_The Great_
Il Genio
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 5.955
- Поени од реакции
- 3.318
Моцарт...каков виртуоз бил, а погребан во заедничка гробница:nesum:
Сите уметници во тоа време биле третирани исто, по нивната смрт после одредено време луѓето почнале да ја препознаваат генијалната вредност на нивните дела.
Инаку смртта на Тоше Проески ја сметам за лична трагедија, иако слабо ја следам македонската поп музика, Тоше отсекогаш сум го сакал и почитувал поради неговите предобри особини да не ги набројувам сите знаеме кој беше Тоше. Се разбира неговата смрт претставува и дефинитивно најголема трагедија во македонската музика. Македонската музика изгуби огромно богатство со загубата на Тоше, човекот кој ги правеше најголемите хитови кои луѓето искрено ги сакаа и следеа.
Некои велат дека ваков човек се раѓа на 100 години, јас велам дека човек како Тоше во исто време фантастичен музичар и личност нема да се роди никогаш. R.I.P Тоше.
Исто така голема трагедија во музиката претставува смртта на Курт Кобејн, еден од моите најомилени личности во светот на музиката, ако не и најомилен.
За 5 години постигна огромен подем и огромна слава, со рифот за Smells Like Teen Spirit го означи почетокот на деведесетите. Имаше огромно влијание врз гранџот и дефинитивно гранџ музиката ќе доживееше огромен подем доколку Курт не завршеше трагично. Човек со таков слух, харизма, глас, во исто време виртуоз на гитара, текстописец и композитор тешко дека ќе се најде, затоа и ја постигна таа слава за толку кратко време. R.I.P. Kurt.