можно е да има и промени, пред се во бројот на екипи што ќе учествуваат во Првата Лига, но штом ЕХФ веќе го направил есапот, малку што работи можат да се променат. Се заговара Лига со 16 екипи, но бројот на натпревари и вака е проблем за врвните екипи што тешко дека ќе се согласат за уште 8 натпревари плус. Но, тоа останува отворено, засега бројката е 12.

Целата оваа приказна тргна со незадоволството на екипите од парите што ги добиваат, па сега ќе се смени и тоа. Наградниот фонд за првата година ќе биде 6 милиони евра, за втората би требало да биде 15. Освен ова клубовите ќе имаат 40 % од маркетиншките права за натпреварите што ќе ги играат на домашен терен.

Македонија во моментов има два клуба со доволно висок рејтинг да играат во овие лиги. Но, доколку Самсоненко си замине од Вардар како што најави и сосема извесно сегашниот Вардар претрпи големи измени, тогаш прашање е дали ќе имаме клуб во елитните 12.

http://www.g-sport.mk/vest-statija/51381/novata-lsh-so-12-ekipi-od-2020-godina
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom