Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Еј, баш ме изненади и ми напраи чест со анализава :icon_bigg (особено пошо рече дека ќе ја биде до крајов на годинава, па ја си преведов "ќе ја биде никад")Поднесено барање за анализа: 27-06-09 во 20:44.
Анализа завршена и доставена: 29-06-09 во 03:31.
Јас сум добар, исполнителен и ефикасен - како квалитетен прашак за перење или швалер со манири. :back:
Анализава нема да е ногу долга ил развлечена, пошо не глеам шпански серии, тук само едночинки.
Ada ти е елеганција во движење, ама замислено од психолошки аспект.
По природа си педантна, на моменти дури и премногу. Во секој случај, не си до толку забегана да ставаш навлаки на кваките.
Конзервативна во сфаќањата за некои работи, и една од поретките на денешницата што го пушта мозокот пред јазикот, во случајов тастатурата. Понекогаш веројатно и самата правиш жртва од своето време или планови за другите да се задоволни и среќни. Иако си open-minded, либерална и секогаш отворена, сепак не се отвораш до крај, како да сакаш да ја натераш другата страна да биде во неизвесност и да се прашува дали има уште нешто, што е следно или дали навистина го мислиш тоа што го кажуваш. Понекогаш, сериозноста во мислите ти се губи во навиката на внесување блага иронија или сарказам. Ништо страшно, мене никош сериозно не ме сфаќет, се привикнав.
Во љубовта, како и во пријателството, бараш барем дел од она што твоето срце го пружа. Доста си сентиментална иако настојуваш да ги прикриеш периодите на ранливост и кршливост. Смисолот за хумор најчесто ти служи за да „ставиш капаче“ на некого, кој веќе доволно се закопал сам во свои лајна.
А, да. И уш нешто: Можда горе изнатрескав еден куп глупости, ама за едно сум сигурен сто посто: И покрај се’, што и да се случи, не си програмирана да останеш cold-hearted и секогаш даваш втора шанса, затоа што си цврсто убедена дека луѓето се менуваат - на подобро.
Over and out. :back: