R.I.P. музичари

  • Креатор на темата Креатор на темата Mesaja
  • Време на започнување Време на започнување
Прва точка: Не, единствена трагедија во музиката би било исчезнувањето на самата музика, или било какво оневозможување да ја слушаме.
Втора точка: Ничија, секој правец си има повеќе претставници, и секој придонесува...една загуба не е ништо.
Трета точка: Со никого не сум се знаел лично, па да ме погодило во срце, цело потресување за смртта на некој непознат е народски кажано трескање од земја.
Точка икс: На многу музичари кои си заминале во екот (или пак залезот) на кариерата, смртта само им додала светлина на ѕвездата, примери се Кобејн, Тоше, Џексон.
Точка ипсилон: Умираат и актери, умираат и спортисти, умираат и политичари, и писатели. Умираат луѓе, да. Па не се потресуваме многу.
 
Имам доживеано и знам колку боли. Кога сме веќе кај Тоше многу од македонците, повеќе од јасно е дека ги погоди неговата смрт. Исто како за Елвис иако тогаш не сум ни била родена ама сум слушала на колку луѓе им било тешко и колку болно ја примиле веста. На некои овие трагедии им имаат извршено еден вид влијание на правците на музиката што ги слушаат.Јас нигде не посочив дека животот ќе ти се смени тотално. Точно е дека знам од документирани емисии или од клипови, но и мн луѓе што успеале да ги фатат овие музички имиња ги гледале само на телевизија, па сепак ги сметаат за трагедија нивната предвремена смрт.
Битно е што во целава тема нема толку компетентни личности (освен ако е член Драган Б. Костич) па за да каже збор два од негово гледиште за целава ситуација што е наведена.Другото се ќе биде ветер во магла.Освен ако цело време се вртат муабети за Тоше и Џексон за кои што сите видовме и слушнавме :smir:
 
Обичните луѓе не се доволно вредни за да бидат жалени па ке изразуваме тага кон познатите музичари?...

Поентата на постот не беше тага или жалење. Според мене често извршува влијание смртта на позната личност врз некои обични луѓе. Како ?
Имав другарка која на 15 години се заинтересира за смртта на Курт Кобејн и за неговиот музички правец .Читаше истражуваше и оттогаш почна да ја слуша се пронајде на некој начин себеси. Значи не е муабетот починал човекот сега ајде да плачеме сите. Него нивното влијание после смртта ширум светот особено кај младите.

Џејмс „Џим“ Даглас Морисон
jim_morrison_big.jpg

роден е на 8 декември 1943 година.
бил пејач, текстописец, писател и поет од САД. Роден бил во Мелбурн, Флорида, и бил водечки вокал и текстописец американската психоделична рок група The Doors, и важи за еден од најхаризматичните лидери во историјата на рок музиката, а и воопшто. По потекло Ирец.
kJFjkqx4V7vd4wuqyo1iJimMorrison.jpg

Неговата музика во групата The Doors е една од највлиателните не само од музички аспект, туку и од начин на живот, будење на свста на населението против системот. ( ова ми беше поентата неговото влијание во времето кога бил жив и после неговата смрт)
Џим студирал во филмска академија во Лос Анџелес, но никогаш не ја завршил, автор е на документарни и кратки филмови но ин а спотовите за песните „The Unknown Soldier“ и „People are Strange“. Исто така е автор на неколку книги со поезија една од најпознатите му е книгата „An American Preayer“. Кариерата ја завршва со албумот „LA Women“ издаден во Април 1971 и се сели во Париз со својата сопруга - Памела

jim_Morrison_pamela_courson.jpg


Смрта на Морисон во Париз ги запрепастила неговите обожаватели ширум светот.Според некои умрел во својот стан во преголема надозираност (сигурно) , нчинот на кој настанал смртта, тајниот погреб го зголемувал сомнежот кај обожавателите.... Закопан е до еден голем писател - Оноре де Балзак
Умрел на 3ти Јули 1971 на 27 догишна возраст
R.I.P Jim
Jim_Morrison.jpg
 
Смрта на Морисон во Париз ги запрепастила неговите обожаватели ширум светот.Според некои умрел во својот стан во преголема надозираност (сигурно) , нчинот на кој настанал смртта, тајниот погреб го зголемувал сомнежот кај обожавателите.... Закопан е до еден голем писател - Оноре де Балзак
Умрел на 3ти Јули 1971 на 27 догишна возраст
R.I.P Jim

Јас имам слушнато дека Џим пред смртта имал концерт и на крајот од концертот ја прашал публиката нешто како: "Ако има некој што може да ми каже како (или каде) можам да најдам мир нека дојде после зад сцената (или така нешто)". И сите мислеле дека тоа е дел од шоуто... за по неколку саати да сфатат дека Џим, иако во екот на славата, сепак навистина немал душевен мир и затоа се предозирал после концертот :(
 
Фалко (1997 - со џип се заби во автобус)
Екатерина Велика (1994-2002 комплетна постава од 5 члена е покојна...претежно од дрога)
 
Моцарт...каков виртуоз бил, а погребан во заедничка гробница:nesum:
 
Тупак Шакур дефинитивно.

Замислете, да беше жив сега музиката во Америка и пошироко ќе беше во сосема друг правец - Барем рапот:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
А и повеќето новокомпонирани песни на MTV немаше да ја имаат оваа содржина. Тој директен ефект на Фарел Вилијамс и компанија идиоти ќе беше значително намален ако не и целосно СРОЗЕН од него и неговата издавачка куќа.
 
Ми се чини дека е дупла темава, не гледам многу разлика со оваа: http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=5622

Тоа модераторите ќе си видат. Ја за секој случај ќе се цитирам:

Не сум ја видел темава порано, добро е што некој ја извади на површина. Се мислев да спомнам неколку музичари кои оставиле белег, но се решив да напишам по некој збор одвреме-навреме, за по еден музичар во пост.

Ќе почнам со дечково:

0811835170_large.jpg



Без никакво сомневање, еден од најголемите на сите времиња, мајстор кој си поигруваше со звуците и со зборовите и направи песни кои покажаа неверојатна издржливост на тестот на времето. Дете кое порасна во многу тешко детство: татко му го напуштил како мал, мајка му го напуштала многу пати пред да погине во сообраќајна несреќа... Сето ова не го спречило Ленон да се посвети на музиката и истата да ја измени од корен.

За време на Битлси, Ленон прерасна од момче кое пееше тинејџ - песнички до човек кој заедно со Пол Мекартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар ќе ги направи некои од најдобрите албуми на сите времиња. Sgt.Peppers Lonely Hearts Club Band и ден денес важи за најдобар албум на сите времиња според најголем број од листите кои кружат по интернет, додека 4 до 5 албуми на Битлси се наоѓаат во најдобрите 20 на сите времиња. Ова беше воедно и време кога музичкиот свет го зафати нешто дотогаш невидено, а медиумите го нарекоа Beatlmania.

Но Ленон во Битлси и како соло музичар се две сосема различни работи, а народот најмногу го запамети и го засака по второто. Во неговата соло кариера тој созреа како музичар и на светот му подари вистински химни како Imagine и Give Peace a Chance. Оваа втората посебно ја разбесни администрацијата на претседателот Никсон, затоа што постана анти-воена химна која демонстрантите ја пееја на протестите барајќи да заврши војната во Виетнам.


Како се радикализираа протестите и паднаа првите жртви, Ленон, кој стана активист за мир, наеднаш стана закана за властите во Америка. Омилен помеѓу народот, нив ги зафати параноја од неговата најава дека ќе пее на споменикот во Вашингтон заедно со толпата демонстранти. Така започна битката за негово прогонување од Америка, во која владата се обиде да го избрка засекогаш, во меѓувреме следејќи го со возила и упатувајќи му закани. Досието на Џон Ленон во ФБИ достигна околу 700 страници, од кои 20-тина сеуште се водат како top-secret и ФБИ упорно одбива да ги објави. Неодамна излезе и документарен филм "US Vs John Lennon" кој зборува за ова, еве трејлер:


Џон Ленон судски ја доби битката со властите, но набрзо потоа беше убиен од Марк Дејвид Чепмен на влезот во хотелот во кој престојуваше во Њујорк. Приказната се заврши со тоа дека Чепмен бил ментално растроен и така му текнало да го убие Ленон. Неговата смрт предизвика шок во Америка и во светот, ТВ програмите насекаде се прекинуваа за да се објави веста. Можам да замислам што би било кога во тоа време би имало Интернет, видовме како изгледа и тоа неодамна.

Постхумно, освои Греми за албум на годината, за албумот Double Fantasy, кој го издаде на само 2 месеци пред смртта.



Има луѓе за кои може да се пишува до бесвест и назад. Јас ќе скратам тука за да не бидам премногу досаден.

R.I.P. Johnny
 
Москри локо Пајдоман , мозокот на Прти Бее Гее . . .
Ех, да ти ебам дрогата и све околу неа . . .

25.08.2005 , уште малце па 4 години без кримосот . . .
 
Моцарт дефинитивно и Тоше Проески шо умре многу млад.Џон Ленон исто,тој беше чоек во години ама многу глупо умре таков генијалец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom