Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Може една анализа мене имам над 500 мислења, баш ме интересира како би ме изанализирал некој :kesa: :salut:

ја ке ти опраам една до петок, неможам сеа, болен сум и мозокот ми е малку пореметен..
пиши пп ако е океј :smir:
 
Вака сега ако ви се причекува јас ќе ви направам ама до петок ништо не ветувам
Да бидам појасен на половина од вас во петок а другата половина сабота ако ви одговара

А и girl ја вклучуваме

Како ме скокна само. :pos2: Нема везе не ни очекував а не ни сакам.
 
Ако не сакаш не ти праам а инаку немам потреба да те скокам
Значи тоа со скокањето беше ненамерно ивини не сум видел
пиши пп ако сакаш анализа
 
picture.php

picture.php

Поздрав:mist:

:helou:​
 
Raziel

Тежок живот. На Разиел му дојде времето.
. brainstorm
. hell no
. Legacy of Kain
. Demian
. hell no
Има различни типови на кајганџии насркани со его. Некои сакаат да и раскажуваат детализирани подробности од своето секојдневие на "Драга Кајгана", ама не признаваат јасно и гласно, "да, јас сум себично елитистичко копиле што мисли дека е совршен, a другите се шупаци". Високо ниво на самосвест, што ретко се среќава, hell yeah, а од друга страна влијанието на форумов ти е чиста филозофија. Мерак да му на човек да чита, што неретко се придружува со гнасна главоболка. Вредно примерче: "Човекот е глуп, ама не му е во ген да биде глуп, ама муе во ген да биде мрзлив и да не се труди да разбере". Дап, и там-тарам, тука доаѓа симболзмот на широки врати. Гнасење од плиткоста на еднодимензионалниот мозок на мнозинството помешано со желбата да се најде човек кој ќе разбере, кој бар ќе се потруди, мајке му. Не мора да си Диоген, тука доаѓаат иновативните Велешани, предводени од девојката која според тебе живееше во илузорен оптимизам(анализата) за потоа и ти да крикнеш дека си среќен во прегратките на илузијата, која се надеваме дека не е илузија,м како што се надеваме и за секое убаво, вредно нешто на овој минлив и менлив свет.

Понекогаш можеш песимизот да го фрлиш во Вардар. И го фрлаш, иако толку плучаше по оптимизмот. Еве кога:
- "ветрот не е фактор". Ти си факторот, ти си почетокот и крајот, причината и последицата, Битието. Добро, хиперболизирам. Ама сакам да кажам една работа. Ти можеш да бидеш којзнае колку паметен, ама која е таа ебана потреба секој пост да го мислиш, секој божји потег да ти биде обмислен? Или само така сакаш да делува? Во заблуда сме, ние обичните смртници?
- "Во природата на човекот е да крши правила". Па да, но зошто толку насобрана потреба за девијација? Глупавоста е бескрајна, разумното размислување и делување во светов би било уште побледо кога би исчезнала идејата за Бог во главата на исплашените верници и кога би исчезнал моралниот кодекс на вредности. Егзистенцијален мозоку, па нели и ти тоа сакаше да го кажеш во темата за казната, како нешто навистина потребно? Инаку, би настанал Хаос.:)
- Црпење поуки од темната страна кога човек се наоѓа во истата, "сркајќи негативитет", формира исчеличени борци кои пребродиле срања и кои сфатиле дека ако човек не се помачи, нема ништо од небо да падне. Добро, ајде сега малце пореалниот сегмент тука. Ти си градско, чувано човече.
Веројатно човек е одржан од нагонот на преживување и себевоздигнување, но нели кога човек ќе погледне во темното за да се соочи, може да се случи песимизмот да ја убие надежта, вистината да го убие идеалот, и да дојде до сјебан крах, кога човек губи а прашањето е дали ќе дотера до крајот на тунелот а не дали ќе излезе...исчеличан и набилдан. Затоа оптимизмот може да е заблудувачки, илузорен, минлив, ама сигурно е потребен.
Човек кога троши многу часови на размислување, контемплација, самоанализа и психоанализа на луѓето и светот, станува песимист свесен за својата немоќ. Ама ајде, да се држиме дека на крај ќе стане, ќе се насмее и ќе опцуе, тоа истовремено, така прават фраерите како Разиел. После ќе отиде да игра World, изнаоѓајќи одново и одново нови цели и причини за да се труди.

Не знам што изнапишав. Ајде сега малце common knowledge за кајганџии:
Ако Разиел сака да ве убеди во нешто, ќе го направи тоа. Ама ќе ве убеди, само ако ве перцепира како човек што сака да разбере, само ако ве одбере.
Разиел не се срами од тоа што е. Додека во философија, ми личеше дека наметнува еден пресериозен пристап, во љубов и секс, си се смешкав додека го читав. Чудни се жените,да, ама не признава дека има потешкотии во анализирањето на овие створови, туку дека ете, не можел да побегне од своето џентелменство и слично, неочекувано. Уметноста на комуникацијата за момент се изгуби?! Се вљубил, станал свесен дека сепак, срцето сака малце да се лигави. Малце, иако Разиел е нелигаво = сурово човече. Или не?:)
Како и да, враќај се на форумов, ни треба мозок. Кај се паметните постови сега?

Појма немам, воздивнувам. Тешки пациенти, бегајте од мене.:)
Next: Гладиус.
По него: Бебуш.

Едит:
Во денешниов свет будалесто е да се надеваш на успех,а тоа да го базираш на твојот труд.Па оди во завод за вработување,ќе видиш еден куп млади деца со одличен просек на факултет како чекаат работа.А работата која ја чекаат и за која се способни ја добил внукот на директорот на фирмата,or something like that....
Неможеш да бидеш гладен оптимист.
Неможеш од гладот да научиш лекција,ако тој глад не настанал по твоја вина.Со сите твои квалификации,работа нема да се најде.Тогаш,претпоставувам,повеќе ќе те удира агонија и чувство на безнадежност одошто надеж и оптимизам.
Овде ме разочара. Ќе елаборираш некогаш?
 
Тежок живот. На Разиел му дојде времето.
. brainstorm
. hell no
. Legacy of Kain
. Demian
. hell no
Има различни типови на кајганџии насркани со его. Некои сакаат да и раскажуваат детализирани подробности од своето секојдневие на "Драга Кајгана", ама не признаваат јасно и гласно, "да, јас сум себично елитистичко копиле што мисли дека е совршен, a другите се шупаци". Високо ниво на самосвест, што ретко се среќава, hell yeah, а од друга страна влијанието на форумов ти е чиста филозофија. Мерак да му на човек да чита, што неретко се придружува со гнасна главоболка. Вредно примерче: "Човекот е глуп, ама не му е во ген да биде глуп, ама муе во ген да биде мрзлив и да не се труди да разбере". Дап, и там-тарам, тука доаѓа симболзмот на широки врати. Гнасење од плиткоста на еднодимензионалниот мозок на мнозинството помешано со желбата да се најде човек кој ќе разбере, кој бар ќе се потруди, мајке му. Не мора да си Диоген, тука доаѓаат иновативните Велешани, предводени од девојката која според тебе живееше во илузорен оптимизам(анализата) за потоа и ти да крикнеш дека си среќен во прегратките на илузијата, која се надеваме дека не е илузија,м како што се надеваме и за секое убаво, вредно нешто на овој минлив и менлив свет.

Понекогаш можеш песимизот да го фрлиш во Вардар. И го фрлаш, иако толку плучаше по оптимизмот. Еве кога:
- "ветрот не е фактор". Ти си факторот, ти си почетокот и крајот, причината и последицата, Битието. Добро, хиперболизирам. Ама сакам да кажам една работа. Ти можеш да бидеш којзнае колку паметен, ама која е таа ебана потреба секој пост да го мислиш, секој божји потег да ти биде обмислен? Или само така сакаш да делува? Во заблуда сме, ние обичните смртници?
- "Во природата на човекот е да крши правила". Па да, но зошто толку насобрана потреба за девијација? Глупавоста е бескрајна, разумното размислување и делување во светов би било уште побледо кога би исчезнала идејата за Бог во главата на исплашените верници и кога би исчезнал моралниот кодекс на вредности. Егзистенцијален мозоку, па нели и ти тоа сакаше да го кажеш во темата за казната, како нешто навистина потребно? Инаку, би настанал Хаос.:)
- Црпење поуки од темната страна кога човек се наоѓа во истата, "сркајќи негативитет", формира исчеличени борци кои пребродиле срања и кои сфатиле дека ако човек не се помачи, нема ништо од небо да падне. Добро, ајде сега малце пореалниот сегмент тука. Ти си градско, чувано човече.
Веројатно човек е одржан од нагонот на преживување и себевоздигнување, но нели кога човек ќе погледне во темното за да се соочи, може да се случи песимизмот да ја убие надежта, вистината да го убие идеалот, и да дојде до сјебан крах, кога човек губи а прашањето е дали ќе дотера до крајот на тунелот а не дали ќе излезе...исчеличан и набилдан. Затоа оптимизмот може да е заблудувачки, илузорен, минлив, ама сигурно е потребен.
Човек кога троши многу часови на размислување, контемплација, самоанализа и психоанализа на луѓето и светот, станува песимист свесен за својата немоќ. Ама ајде, да се држиме дека на крај ќе стане, ќе се насмее и ќе опцуе, тоа истовремено, така прават фраерите како Разиел. После ќе отиде да игра World, изнаоѓајќи одново и одново нови цели и причини за да се труди.

Не знам што изнапишав. Ајде сега малце common knowledge за кајганџии:
Ако Разиел сака да ве убеди во нешто, ќе го направи тоа. Ама ќе ве убеди, само ако ве перцепира како човек што сака да разбере, само ако ве одбере.
Разиел не се срами од тоа што е. Додека во философија, ми личеше дека наметнува еден пресериозен пристап, во љубов и секс, си се смешкав додека го читав. Чудни се жените,да, ама не признава дека има потешкотии во анализирањето на овие створови, туку дека ете, не можел да побегне од своето џентелменство и слично, неочекувано. Уметноста на комуникацијата за момент се изгуби?! Се вљубил, станал свесен дека сепак, срцето сака малце да се лигави. Малце, иако Разиел е нелигаво = сурово човече. Или не?:)
Како и да, враќај се на форумов, ни треба мозок. Кај се паметните постови сега?

Појма немам, воздивнувам. Тешки пациенти, бегајте од мене.:)
Next: Гладиус.
По него: Бебуш.

Би ме почестила ли и мене со една анализа.. ако имаш време, ништо итно..?
 
Eeeej брат и за мене ПЛС :smir: :pipi:
Епа драг пријателе ево ме со анализата...
tomislayer

Братот е најфер член на кајгана(без навреда на другите)кого сум имал можност да се упознаам(преку мсн ама наскоро ќе џогаме заедно)...
Неговиот карактер е препознатлив по рамнодушноста , ставовите , идеите , дружељубивоста,смислата за хумор и љубовта кон алкохолот...

Ајде да почниме со рамнодушноста како особина која е колку што е позитивна толку е и негативна.
Од една гледна точка значи таа твоја рамнодушност преминува во смисла за хумор со која доста ме имаш засмевано и сите тие работи.
Батали тоа,рамнодушноста како позитивна особина јас ја гледам според тоа што и јас сум една врста "дебелокожец"(како што ми вика мајками)
и таа рамнодушност значи ќе те оддалечи од поголеми конфликти.

Но рамнодушноста лошо ќе те претставува кај луѓето што ќе те упознаат во иднина.Ова го мислам на начин дека тие ќе помислат:
-Ах овај ку*от го боли за мене епа шо го е*ам...
Ова ти го кажувам пошо го имам осетено на своја кожа...

Ставовите ти се цврсти и непоколебливи и тоа е еден огромен плус кај тебе од мене.Ставовите секогаш ти биле на место(онолку колку што знам јас).
Ми се допаѓаат посебно ставовите за изгледот,за музиката,верата и ставовите кои ги имаш општо кон случувањата околу тебе.
Продолжи така со ставовите но пази,ова може да постигне контра ефект кај некои особи во смисла-тие можат да помислат дека си тврдоглав како магаре(али пошо си ти рамнодушен секако тоа ти е најмала грижа)

Брат имаш идеи кои што ми се допаѓаат но имаш идеи кои што не ми се допаѓаат...
Идеите твои нема да ги изнесувам јавно(оние што сум ги слушнал секако)
Сепак би рекол идеите секогаш ти се луди и звучат забавно,но за реализација би рекол треба малку повеќе труд...Али доста јадам за ова гомна...

Имаш огромно ниво на дружељубивост и си секогаш спремен да прифатиш ново пријателство и другарство и сите треба да знаат дека оној што те почитува и ти го почитуваш а тоа е една од најубавите особини кои што сум ги забележал кај тебе и оваа особина ти имаш највисока оцена од сите со кои што сум разговарал за тебе...

Смисла за хумор...
Мислам дека за ова не треба мн да јадам гомна али ајде...
Смислата за хумор ти е беспрекорна и секогаш на место и секогаш без исклучок и да се однесува на мене јас се газам од смеење значи си супер џанак во смисла на хуморот...

Љубовта кон алкохолот ти е една особина која што не ја оправдувам...
Иако пијам не ја оправдувам затоа што тоа е порок кој само би те натерал да се избрукаш во однос на оние кои што ти се најмили и најблиски.Брат сите пиеме,ама прими еден совет од мене...
НЕ ДОЗВОЛУВАЈ НИКОЈ,АМА БАШ НИКОЈ ДА ТЕ ВИДИ ПИЈАН...

Ставот кон цигарите и дрогата(не го сместив ова кај ставови пошо сакав да ми се поврзи со пороците).Значи ако досега не си посегнал по овие пороци не посегнувај ко бога те молим...
Јас сум посегнал по цигари и страшно се каам поради тоа.Бев кошаркар и имав кондиција ко коњ а сега не можам да спринтирам ни 500 метри што асоцира на тоа не пробувај Томи цигари....

Тоа е тоа брат ми беше мило и ми беше задоволство да ти ја направам оваа анализа и одвоеното време за оваа анализа знам дека ми е употребено за супер личност
 
Фаwaa :back: и да знаеш дека си погодил! Цигари не планирам да зеам! Пијан 2 пати у живот сум бил! Ја нова година двата вечери трезно ја пројдов па нормално :) За тоа знај нема да се деси :) За хуморот не се согласуем! Ја неам смисла за хумор, само за црн хумор....за нивото на дружељубивост, благодариме, и секат сум расположен нови фаци да запознавам (дури и раперите од твој клас, особено тој златниот со тастатура скршена, сеа неможе да си муабети ради мене х)) За идетите знам дека се луди, а за реализација претежно ги реализирам :) Имаш право дека не ми е гајле ако некој мисли дека сум тврдоглав ко магаре х) Ако сака нека ме запознае и ќе види каков сум! И коа ќе доеш ќе свртиме едно “крукче“ пиво х) Малце џогинг едно друго знаеш као иде :)
ПС. Не ме оддалечуе рамнодушноста од конфликти :/ Уствари некој коа ми кења за мене ми е гајле му враќам со затки, ама коа ќе рчнат некој друг шо ми значи прв летам х)
 
..А дали некој прекрасен,добар член и мене ќе ми направи.ПЛС!! :pipi:

Пи.Ес. -Ја немам врска од ова.ЗАтоа нема ни да пробам некому да направам анализа
 
Анализа na girlll

Цврсто стои на земја за своите години и не дозволува нормалните природни промени кои се случуваат во нејзините години да и ги поматат здравите размислувања. Покажува размислувања кои понекогаш се својствени за лица со поголем број на години. Голем дел во тоа има и нејзиното величество чоколадата која во нејзиниот живот зазела достојно место и претставува нешто без кое не се може, од која црпе концентрација за инспирација. Некои од пороците на ова време без кои неможе се кафе и цигара по утринското будење. Будењето со кафе и цигара го прави за постепено разбистрување од мамурлукот кој е резултат на секогаш краткото време за спиење прекинато што од мама што од останатите обврски. Гардеробата не и е јаката страна ниту пак високите потпетици. А и што ќе и се кога сака да биде во движење, а не да седи статично по кафичи.Сака да глуми. А тоа е добро. Уметничка душа.Со тоа многу недостапни рољи во реалниот живот преку глумата сака да ги оживее бидејќи смета дека поседува талент за глумица. „Воли да попије али во граници“ (винце или уште повеќе шптицер охохох!) така со друштво, колку да се знае. Амбициозна и цврсто убедена во својот успех и никогаш нема да се откаже од него ниту пак ќе се предаде до колку влезе во искушение. А ако случајно влезе се знае тука е нејзиното величество чоколадото, ам ммммм и продолжува понатаму искушението е победено. Го сака животот со сите негови недостатоци и затоа сака да ужива во него. Уживањето го прави на начин онака како што мисли дека е најдобро.Погледите околу неа ги насочува кон се она што е проверено добро.Кичот го презира. Има душа и сака да им помага на болните и несреќните.Ако влезете во дискусија за кујната едноставно со неа немате шанси. Со голема доза на уживање зборува за разните видови на јадења и нејзините вкусови посебно за благите работи како торти и колачи, а и оние солените кои ги сака не заборава да истакне, но како и секој има нешто што несака да го јаде. На пример грав и леќа не јаде. Некои стереотипи во животот: „ Зошо девојчињата живеат уште во приказните што баба им ги кажуваше ко мали дека момчињата на средсело први приоѓале“,таа не ги прифаќа сега во ова време. Сака да ги слуша Јованов, Елвир, ДНК онака певливи и се. Омилен лик и е Алесандра Амбросио па вели:„ би се полезбејчила жими све!“. И пак чоколадото ам, мммм животот е убав.Култот за чоколадото постојано го одржува доградува, а богами највеќе од се сака да го јаде.Ако ја прашате си ја сака ли Македонија, таа ќе ви каже: Да!и ќе продолжи „патриот или си или не си“. За упорноста во дискусии кога треба да докажува нешто таа вели: Се карам до крај!!! И појше и ја крива да сум пак сум најлутата и најмногу крекам, другиот дур не избега не прекинувам! Упорност прва лига.Сепак во дискусиите е кратка и јасна и ако сакаш да ја сфатиш нема да ти треба многу време. На крај ќе резимирам вака:
Ја гледаш и погледот те лаже, за своите години таа повеќе ќе ти каже.
Енергија во себе има, за неа нема зима. Кратка и јасна секогаш е, од торти и колачи јаде скоро се. Има таа многу квалитети и затоа заслужува многу епитети:убава, умна, пријатна и здрава во друштво секогаш другарка е права.
А сосема на крај само чоколада и дај и за неа тоа е земјиниот рај.
 
Има некој расположен за пишување деновиве да склопи една анализа за мене? :)
 
КралиМарко ти пишав и на профил да пишам и тука фала ептенски :back:
Воглавном е добра само да те поправам малце..
Не ги слушам днк, врчак бла бла.. Слушам рап.
Не сум патриот!
Не ми е омилен лик Амбросио ама би се полезбејчила за неа пошо е убава.
м.. А и не сум така фина бе срц таков впечаток доби? Не помагам нешто посебно да речеш на несреќни, болни бла и ти реков не сум така фина..
Ама кажав фала ептен за анализата добра е у глобала.. :back:
 
Дечки јас направив ете 500 поста :pipi: ако сака некој може слободно да ми направи анализа :mist:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom