Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
09-03-07, 17:20 страна 33

п.с ова ми е второ барање во 2007 ..првото беше во 27-01-07, 18:25 страна 4 :nesvest:

:uvo:

Рекордер. кент белив ит .. се натажив, 354 страни чекам.
 
Се немаме Инес. Фала за анализата, ја дочекав пред крајот на светот во 2012 година. Три пати ура! *ураураура* :)
Пушчам рака, си ме прочитала ко да сум покерџија бегинер. Ќе се потрудам до крајот на годинава да вратам со анализа, за шо и не ме биват толку ногу, ама чест да вратам. :)
 
После толку многу одложување (и неколку викенди што се видовме) конечно да седнам и да се нафатам да ја ставам анализата на хартија (добро де на монитор). Значи Кате... те имам заприметено уште кога активно почна да учествуваш на форумов – откога се имаш регистрирано под јузерот Вештица. Као за чудо тогаш ја читав онаа вештица на Паоло Коељо па долго време преовладуваше аксиомата дека го имаш превземено од таму. Но... кога подобро ќе размислам нели ако беше така ти ќе се логираше како Атена...Верувам си ја читнала книгата, ако не – немој. There are better things to be read. For instance – Veshtica – Venko Andonovski. Да, тоа е 100,2% Сеа ти ја знам и црната страна (мухахахаа) Потпис... Тешка филозофија. Како може ништо да се стори кога ништото е ништо? Сепак треба да има нешто за да се случуваат работите во билокаковв тек. (BTW буквален превод стинкс – погрешни резултати.) Title... да... ок... се е можно кај филозофот (и кај Чак Норис) Значи физлозофот не спие. Тој филозофира.:)
Ок сеа back on the basic. Интересен формски лик. За тебе филозофијата на квалитетен живот ја пронаоѓаш во изреката: Секој човек со нозете колку чергичето (вака ли беше изреката?) Битно сфати. Заслугата е добредојдена за секое сторено дело. Човекот кој се потрудил и ги побил своите стравови, пороци – заслужува аплауз. Истотака имам забележано еден вид револт кон денешните вреднувања. Eat or be eaten... хмм интересен одговор добив на ова. Со ова „правило“ човекот станува роб на сето она што го опкружува. што значи ако се бори надвор од границите, освојува туѓи територии, не го вреднува она што самиот го поседува – сопствениот квалитет. У превод : да му цркне козата на комшијата => ќе цркне и мојата коза. Друго интересно прашање што наидов е тоа дали човекот се менува од корен за да се падаптира. Well.. nope... Човекот според тебе ги покажува своите лажни доблести (ептен се прави паметен) за да друштвото го прифати => да не остане сам на светот . Нешто како изреката со волкот и табиетот.
Хммм егоизам... Едно е спознавање со себеси а друго е егоизмот. Егоизмот според тебе се заснова на една од погорните фрази додека спознавањето на самиот себе не мора да инволвира колатерална штета (други да страдаат поради сопствените битки со животот) Интересно размислување...
Сега збор два за љубовта... Според тебе другарска љубов реципрочна релација машко - женско не постои од проста причина дека мора да има некои поголеми чувства барем од едната страна за да „пријателската“ врска трае.. Кога сме веќе кај љубовните врски, ни под разно не би ја имала со некој кој е „зафатен“ и мириса на туѓо. За вечната љубов... Порано да, но како одминува времето и се појавува новиот светски турбо начин на живот – не. Значи малку ќе се навратам на твоето размислување за земјава и светот... Според тебе либералноста и конзервативноста секогаш треба да одат измешано. Се жестиш на тоа дека светските вредности се во некои случаи премногу либерални (случајот со холандија) од друга страна па конзервативноста си носи свои последици кои го затвораат човекот во еден вид на замок (Кале:)) каде тој колку повеќе си ја мава главата од ѕидот – толку поголема штета си прави.
Е па толку за сега. Многу мистерии има сеуште затскриено во твојот карактер, и мислам со тек на време ќе се појават некои на виделина. Интересно е, го ставаш човек да баеги размислува а на крај краева одговорите сепак се тука некаде. Лек, немит.. Т.е. има еден – да си купиш шеширче од турска чаршија (овие во ГТЦ се поскапи малку).

Оти Џимеј си зеде прерано платен одмор ќе може некој мене да ми рокне една? Mawечко? Мими? Само Марсовка не.
 
Психоаналитичари, ќе биде некој фин и добар да ми направи анализа :pipi:

Ќе добие зеленко :vozbud:
:icon_lol:
 
ada

Поднесено барање за анализа: 27-06-09 во 20:44.
Анализа завршена и доставена: 29-06-09 во 03:31.

Јас сум добар, исполнителен и ефикасен - како квалитетен прашак за перење или швалер со манири. :back:
Анализава нема да е ногу долга ил развлечена, пошо не глеам шпански серии, тук само едночинки.

Ada ти е елеганција во движење, ама замислено од психолошки аспект.
По природа си педантна, на моменти дури и премногу. Во секој случај, не си до толку забегана да ставаш навлаки на кваките.
Конзервативна во сфаќањата за некои работи, и една од поретките на денешницата што го пушта мозокот пред јазикот, во случајов тастатурата. Понекогаш веројатно и самата правиш жртва од своето време или планови за другите да се задоволни и среќни. Иако си open-minded, либерална и секогаш отворена, сепак не се отвораш до крај, како да сакаш да ја натераш другата страна да биде во неизвесност и да се прашува дали има уште нешто, што е следно или дали навистина го мислиш тоа што го кажуваш. Понекогаш, сериозноста во мислите ти се губи во навиката на внесување блага иронија или сарказам. Ништо страшно, мене никош сериозно не ме сфаќет, се привикнав.
Во љубовта, како и во пријателството, бараш барем дел од она што твоето срце го пружа. Доста си сентиментална иако настојуваш да ги прикриеш периодите на ранливост и кршливост. Смисолот за хумор најчесто ти служи за да „ставиш капаче“ на некого, кој веќе доволно се закопал сам во свои лајна.

А, да. И уш нешто: Можда горе изнатрескав еден куп глупости, ама за едно сум сигурен сто посто: И покрај се’, што и да се случи, не си програмирана да останеш cold-hearted и секогаш даваш втора шанса, затоа што си цврсто убедена дека луѓето се менуваат - на подобро.

Over and out. :back:
 
Поднесено барање за анализа: 27-06-09 во 20:44.
Анализа завршена и доставена: 29-06-09 во 03:31.

Јас сум добар, исполнителен и ефикасен - како квалитетен прашак за перење или швалер со манири. :back:
Анализава нема да е ногу долга ил развлечена, пошо не глеам шпански серии, тук само едночинки.

Ada ти е елеганција во движење, ама замислено од психолошки аспект.
По природа си педантна, на моменти дури и премногу. Во секој случај, не си до толку забегана да ставаш навлаки на кваките.
Конзервативна во сфаќањата за некои работи, и една од поретките на денешницата што го пушта мозокот пред јазикот, во случајов тастатурата. Понекогаш веројатно и самата правиш жртва од своето време или планови за другите да се задоволни и среќни. Иако си open-minded, либерална и секогаш отворена, сепак не се отвораш до крај, како да сакаш да ја натераш другата страна да биде во неизвесност и да се прашува дали има уште нешто, што е следно или дали навистина го мислиш тоа што го кажуваш. Понекогаш, сериозноста во мислите ти се губи во навиката на внесување блага иронија или сарказам. Ништо страшно, мене никош сериозно не ме сфаќет, се привикнав.
Во љубовта, како и во пријателството, бараш барем дел од она што твоето срце го пружа. Доста си сентиментална иако настојуваш да ги прикриеш периодите на ранливост и кршливост. Смисолот за хумор најчесто ти служи за да „ставиш капаче“ на некого, кој веќе доволно се закопал сам во свои лајна.

А, да. И уш нешто: Можда горе изнатрескав еден куп глупости, ама за едно сум сигурен сто посто: И покрај се’, што и да се случи, не си програмирана да останеш cold-hearted и секогаш даваш втора шанса, затоа што си цврсто убедена дека луѓето се менуваат - на подобро.

Over and out. :back:
Еј, баш ме изненади и ми напраи чест со анализава :icon_bigg (особено пошо рече дека ќе ја биде до крајов на годинава, па ја си преведов "ќе ја биде никад")

Кратка, кратка, али содржајна (нешо као мене...ниско, ниско, ама паНетно :icon_lol:).

Фала ти, искрено!:back:
 
Џену Грл

Многу добра спортиска пред се, со спортски дух и труд кон најдоброто за нашата репрезентација и за самата себе. Натпреварувачка која верува во себе, и дека може се повеке и повеке. Секоја чест за тебе Фросе. Незнам како ме натера овој текст да биде посветен за тебе, не кажувам дека ти ме натера туку самиот јас незнам како се фатив. Како и да е, меѓу најдобрите,најфер, и најавторитетните девојки на форум. Знае со секој да се спротистави, тури и да дава помош на секој. Девојка кога никогаш не доцни на закажаното, у колку се каже у толку ке биде макар и порано, тоа ти го поштувам. Секогаш било подруго кога заедно сте со Џену, феноменална девојка спремна за се. Секаде ги смирува работите на форум, опомени, банирања и разни гом*а, а и секогаш е редовна. Директна девојка на други личности кои не им се блиски, знае дека може да повреди некого со директноста на најблиските. Девојка која не го крие својот статус на форум, искажува се име презиме, мсн, скајпови све е отворено кај неа, не крие а и несака да крие. Да се вратиме пак на спортот, ретки девојчиња пратат спорт но Форсе е една од тие и вистински фан на својот клуб дефинитивно и ја сака својата репрезентација, ги прати и пливањата на нашите репрезентативци како д а ги наречам овие спортови во вода. Девојка со големо трпение, трпи не се нервира многу ако стварно е во нервоза не им тра многу, да не речам 1 час нервора, секогаш самата си е крива не криви никого. Паметно. Попушта во некои кареници поточно некои помали од неа и тука е во право нормално е да се попушти на помалиот. Моменти има кога не им се доволни 24 часа, напорот, учењето, тренинзите, друштвото, во обратна ситуација има и моменти кои им се многу 24 часа па незнае како да го помине слободното време. Дефинитифно Фросе мразе жештини? точно е знам. Сака бури, да го гледа времето како се размајнува од таму натаму ветер дожд, хмм интересна си. Фросе е девојка што нејке да ја лажеш, без разлика дали партнер или некој пријател да ја излажи би изреагирала лошо и нема да го регистрире веке човекот. Фросе гледе се што е можно да се заврши за денес не да се чека утре, нејке работите да се влечат полека да и течат тоа што е за денес да се заврши а не утре тоа Фросе и тоа како го почитува и го средува. Фросе знае да ги прекрсти и предметите што им се дома, интересно компјутеров им е Пеце а не Писи како што викаат повеке, телевизорот Стиви. Фросе тоа е што можев да напишам за тебе се надевам дека нешто напишав не сум без ич.

Тек почетник сум со анализите со тек се учам и го разградувам моето анализирање.
Ајт Поздрав.

Џену Грл :back:
 
Ова барање ми го поднесе Dark King пред неколку дена , а јас решив да му ја исполнам желбата.Но наместо психоанализа , добива астро-психоанализа :)
Идеме :)
Тој го прифаќа животот полн со филозофија, не плашејќи се од никакви случајни или изненадни ситуации.Храбар поборник за својата слобода,не толерирајќи никаква принуда.Својата бујност може да ја спречи од самиот себе , доколку се сомнева во исправноста на некој избор , а за својот избор/одлука знае да се бори и никогаш не се обесхрабрува.Неодоливо го привлекуваат необични и егзотични работи , го привлекува интелектот и настојува да го обогати својот дух и култура.
Неговата интелигенција е жива и спонтана , а неговата смисла за реалност не дозволува да се загуби во малите работи.
Неговиот интелект е филозофко - религиски , насторен кон понтеистичките концепти , односно - секогаш бара еден основен закон по кој може да се движи , да планира и секогаш ја бара длабоката смисла.
Неговите чуства се хумани , против насилството и неправдите , а додека пак моралот , етиката и искреноста се доста изразени.Има развиено добра психолошка воља ,секогаш добро се концентрира пред да донесе одлука : предвидува се потребно , го испитува теренот и настапува на сигурно.
Неговиот темперамент е домерно колеричен , односно се контролира себе , се возбудува и стивнува умерено.
Изразува високи принципи , фантазии и морал , но исто така и нетактични , искрени забелешки со кои не сакајќи понекогаш знае да ги повреди луѓето во неговата околина , но при тоа е срдечен , пријателски настроен , помалку нестрплив , но пред се исклучиво тактичен.
Ужива во друштво собрано набрзина , изненадно патување или пак непредвидливи настани.
Тој е разумен и логичен , а за него животот е забава , разонода а понекогаш и што помалку обврски (по можност).
Понекогаш се ужаснува од одговорноста , но тоа му доаѓа само како добар изговор за да не се приврзе.
Има широк видик , тешко се смирува на едно место.
Знае да продолжи напред , иако често незадоволен од себе.Неможе да поднесе импровизација.
Сака да дискутира , истапува отворено , не крејќи го својот став , поради што има прикриени непријатели за кои е и самиот свесен.
Секогаш со немирен дух , сака нови авантури.Има доверба во својата инспирација , секогаш е полн со идеи.
Ведар , динамичен , мрази се што е статично и монотоно.Оптимиста и великодушен , но исто така и прилично вешт : знае да ја преврти ситуацијата и настаните во своја полза ,и има развиено некое шесто сетило кое не му дозволува да направи некој погрешен чекор.Секогаш е расположен за дискусии , но само доколку смета дека соговорникот е на негово ниво.
Друштвен , сака да биде опкружен со вистинските пријатели.Тешко се отвара и е срамежлив.Мрази гужви.
Понекогаш може да стане и мрзелив , но тоа трае кратко.

За сега , толку.Доколку сака астро-сексологија , тоа иде само по ПП :)
 
rossonerka


Значи да почниме.
Шо ми беше поентата,Овај.Како да кажам...
Ај вака(не замерувај на мојата "ДУХОВИТОСТ")
Значи девојкава е мн духовита па сега демек како да ви кажам ај со сарказам нека биде.Претерано користење на сарказмот во обид да бидеш духовита и незнам шо те носи кон едно негативно чувство на другите кога си во нивно присуство(не велам дека е така ама ако си иста во живо како што си тука не би сакал да правам мн мн муабет со тебе).


Втора работа за тебе.Позитивна овој пат.Се гледа дека си начитана личност со голем репертоар на зборови и широки познавања како од страна на филмови,музика,интернет,книги,спорт така и од страна на политика,вести,свет.
Тоа ти дава еден огромен плус кај мене,а и кај сите паметни личности...(не се правам јас паметен само кажувам дека тоа е огромен плус и шанса за понатамошно ајде да речам "преживување."


Трето...
Имаш една магарешка инаетливост и некој став сите све грешка само јас сум во право.Е сега тоа има и позитивна и негативна страна.Позитивна страна е за тебе односно само ти имаш добивка.Али тоа е супер па кој ги е*е другите јас сум битна(таков е барем впечатокот).Негативна страна е тоа што оставаш токму ваков впечаток и секој ќе мисли дека ти не покажуваш респект кон него и неговото мислење.


Имаш реален поглед на ставовите.Е тука има најголем размер сарказмот.Али пошо за сарказмот ти кажував сега ќе зборувам за реалноста на твоите размислувања.
Кај тебе е се докажано.Не постои мистерија не постои ништо што не може или тешко е да се објасни.Тоа е една од оние особини на возрасните личности кои се преокупирани со работа и немаат време за ронка фантазија.Тука нема да спомнувам негативн/ позитивно туку само ќе речам нормално е,а и интересно смирувачки и релаксирачки да ја пуштиш фантазијата на слобода.Можеби ќе кажеш незрел сум ама сепак јас се чувствувам мн посмирено кога не размислувам за светот што ме опкружува туку за нешто апстрактно.


Па нормално лето е а покрај сонцето и љубовта грее.Заљубена личност,но не и мн дружељубива(се надеевам дека за ова не сум во право).
Со огромна доза на хумор таа ги искажува своите мислења и ставови.Па до каде бе Let3 ќе ви биде идол(се шалам)...

Мислам дека е доста а и ми се спие оту цел ден су мамурен.Ме болит глаата од пиење не ми се ојт на работа пак ќе глумам реума.
Биди поздравена.Чекам коментар за анализава ама по можност на профил
 
Rоssonerka ќе добие уште една психоанализа, овој пат од некој што е со неа скоро секој ден, веке 18 години по ред:vozbud:.
Незнам што ми текна да се нафатам да го правам ова, дека има тоооолку многу работи што треба да се споменат, па ај да не губав време да почнам:smir:

Прво што ми доага на памет се твоте правила и стандарди до кои се придржуваш.Кај тебе се знае што е дозволено а што не, и кој како треба да се однесува, инаку бргу ке те загуби како пријател.И што е најдобро од се недозволуваш ама баш никакви отстапки.Како за еден така и за сите останати.
Упорна си и тоа многу.Ако нешто навистина сакаш, тоа и го остваруваш.Тоа што ке го замислиш скоро секогаш добива своја реализација а тоа е резултат на твојата борбеност.Ти постигнуваш скоро се сама бидејќи не си мамина и татина ќерка ко некои твои другарки, мегутоа си горда на тоа.
Понекогаш ти фали самодоверба.Има моменти кога не си сигурна во себе и кога навистина многу размислуваш дали можеш токму ти да ја завршиш таа некоја работа.
Ми се допаѓа твојата искреност.Ако нешто ти се допага отворено кажуваш дека ти се допага.Ако нешто не ти се допага си уште по искрена и велиш:Извини, ама мене не ми се допага тоа.
По некогаш се нервираш без причина и без потреба.Знае ситница да те изнервира, ама за разлика од дадето твое, се повлекуваш на страна и кутиш.
Многу ретко го покачуваш гласот во такви ситуации.
Твојата спонтаност е уште една особина со која можеш да се пофалиш.Кај тебе не постои закажување термин за пиење на кафе, или пак планови што кога ке се прави.Едноставно кажуваш:Ке видиме, ке се договориме.
Пријатна си во друштво, го цениш пријателството, иако мислам дека кај тебе важи изреката:‘‘Со сите добра, со никој најдобра‘‘
Паметна си , културна, и добро воспитана.По некогаш добиваш желба некого да отераш у три лепе , ама сето тоа го правиш на можне културен начин што просто лугето ги доведува до лудило.
После неуспех, знаеш да се разочараш, мегутоа добро е што не трае тоа долго, и многу брзо повторно ја креваш главата горе.
Неможам а да не го спомнам твоето вечно каснење.Мислам дека на време се појавуваш само кога имаш колоквиум.Роске тоа мора да поправиш,и да бидеш точна на закажаното место.
Пребирлива си, независно од тоа дали станува збор за храна за облека или за нешто слично.Во твојот речник не постои зборот срам.Ти си со главата скоро секогаш горе, спремна во секое време да преговараш со секого и за се нешто, макар тоа било и претседател на република.
Понекогаш многу знаеш да претераш со филозофирање.Во способност си да збориш со некого со саати, и во глобала ти збориш повеке од соговорникот, ама веројатно станува збор за професионална деформација иден правнику.
Ти знаеш што сакаш и полека но сигурно, чекориш кон остварувања на твоите замислени идеи, на добар пат си кон остварување на твоите соништа.
Убава си, со аристократска силуета, паметна, еманципирана, начитана, прошетана, си искусила и добри и лоши моменти, имаш доблести и мани.
Тоа тебе те прави уникална, а мене горд , срекен и задоволен што те имам како братучедка.
 
Братучеду сакам анализа и јас:back:

освен стефо има и некој друг расположен за анализа?:)
 
Wooow... не сум ја видел темава досега.
KEWL, dude!
и ја сакам и ја и ја...
 
^^^магде^^^

Гледав позади некој бараше анализа, еве јас се пријавувам ке можам да бидам што подобар во твојата анализа иаку сум почетник сепак ке се потрудам.
Магде е ''awesome'' вака речено. :) Магде свати дека не треба да се замара со луѓе кои не го заслужува нејзиното внимание. Девојка која да не речам ужива (упс) во фантазии, секогаш им се на број фантазиите. Таа кога влегува во конфликт со личности што се ментално послаби од неа
воопшто не и е забавно нити чувствува некакво задоволство. Има моменти кога самата попушта во својот живот, сака да каже дека "'не ми се живее''. Сите кога ке дојдат во некакво глуп временскио период сите го кажуват ова. Сигурно ке им го памтам ова кога си призна дека жените се повеке лигуши од мажите. :) Интересна е кога е пијана тоа го дефинира во повекето постови на форумов. Магде е личност која обожава сонце дефинитивно, несака грмотевици или бури.

Сака нови пријателства, другари до тоа им успева. Се дружи со што е можно повеке личности обожава и сака да се запознава. Од оваа страна е ептен позитивна и би сакал и јас да се запознаем со тебе во живо, не преку форум. :)

Интересно е тоа што кај неа нема кааење тоа што направила без разлика што после нема каење. Никогаш не се каела за нешто тоа што е во времето направено во тоа е среќна и нема зошто да се кае.

Па Магде? Ова е многу кратка анализа, и ми се спие веке неможам да гледам извини така што не те опишав онака подолго а и не те знам у живо мислам преку форум те опишував.

Тоа е.
Ајт.
Поздрав.
:back:
 
Xfire, Фала за анализава. Ти пишав и у реп. дека не ја очекувава, така да ме изненади од сабајлечки пријатно.
За запознавање нема проблем, јас сум секогаш расположена. Здравје после запознавањето ќе ми напраиш подолга анализа.:icon_lol:
 
Знам дека ни на крај памет немаше да ти текне дека можеби јас би ти направил психоанализа, ама еве ја. :)
maca_kaka' можам да кажам дека е голем љубител на животните. Тоа се кладам дека секој член од форумов може да го заклучи тоа. Цврсто стои зад ставот дека животните не треба да се убиваат што ми се допаѓа. Маца има разјаснето кај неа во животот многу работи. Што е кај неа ин, што е аут. Друга особина што ми фатила око е што е фудбалски фанатик. Не е од оние девојчиња што лудуваат по еден фудбалер, а немаат појма ни кај игра, ни што игра, ни со кој игра. Она знае за кој навива, и е упатена во тоа. Навива од срце, тоа го тврдам. У аматерскава психоанализа што друго би кажал...знае да биде избувлива (:)) на моменти, но сепак е пријателски настроена. У оваа психоанализа искрено да кажам и јас заклучив нешто за мене. Немам појма од правење психоанализи ама како викаат, со вежбање се учи. :)
Што би ти препорачал, продолжи да навиваш за ______ (дополни сама зошто тогаш кога те прашав ме избрка ко питач :)), продолжи да ги сакаш животните, живеј го животот како сакаш, не ги слушај многу другите од страна.
Ветувам, кога ќе научам да правам психоанализи асални, ќе ти напраам пак, нормално ако сакаш, сега јас оваа ја напраив непоканет. :)
Поздраф4е. :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom