Друже, немој да ме сфатиш погрешно не те гонам по темиве и не ти водам инает за џабе. Темава ти е катастрофално поставена уште во старт.
Да, во право си Queen се група за која вреди да се пишува. Но, зошто ти не си напишал нешто за нив? Ако ги толку почитуваш, барем ќе си пишал нешто повеќе за нив за да членовите кои се запознаваат со легендиве, да се заинтересираа повеќе за нив.
За групата нешто повеќе. Рок група формирани 1970 во Лондон, од страна на Брајан Меј (гитара), Фреди Меркјури (вокал), Роџер Тејлор (тапани), а година подоцна и Џон Дикон (бас). Тие се убедливо едни од најуспешните британски групи заедно со Zeppelin, Sabbath, The Rolling Stones, The Beatles и неколку други. Со првите два албуми Queen и Queen II, постигнале просечен успех, но со албумот Sheer Heart Attack постигнале успех надвор од Англија. Од тогаш издале над 15 албуми, и дузина албуми во живо/компилации на најдобрите хитови. Досега имаат продадено околу 300 милиони албуми низ светот, а 35 милиони само во С.А.Д. што ги прави едни од најпродаваните групи на сите времиња.
Искрено мислам дека се ненормално добри, и дека се пионери во рок музиката. Брајан Меј е еден од најдобрите гитаристи што го популаризирал користењето на хармонии во рокот. Фреди Меркјури е убедливо најдобар рок вокал икад кој исто го сметаат за многу талентиран текстописец (текстовите не им се многу посебни ама ај).
We will rock you, We are the champions, Bohemian Rhapsody им се едни од најпопуларните песни, но ги има многу повеќе.
Фреди Меркјури умира 1991 од СИДА, а сега останатите членови од бендот настапуваат заедно со Пол Роџерс како замена за Фреди. Искрено ова е еден од најочајните потези во музичката историја, (не ме сфаќајте погрешно и јас сакам да ги видам Квин во живо), но едноставно не е тоа тоа. Фреди е незаменлив вокал и шоумен, едноставно не е интересно без него. Исто како да ги гледаш Зеплин без Џон Бонам, или пак AC/DC без Бон Скот.
Имам плоча од нив, но за жал треба да го поправам грамофонот за да можам да ја слушам.