Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
Ова на Вардар треба да му е златна шанса за бесплатен скаутинг, собирај младите тука пред нос ти се и потпишувај ги на повеќегодинеш договор, не верувам дека некој би го одбил Вардар. После и да ги продадеш ez money ти се тоа.
 
Тие знаат да бидат незгодни за носење, дури и сениорите тешко се убедуваат за трансфер во Европа, ама ако има можност секако, Египет има сериозни таленти последниве години не само од оваа генерација. Треба да се растрчаат клубовите.

Ако има можност вреди да се разгледаат и средниот бек и пикерот на Јапонија. Изгазија цело првенство и со европско ракометно школо може да бидат опасни.
веројатно за истиот и ја мислам 7мицата Јасушира :D пивотов незнам баш има предиспозиции некако е доминантен над врснициве на подолг рок не би рекол дека ке го бидне
 
Еј, навистина, ама ич не Ве разбирам! Овде луд ј... збуњеног 100 %.Па до вчера јадевте бурек како нашите млади талентирани играчи немале соодветна минутажа, а сега дај млади белосветски таленти да ги првиме ѕвезди! Алооо, каква корист ќе има МК ракомет од оваа ГЛУПОСТ што ја пишите.
 
2-3 таленти да земиш е далеку од земање на минутите. Има екипи, има простор за сите таленти, проблемот не се вакви засилувања, проблемот се сите оние просеци ветерани странци кои земале пари и минути низ годините. Овие трансфери се со цел да продадеш понекој играч ако го развиеш за да си направиш поодржлив бизнис модел. Плус бидејќи се млади се евтини во меѓувреме.

Да не зборувам што на младите наши играчи им треба сериозна минутажа во ЛШ и СЕХА, само со домашно првенство пак ќе бидат зад нивните врсници од Бундеслига, данска лига, француска лига и уште неколку првенства кои се појаки од нашето.

Проблемот е што кај нас има екипи кои порадо странци би развивале наместо домашни таленти. Не е проблемот да замениш ветеран странец со млад талент како што направи Бутел пример во моментов (особено што игра на позиција каде што и онака немаме особено таленти).
 
Последно уредено:
Vardar ima pogolemi ambicii od razvivanje mladi talenti seedno nasi ili stranski. Neka razvivaat drugi, koga ke dojde vreme ke igraat vo Vardar, razvieni.
 
Во лигава има простор за таленти да играат колку сакаат и наши и странски,само проблем е што на тие "таленти" побитно им е да земат пари отколку да имаат минутажа.
Во Струга,Охрид,Пролет,Бутел сите форсираат млади играчи,незнам само колку ги пратите.
Само што сите млади играчи се летаат во Металург,или сега во Работник мислејќи дека таму којзнае каква минутажа ќе имаат и демек поголем напредок.
Грешката ја прават младите играчи кај нас што многу рано се решаваат да одат во странство и мислат дека се созреани играчи,плус медиумиве ќе ги направат ѕвезди...
Според мене таква грешка направи Талески,чист пример како не треба да се прави,во прва прилика ја здува за Германија и...Скапува на клупа таму,никаков напредок нема.
Се надевам дека истата грешка нема да ја направи и Кузмановски со одењето во Магдебург,ама се ми се чини дека како имењакот негов ќе заврши давајќи пешкири на клупа.

Младите играчи кај нас се дури и премногу исфорсирани а нема некој резултат,еве Металург цела сезона играше и во Сеха и во Лш со млади наши играчи па не стана никој играч нешто посебно.
Ако е добар играчот нема потреба од "форсирање" кој е квалитетен ќе си исплови на површина.
 
Абе тие таленти шо ги нарекувате наши шо играле по Струга,Охрид итн нема аир од нив ја да ви кажам пошо не ги бива одма се познават од кој мојт да излезит нешто .
Пример Костески се виде дека детево има квалитет и одма беше селектиран од Загреб и искина на првенствово,за разлика од неговиве врсници кои ке скапаат по екипи од Македонска лига и главен трансфер ке им се по Австриска лига,Франција 3 и Германија 2 лига. Друго кај нас дури созреат играчиве мора да направат над 25 години до тогај се таленти и млади надежни играчи да незборвам за непрофесионалниот однос кој го имаат и условите за тренинг во помалите клубови , да треба да се стремат да играат во клубови кои ке имаат минутажа и квалитетни натпревари кај шо може да напредуваат и најдобар избор им беше Металург дури беше Червар таму после тоа тотален распад и таму
 
Во лигава има простор за таленти да играат колку сакаат и наши и странски,само проблем е што на тие "таленти" побитно им е да земат пари отколку да имаат минутажа.
Во Струга,Охрид,Пролет,Бутел сите форсираат млади играчи,незнам само колку ги пратите.
Само што сите млади играчи се летаат во Металург,или сега во Работник мислејќи дека таму којзнае каква минутажа ќе имаат и демек поголем напредок.
Грешката ја прават младите играчи кај нас што многу рано се решаваат да одат во странство и мислат дека се созреани играчи,плус медиумиве ќе ги направат ѕвезди...
Според мене таква грешка направи Талески,чист пример како не треба да се прави,во прва прилика ја здува за Германија и...Скапува на клупа таму,никаков напредок нема.
Се надевам дека истата грешка нема да ја направи и Кузмановски со одењето во Магдебург,ама се ми се чини дека како имењакот негов ќе заврши давајќи пешкири на клупа.

Младите играчи кај нас се дури и премногу исфорсирани а нема некој резултат,еве Металург цела сезона играше и во Сеха и во Лш со млади наши играчи па не стана никој играч нешто посебно.
Ако е добар играчот нема потреба од "форсирање" кој е квалитетен ќе си исплови на површина.

Се согласувам дека некои од младите грешат што премногу рано одат во странство. Таму не се вложува многу во нивен индивидуален напредок или си веќе готов производ и ти фали само искуство или ќе си ја сакатиш кариерата. Ама уште поголема е грешката што се форсираат да одат во клубови во кои не играат.

Тука пред се ја утна Талески. Го зеде клубскиот пример на Манасков и на Борко А на пример многу подобар пристап имаа Томовски и Пешевски.

За Кузмановски ќе видиме. Тајмингот мислам дека му е правилен. Клубот ена граница на добар и опасен избор. Во принцип како 4та опција ќе ја почне сезоната на лев/среден бек во Магдебург, а и 3цата пред него реално не се многу подобри играчи за да не може да ги победи. Би требало да е во ротацијата уште од старт а според подготовките и солидно се наметнува. Ми се чини дека добро ќе се покаже овој трансфер.
 
По стоти пут се става на маса прашањето за форсирање на млади македонски таленти во Вардар иако милијарда пути е дискутирано за тоа. Еве, лично јас поставив прашање кои од младиве таленти на СП е ваш пик за транфер у Вардар ( притоа мислејќи и на мак.ракометари секако ако се таленти и кадарни) и одма добијаш коментар какви небулози пишувате бла бла, како ќе се развијат македонскиве ракометари ако нашиве зимаат млади странци. Абе нашава земја главен извозник на млади таленти, расадник шо да ти кажам, еве чекаат на врата се потепаа нашиве клубови за нив. Абе кога на еден Бутел прв пик му е нигериски бек ( и ќе бидам реален со право) тогаш јасно ти е колку е саатот. Тотално безвезни обвинувања на сметка на македонските клубови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom