Онаа багра на Филип II и не заслужува некој да трча за неа. Не е од сега работава, и не е до Пандев. Го свиркаа и Панчев на пријателска со Естонија кога даде гол ама не беа задоволни, сакаа да даде 4. Свиркаа повеќе играчи од таа генерација па некои престанаа да играат, само не се дигна врева иако се знаеја причините. Го свиркаа и Чоко Бошковски иако човекот играше со срце ама бил од Силекс. Го свиркаа Тони Мицевски кој еднаш напушти терен со солзи во очи и едвај го премислија после неколку натпревари да се врати. И да не набројувам сега...
Мислам, говедата на Филип II, порано Градски, не можат да сватат еден едноставен концепт кој може да го свати секое дете од трето одделение: 1:1 во 80-та минута е активен резултат, без разлика колку лошо се игра. Ако гледаат ТВ одвреме навреме можат да забележат како навивачите на разни клубови или репрезентации во тој дел од играта максимално ја зголемува поддршката и притисокот (врз противникот, не врз своите) за да се стигне до потребниот резултат. Поддршката во тие моменти знае да го натера фудбалерот да го исцеди последниот атом од силите за да направи пресврт. Свирежите знаат да го утепаат до степен да не знае што се случува околу него.
Нашата публика има гадна навика да им пцуе на играчите се женско до 6-то колено со цел да ги мотивира да играат. Иако оваа практика никогаш не дала резултати, и никогаш нема да даде, тие си продолжуваат со својата навика. После години и години редовно следење на репрезентацијата на Градски, конечно дигнав раце. Не од репрезентацијата, туку од навивачите. Искрено, многу пати сум се срамел што сум помеѓу такви ноторни идиоти и во иднина ќе си гледам на ТВ.
Така да, мојот став по ова прашање е краток и јасен: Ни Пандев, ни било кој друг играч во иднина кој ќе се најде во таква ситуација, не треба да игра за репрезентацијата. Зошто? Затоа што не заслужувате бе говеда. Да не ви заобиколувам сега.
Патем, Пандев во Интер имаше многу побледи изданија од она со Ерменија, но не се слушнаа свирежи од трибина. Затоа што таму публиката има малку повеќе акл и разбирање и знае кога фудбалерот може а кога не може, кога игра со повреда, кога го жртвува својот учинок за доброто на тимот, знаат дека фудбалот е колективна игра... Што знаете вие освен да викате УААА???
Повеќе глупости во еден пост амин.
Сега публиката била крива што фудбалерите играле лошо. Дали и на гостинските мечеви публиката им е крива???
Дали и во Андора публиката им беше крива, или пак во Лихтенштајн кога изигравме 1-1, или па на било кој терен пошто на гостински терен во квалификациски натрпревар НИКОГАШ не сме совладале екипа од повисок шешир.
1-1 бил активен резултат и тоа против велесилата Ерменија? Не е само резултатот во прашање, дали воопшто го проследи ти тој натпревар???
Абе нашиве не можеа да ја пипнат топката бе, си ги играа како мулиња, а патем освен неколкумина никој не се помрдна да го спречи тоа. Што не ги свиреше некој кога почна утакмицата???
Да почнам да набројувам мечеви барем од последните 10-тина години. Срамни нерешени со Молдавија дома, со Естонија дома 1-1, меч кој лесно можевме да го загубиме, 0-0 дома со Андора, Финска 0-3 (меч во кој не ја минавме половината и лесно можевме да загубиме и со 90-0), Словачка (0-5), Чешка (0-2 ниеден шут кон гол), Русија (0-2 а играта хаварија), Израел (1-2), Романија (1-2). Да не беа дуелите со Англија, Холандија (кои патем никогаш не ги победивме но имавме убава игра) и едниот со Хрватска, Македонската публика не видела ништо друго. Знаеш колку пари досега имам дадено за да ја гледам репрезентацијата???
И со што ни вратиле они??? Со една единствена победа во минатите 10 години над пореномиран противник. И тоа поминува некако, али незалагањето за репрезентативниот дрес никако.
А мислиш они само за наш ќејф играат за Македонија??? Знаеш колку пари земаат од една утакмица??? Моите толку н зарабптуваат за една година...
Како репрезенти на државата треба срце да остават на теренот. Алко ветуваат пласман на секој циклус квалификации, тогаш нека го направат тоа. Нека заиграат конечно машки. Ако имаат внатрешни проблеми, тпогаш нека излезат во јавноста. Многу поголеми херои ќе бидат ако се спротистават на тоа што ги кочи, отколку да лапаат пари и да ги боли кур за тоа што ние со години фрламе пари за да ги гледаме. Публиката не чинела во Македонија???
Македонија може да се пофали со едни од најубавите атмосфери кога игра репрезентација (барем можеше додека навивачките групи одевме на мечевите), а тоа што играчите неможат да победат против ниедемн противник најмалку е наша вина.