Radiohead

Ја од неодамна се запознавам со Radiohead, се поише и поише ми се допаѓаат :)
 
Шо албум преслуша? Или песнаш шо ти оставила впечаток?

Kid A целиот, предобар ми е, инаку од песни I might be wrong, Reckoner, Lotus flower, Justи уште три четири (сеа за сеа.) :) Имав некоја предрасуда дека се за хипстерчиња, безвезни.. Ама грешка сум била ^^
Све ќе им преслушам сеа!
 
Си почнала одма ти од најјакиот :D (по мое е тоа, другиве не се согласуваат, делиме различни мислења).
Kaкви хипстерчиња, тие се една од поубавите работи од 90-ти наваму што излегле во музиката, ако не и најубава. Обично кога преслушуваат луѓево на почеток, тргнуваат од постарите албуми како полесни, поакустични и алтернативни. Kid A, Amnesiac, Hail to the thief се поелектронски и експериментални, но носат страшна тежина во себе. Ok Computer е преокеј албум такоџе, воедно се појавува во ,,дебатата" на глобално ниво како еден нивните најдобри албуми. In Rainbows има страшни песни, иако на почеток ми беше потешко да го навикнам, али сега сум со мисла дека растура ито ептен.

A пак ова е најјаката песна одбрана тука (мнозинството кое го сочинуваме тројца членови, јас, wot, Io Sono Interista) Другите или не се согласуваат со нас, или се согласуваат ама мудро молчат, или не се поризнесле.

Мм, ја имам чуено :) Убава стварно! Ама некако највеќе за уво ми запна I might be wrong :D Досеа, нали :)
Треба да преслушам повеќе па ќе ви се придружам у неисцрпните дискусии :D
 
На пример, и пред The Doors ? :)

Абе види можиме да ги оценуваме генерално, а можиме и субјективно.
Ако тргнам генерално и ако речам Radiohead се подобар бенд од Дорс, че ме напрат будала.(и ваљда така е)

Ако тргнам субјективно би рекол дека се, од едноставна причина што независно од тежина на текст, порака, влијание, период на дејствување, квалитет на поединци, мене ми чинат најголемо задоволство од сите бендови, можат да ме кренат до таван, па да ме акнат од патос, па пак да ме кренат, па пак да ме акнат и така во период од 10 минути, да ми измешаат внатрешни бранувања како ниту еден бенд. И то е себично и то можи да е неточно, оти е субјективно нели, себично е, пристрасно е, и тргнува од тоа како му биле најпогодени на турвиор.

Од друга пак страна интересен е еден друг податок кој сега го проверив, што секако не е никаков репер,туку е само интересен податок.

Radiohead - 4 204 753 слушатели на винамп во светско ниво
Doors - 2 828 516 слушатели во винамп на светско ниво

Па тек ако ги убациме Флојд во дискусијава, ќе завршиме работи :)

Ме сфаќаш. Јас можам да речам за мене се најдобар бенд, во глобала ако сакам да бидам пореален, непристрасен, не се :)
 
Од друга пак страна интересен е еден друг податок кој сега го проверив, што секако не е никаков репер,туку е само интересен податок.

Radiohead - 4 204 753 слушатели на винамп во светско ниво
Doors - 2 828 516 слушатели во винамп на светско ниво

Ме сфаќаш. Јас можам да речам за мене се најдобар бенд, во глобала ако сакам да бидам пореален, непристрасен, не се :)
Тоа за субјективното, ОК, разбирам. :)

Но, ова за бројките не е никаков интересен податок. Лешоски е почитан од Бодлер во Македонија. Тоа не е интересен податок, поразителен е. (само споредба, без навреда)

Инаку, смешно ми падна што напиша 90тите (и доста надуено). Добро знаеш дека 90тите беа години на Indie и Grunge музиката, Pearl Jam, Nirvana, Sonic Youth, Alice in Chains итн. Редиохед во 90тите се ветар во магла, да не се лажеме... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom