Гумерсбах сам се победи, 30 од 38 голој ги примија од дупката помеѓу 4, 5 и 6 во одбрана, левиот бек си трчаше од лево до скроз десно и голој си даваше без проблем, над 20 технички грешки од брзање и шо ги фати нервоза уште првото полувреме. Ни еден играч ништо не покажа. Посебно Роганович, прв пат го гледам си мислев кузнај каков играч е. А тој маџар невиден. Само трча и ја пука топката дали ке оди вгол или над гол 5 метри нема гајле, само да ја лупни без врска. Одбраната тапа, еднаш не видов да скокнат да пробат блок да напрат. Единствен шо покажа нешто беше Душејбаев ама скроз го затворија, не можеше да мрдни, на секој напад по 2 пати фал му праеa.