Radiohead

creep - 49,841,583 views
touch me (bonus od mene i ppl r strange) - 32,473,377 + 6,525,178 views
call me maybe - 524,593,384 views
 
И мене ми се пред Дорси, и можеби нема некоја тежина мислењето ми, ама голем фан сум исто и на Дорси..

Бијонсе, fake plastic trees a :) Едвај те препознав на фб, инаку добредојде во клубот, ќе те рачунаме за мајци принтање да знаеш. :pos: Заразена си сега, се дур секоја ебена песна не ти биде хит, нема откажување, барем така сме сите ние тука. Џанаци. Знаат да бидат емо, факт, да не се лажеме ама фучат, факт, да не се лажеме. :D

Сакам да знам да свирам на пијано!


Енџру, ного си ми секси брад.
 
Тоа за субјективното, ОК, разбирам. :)

Но, ова за бројките не е никаков интересен податок. Лешоски е почитан од Бодлер во Македонија. Тоа не е интересен податок, поразителен е. (само споредба, без навреда)

Инаку, смешно ми падна што напиша 90тите (и доста надуено). Добро знаеш дека 90тите беа години на Indie и Grunge музиката, Pearl Jam, Nirvana, Sonic Youth, Alice in Chains итн. Редиохед во 90тите се ветар во магла, да не се лажеме... :)


Болдот не ми се ништо подобри, озбилно најозбилно :) Соник се стара генерација 80-ти и не ги чепкаме.


Инаку споредбата, ајде нека остани како таква, нема да ја коментирам. Звучи интересно, али содржински е ептен различно. Првин ако тргниме од меинстрим и комерцијалноста, имаме прв основен елемент кој ја исклучува натамошната дискусија околу таа споредба. Барем тука се далеку од комерцијални, или поточно и не се многу слушани, зато шо им биле тешки. Е ова е одговорот кој го слушам ептен често, и од позери и од хипстери па и од луѓе кои слушаат класика. Што подразбираат под тоа тешки не знам ни јас, дали ептен мешани звуци, дали премногу експериментирање, дали гласот на том, дали криците кои ги вади џони, појма немам, или пак сето.
 
Ја па незнам зашо Рејдиохед се сметаат мејнстрим, фучат гитара и рифови, стануваат популарни - следен албум пијано ориентиран, исто добар фидбек и место втора шанса за молзење - следен албум електроника, фантастичен фидбек и место да заработувааат ко луди - следен албум бесплатен за симнување. Големината на бендот е тоа што експериментира и не се алчни, затоа Колдплеј, Мјуз и сличните никогаш нема да бидат големи.

А, единствен бенд што дозволувам да го споредат со Рејдиохед, или оправдано да кажат подобар - се Pink Floyd. Никој друг.
 
Meне лично ми е најзаебана тема за праење муабет. Тема кај шо не можам да се доискажам или да речам тема во која играта со зборови никако не ми е доволна. Шо и да напишам како да не ми е е доволно добро, како и најсовршена комбинација на зборови со кои би доловил нешто кое сакам да го произнесам за бендот да ми е слаба, млитава.

И имам размислувано на нештово и сум дошол до заклучок дека единствено на оваа тема од цел универзум теми можам да се доразберам максимално со некој кој го има истиот впечаток околу бендот, исто соживување. Дека само тој ме разбира шо сакам да кажам оти истото го доживеал. Дека само нему нема да изгледам смешно, емовски, патетично, депресивно копиле кое глуми лудило, а нема намера да глуми. И тука доволно е само една реченица-Те разбирам брат шо мислиш. И не треба да прам муабет :) Е то ми фали во дискусијата околу бендот и првиот пасус кај шо пишував за комбинацијата на зборови. Како сакате наречете го, чувство, емоција, соживување, а јас ќе го наречам обична морница, оти нема да згрешам во тој термин.

Дали нештово од мал силно се заѕидало во мене уште кога ги слушавме на касети, дали по природа сум таков, дали уживам во тие интересни и тешкодефинирани депресивни, па радосни, па пак депрессивни вибрации, абер немам.
И се имам прашано дали ако сега почнував да го слушам бендот ќе го доживеев на ист начин или не?Дали ако пред година дена го слушнев гласот на Том ќе мислев, еби се педер, ептен си нежен, пискав, не си за мене. Дали ако пред година дела слушнев да речеме Pyramid song ќе речев, шо се чаламат овие, зеле наопаку дрнкаат и чинат хорор музика. Пак појма немам.

Џабе прам муабет.........да послушаме тро.

3:52 е тој момент, таа едноставна гитара која е технички во минус бесконечноста на онаа Пинк Флојдовската, но од друга страна греби внатре, пара, па има своја тежина.
Појма немам....

 
Болдот не ми се ништо подобри, озбилно најозбилно :) Соник се стара генерација 80-ти и не ги чепкаме.


Инаку споредбата, ајде нека остани како таква, нема да ја коментирам. Звучи интересно, али содржински е ептен различно. Првин ако тргниме од меинстрим и комерцијалноста, имаме прв основен елемент кој ја исклучува натамошната дискусија околу таа споредба. Барем тука се далеку од комерцијални, или поточно и не се многу слушани, зато шо им биле тешки. Е ова е одговорот кој го слушам ептен често, и од позери и од хипстери па и од луѓе кои слушаат класика. Што подразбираат под тоа тешки не знам ни јас, дали ептен мешани звуци, дали премногу експериментирање, дали гласот на том, дали криците кои ги вади џони, појма немам, или пак сето.
Друга ми беше поентата со набројаните Nirvana, Pearl Jam и останатите, но ако продолжиме ќе ја удавиме темата... Батали. :)

Скромен придонес од мене:
 
A, вака не. Многу ќе се расправаме.

Не ти наметнувам мислење или да пробувам со факти да те побијам. Првите ми се пофеноменални од вторите, а и тие и тие ми се феноменални. Само те чепнав оти ни дојде ко хејтер тука.

:icon_lol:
 
Не знам шо вика, ама сигурно е нешто за хипстерлко на плух.

547242_606788426061764_2117079892_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom