GavolRulz
hippopotomonstrosesquipedaliophobia
- Член од
- 23 март 2008
- Мислења
- 12.844
- Поени од реакции
- 11.885
- Возраст
- 32
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.manutd.com
За мене ќе може ? :tv:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Може една анализа мене имам над 500 мислења, баш ме интересира како би ме изанализирал некој :kesa: :salut:
Вака сега ако ви се причекува јас ќе ви направам ама до петок ништо не ветувам
Да бидам појасен на половина од вас во петок а другата половина сабота ако ви одговара
А и girl ја вклучуваме
Ако не сакаш не ти праам а инаку немам потреба да те скокамКако ме скокна само. :pos2: Нема везе не ни очекував а не ни сакам.
Aнализа тебе кога ќе направиш 500 поста![]()
![]()
Поздрав:mist:
:helou:
Овде ме разочара. Ќе елаборираш некогаш?Во денешниов свет будалесто е да се надеваш на успех,а тоа да го базираш на твојот труд.Па оди во завод за вработување,ќе видиш еден куп млади деца со одличен просек на факултет како чекаат работа.А работата која ја чекаат и за која се способни ја добил внукот на директорот на фирмата,or something like that....
Неможеш да бидеш гладен оптимист.
Неможеш од гладот да научиш лекција,ако тој глад не настанал по твоја вина.Со сите твои квалификации,работа нема да се најде.Тогаш,претпоставувам,повеќе ќе те удира агонија и чувство на безнадежност одошто надеж и оптимизам.
Тежок живот. На Разиел му дојде времето.
. brainstorm
. hell no
. Legacy of Kain
. Demian
. hell no
Има различни типови на кајганџии насркани со его. Некои сакаат да и раскажуваат детализирани подробности од своето секојдневие на "Драга Кајгана", ама не признаваат јасно и гласно, "да, јас сум себично елитистичко копиле што мисли дека е совршен, a другите се шупаци". Високо ниво на самосвест, што ретко се среќава, hell yeah, а од друга страна влијанието на форумов ти е чиста филозофија. Мерак да му на човек да чита, што неретко се придружува со гнасна главоболка. Вредно примерче: "Човекот е глуп, ама не му е во ген да биде глуп, ама муе во ген да биде мрзлив и да не се труди да разбере". Дап, и там-тарам, тука доаѓа симболзмот на широки врати. Гнасење од плиткоста на еднодимензионалниот мозок на мнозинството помешано со желбата да се најде човек кој ќе разбере, кој бар ќе се потруди, мајке му. Не мора да си Диоген, тука доаѓаат иновативните Велешани, предводени од девојката која според тебе живееше во илузорен оптимизам(анализата) за потоа и ти да крикнеш дека си среќен во прегратките на илузијата, која се надеваме дека не е илузија,м како што се надеваме и за секое убаво, вредно нешто на овој минлив и менлив свет.
Понекогаш можеш песимизот да го фрлиш во Вардар. И го фрлаш, иако толку плучаше по оптимизмот. Еве кога:
- "ветрот не е фактор". Ти си факторот, ти си почетокот и крајот, причината и последицата, Битието. Добро, хиперболизирам. Ама сакам да кажам една работа. Ти можеш да бидеш којзнае колку паметен, ама која е таа ебана потреба секој пост да го мислиш, секој божји потег да ти биде обмислен? Или само така сакаш да делува? Во заблуда сме, ние обичните смртници?
- "Во природата на човекот е да крши правила". Па да, но зошто толку насобрана потреба за девијација? Глупавоста е бескрајна, разумното размислување и делување во светов би било уште побледо кога би исчезнала идејата за Бог во главата на исплашените верници и кога би исчезнал моралниот кодекс на вредности. Егзистенцијален мозоку, па нели и ти тоа сакаше да го кажеш во темата за казната, како нешто навистина потребно? Инаку, би настанал Хаос.
- Црпење поуки од темната страна кога човек се наоѓа во истата, "сркајќи негативитет", формира исчеличени борци кои пребродиле срања и кои сфатиле дека ако човек не се помачи, нема ништо од небо да падне. Добро, ајде сега малце пореалниот сегмент тука. Ти си градско, чувано човече.
Веројатно човек е одржан од нагонот на преживување и себевоздигнување, но нели кога човек ќе погледне во темното за да се соочи, може да се случи песимизмот да ја убие надежта, вистината да го убие идеалот, и да дојде до сјебан крах, кога човек губи а прашањето е дали ќе дотера до крајот на тунелот а не дали ќе излезе...исчеличан и набилдан. Затоа оптимизмот може да е заблудувачки, илузорен, минлив, ама сигурно е потребен.
Човек кога троши многу часови на размислување, контемплација, самоанализа и психоанализа на луѓето и светот, станува песимист свесен за својата немоќ. Ама ајде, да се држиме дека на крај ќе стане, ќе се насмее и ќе опцуе, тоа истовремено, така прават фраерите како Разиел. После ќе отиде да игра World, изнаоѓајќи одново и одново нови цели и причини за да се труди.
Не знам што изнапишав. Ајде сега малце common knowledge за кајганџии:
Ако Разиел сака да ве убеди во нешто, ќе го направи тоа. Ама ќе ве убеди, само ако ве перцепира како човек што сака да разбере, само ако ве одбере.
Разиел не се срами од тоа што е. Додека во философија, ми личеше дека наметнува еден пресериозен пристап, во љубов и секс, си се смешкав додека го читав. Чудни се жените,да, ама не признава дека има потешкотии во анализирањето на овие створови, туку дека ете, не можел да побегне од своето џентелменство и слично, неочекувано. Уметноста на комуникацијата за момент се изгуби?! Се вљубил, станал свесен дека сепак, срцето сака малце да се лигави. Малце, иако Разиел е нелигаво = сурово човече. Или не?
Како и да, враќај се на форумов, ни треба мозок. Кај се паметните постови сега?
Појма немам, воздивнувам. Тешки пациенти, бегајте од мене.
Next: Гладиус.
По него: Бебуш.
Епа драг пријателе ево ме со анализата...Eeeej брат и за мене ПЛС :smir:![]()
Фаwaa :back: и да знаеш дека си погодил! Цигари не планирам да зеам! Пијан 2 пати у живот сум бил! Ја нова година двата вечери трезно ја пројдов па нормалноЕпа драг пријателе ево ме со анализата...
tomislayer
Братот е најфер член на кајгана(без навреда на другите)кого сум имал можност да се упознаам(преку мсн ама наскоро ќе џогаме заедно)...
Неговиот карактер е препознатлив по рамнодушноста , ставовите , идеите , дружељубивоста,смислата за хумор и љубовта кон алкохолот...
Ајде да почниме со рамнодушноста како особина која е колку што е позитивна толку е и негативна.
Од една гледна точка значи таа твоја рамнодушност преминува во смисла за хумор со која доста ме имаш засмевано и сите тие работи.
Батали тоа,рамнодушноста како позитивна особина јас ја гледам според тоа што и јас сум една врста "дебелокожец"(како што ми вика мајками)
и таа рамнодушност значи ќе те оддалечи од поголеми конфликти.
Но рамнодушноста лошо ќе те претставува кај луѓето што ќе те упознаат во иднина.Ова го мислам на начин дека тие ќе помислат:
-Ах овај ку*от го боли за мене епа шо го е*ам...
Ова ти го кажувам пошо го имам осетено на своја кожа...
Ставовите ти се цврсти и непоколебливи и тоа е еден огромен плус кај тебе од мене.Ставовите секогаш ти биле на место(онолку колку што знам јас).
Ми се допаѓаат посебно ставовите за изгледот,за музиката,верата и ставовите кои ги имаш општо кон случувањата околу тебе.
Продолжи така со ставовите но пази,ова може да постигне контра ефект кај некои особи во смисла-тие можат да помислат дека си тврдоглав како магаре(али пошо си ти рамнодушен секако тоа ти е најмала грижа)
Брат имаш идеи кои што ми се допаѓаат но имаш идеи кои што не ми се допаѓаат...
Идеите твои нема да ги изнесувам јавно(оние што сум ги слушнал секако)
Сепак би рекол идеите секогаш ти се луди и звучат забавно,но за реализација би рекол треба малку повеќе труд...Али доста јадам за ова гомна...
Имаш огромно ниво на дружељубивост и си секогаш спремен да прифатиш ново пријателство и другарство и сите треба да знаат дека оној што те почитува и ти го почитуваш а тоа е една од најубавите особини кои што сум ги забележал кај тебе и оваа особина ти имаш највисока оцена од сите со кои што сум разговарал за тебе...
Смисла за хумор...
Мислам дека за ова не треба мн да јадам гомна али ајде...
Смислата за хумор ти е беспрекорна и секогаш на место и секогаш без исклучок и да се однесува на мене јас се газам од смеење значи си супер џанак во смисла на хуморот...
Љубовта кон алкохолот ти е една особина која што не ја оправдувам...
Иако пијам не ја оправдувам затоа што тоа е порок кој само би те натерал да се избрукаш во однос на оние кои што ти се најмили и најблиски.Брат сите пиеме,ама прими еден совет од мене...
НЕ ДОЗВОЛУВАЈ НИКОЈ,АМА БАШ НИКОЈ ДА ТЕ ВИДИ ПИЈАН...
Ставот кон цигарите и дрогата(не го сместив ова кај ставови пошо сакав да ми се поврзи со пороците).Значи ако досега не си посегнал по овие пороци не посегнувај ко бога те молим...
Јас сум посегнал по цигари и страшно се каам поради тоа.Бев кошаркар и имав кондиција ко коњ а сега не можам да спринтирам ни 500 метри што асоцира на тоа не пробувај Томи цигари....
Тоа е тоа брат ми беше мило и ми беше задоволство да ти ја направам оваа анализа и одвоеното време за оваа анализа знам дека ми е употребено за супер личност