Не знам како е со Коузон во Скопје, јас аплицирав преку Велес, и ако немаш работно искуство тие ти прават лажно CV, за да имаш поголемо работно искуство, зошто речиси сите компании бараат работно искуство над 2 години во областа за која аплицираш. Потоа ти даваат обука да учиш, и со таа обука те спремаат за преелиминарно и главно интервју. Јас аплицирав некаде крајот на Октомври, пред 2 недели поминав преелиминарно, минатиот викенд бев на тренинг два дена во Скопје, а вчера бев и на главно интервју кое се надевам го поминав зошто така ми изгледаше таа што ми го праваше интервјуто, ептен беше фина. Аплицирав секако за нешто пониска позиција во ресторан (snack attendant), па како што ми кажаа ако работиш како што треба вториот договор веднаш добиваш повисока позиција. Не аплицирав за повисока позиција затоа што како прво сега на ова главно интервју немаат потреба за повисоки позиции и не се знае кога и дали ќе имаат, а како второ Royal и Celebrity за ass waiter бараат да знаеш и втор јазик.
да така е ,искрено и јас малку го зачинив резимето , јас бев на 13 септември на прелиминарно интервју во Коузон во Скопје после кој знае колку време откако аплицирав,некаде јули месец,ако не им се јавев јас ,прашање беше дали и ќе ме повикаа, ми рекоа дека ми беше загубено сивито некаде демек .... бев кај таа една Александра Симоновиќ, дали може асс келнер ,па дечко требало искуство,она тоа,па шо е апејтајзер ,дали тоа знаеш,не знаеш , англиски супер ме провери ,ми понуди Рум аттендент (да чистам соби,демек гарантирано 1300 долари) а бакшиш немаш од прв ден ... ок ајде ... и ги чекам еве 3/4 месеца да ми се јават

....
поразговарав со полно луѓе ,Тончи , другариве мои Дејан и Димитар ,едниот на Карневал,другиов од основно заедно ,на Селебрити .... ми викаат оди Мајоми ... ајде нема проблем, ништо лошо да аплицирам и кај нив ... да бркам работа преку двете агенции истовремено ... така и направив .... и искрено криво ми е шо преку Мајоми не аплицирав првиот пат , далеку пофини и порелаксирано , отворено ми викаат ,абе нема врска искуство , ЛАЖИРАЈ дека имаш , нашминкај , така и направив
однесов се шо треба , ама сум заборавил уверение на англиски преведено сосе апостол (печат) специјално позади ... и им однесов ... абе ќе ти кажат се шо треба у Мајоми , кој и да сака нека иде кај нив ... вака така направи,цаки , трикови се ти кажуваат
иначе еве шо треба кај нив
уверението треба и на македонски и на англиски (специјално со апостол ехехе) ...