Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Воопшто целосен впечаток за твојот форумски изглед ми дава една слика која ја асоцирам со ликови од некој љубовен филм.:) Љубов во вистинско време ми беше некако најсоодветен. Се обидов читајќи ги твоите постови да создадам појасна слика за тебе.

Маца_мк
- да ме прашаа пред некое време кој форумџиски пар е најзаљубен мислам дека немаше да те споменам тебе. Кога денес читав се почудив на некој начин од тоа колку си запловена во тие води:). Какво е чувството кога сакаш некого Мацо и знаеш дека е покрај тебе? Волшебно. Твојот лик поради таквата судбина да се запознаеш со него мислам дека е целосно трансформиран на некој начин. И тоа секако на одличен. Колку девојки би сакале да посветуваат исти стихови какви што ти постираш, процентот е голем. Не го гледај ова како ласкање, но да имаше уште видови како тебе и Господ ќе беше среќен што ја створил жената.
Ме заинтересира еден пост:
Надвор од овој пост жал ми е што е единствен твој ако не се лажам во темата Љубовни проблеми:). Незнам зошто не се залагаш таму повеќе, гледам дека знаеш да делиш совети.
Претставуваш до целост пример за девојка на место. Обожаваш да читаш книги и кога би имала слободно време несомнено би тркнала да прочиташ неколку страници отколку да го трошиш времето на нешто далеку непродуктивно. Кога сме кај уметноста морам да потенцирам една работа - не гледаш филмови. Слободното време посекако може да се компензира со друга уметност која трае околу два часа. Ако другите гледаат нешто само за да им помине времето, ти гледаш нешто во кое се пронаоѓаш.
Во поглед на музиката имаш многу добар вкус. Добро е што сакаш да го пренесеш тоа секому и едвај го чекаш својот термин на радио:).
Ти си една од ретките која ќе одвои време да честита роденден некому. Еден факт кој говори за тоа колку добра другарка си. Како гласаше онаа изрека "Ако сакаш да се видиш/дружиш со некого ќе најдеш време да одвоиш дури и кога работи против тебе". Види - реално, секогаш си тука за секого, е сега - кој ќе ти се налути ако еднаш неможеш да успееш да стигнеш навреме не е до тебе причината.
Твојот карактер е одличен. Верувај, покрај таквиот впечаток што си го оставила кај секој што те запознал, нема ни за момент некогаш да се почувствуваш како странец.

Храброста е тоа што е повеќе од стравот. Некои би го сместиле ова во глупавост, но не мислам дека е така. Само ако сакаш некого повеќе од себеси можеш да се пронајдеш и сфатиш што навистина си.
Имам една забелешка:). Добро е ако пишуваш постови и во другите подфоруми освен Музика и Љубов. Општи муабети ти е сосема прилагоден, исто и Уметност и литература. И постови од повеќе реда!
Мацо, дружељубива личност си и треба да останеш таква! Твојот форумски изглед шири позитивна енергија:). Аурата има голем обем, затоа е тоа така.
П.С. - фала му на Бога си имала памет кога си одбрала за кој фудбалски клуб да навиваш.
Сега, мхм...еве едно песниче од мене кое ме асоцира на тебе.:icon_lol: А за филм - ќе го гледаш Love Actually.
Ај ако можеш шлапни една и навака:wink:
 
И така додека бледата месечина, целата неизмерна болка ја точеше во водата како некоја жива песок што тече во пустинските часови... туу ја утнав темата. Anyway, психото лежеше на плажата и ја чекаше следната жртва...Лејди Сатори.

Мистеријата започнува од самиот старт. Ај првиот дел од никот е лесно препознатлив, но она што изгубив мнооогу време (не живци) е тоа мало загадочно зборче Сатори. Има мал милион одговори кои ми водат насекаде па затоа ќе заклучам дека Сатори е универзално-специфичен и мистериозен израз. Хах сакаш од универзалното да се направиш специфична. Интересно во секој случај. Уште во влегувањето на овој форум забележав неколку личности кои се одделуваат од серискиот број. Значи ли тоа дека од премногу консумирање на литература и уметност може човекот да се оддели уште од многу рани години од средината? Мислам дека не. Тоа е вродено. Секој кај себе си забележува дека е различен од другите. И нешто последно што ми падна на памет во врска со никот. Satory is a surname of somebody very special to you…ова е најблиското што ме наведе.
Ok enough with the nick let`s go on with some more interesting like your avatar, signature, title….
Аватар. Зошто побогу кога го гледам аватаров ме потсетува на друга форумџијка. Ок нема везе да не постоеше крадењето сите ќе бевме „светци“. Шега на страна во сегашниот аватар (а и во претходните) се гледа некое уживање во среќните моменти. Хмм секогаш сакаш да ја канализираш енергијата во позитивни цели. Негативната енергија ти е залудна глупост и ја презервираш (туу англицизмиве:pos:) и презираш. Ја чуваш се додека не дојде моментот на среќата каде што ја конвертираш во позитивна (нешто као mр3 во wav).
Потпис...Моногамијата не значи монотонија... Па... реално земено да, но ако збориме за во моментот на ... Повеќе личности со кои можеш да општиш...Ама кој како сфаќа. Од моја точка на гледање стрикно се држам на потписот. Polygamy is not my cup of tea.
Title. Жената му на Исус како што викаат миогумина кои ја прочитале Кодот на Леонардо Ди Каприо Да Винчи. Или некоја светица која на секому помага. Не знам некаде ми има светнато дека таквата помош е всушност еден вид на посесивност. Хах сите сме посесивни на крај краева. Сите бараме нешто што ќе ни ја задоволи душата.
Друго што ми прелета за тебе е оптимизмот во преголеми количини. Хмм во него гледаш излез од ситуацијата во која си западната. Голем сонувач и реализатор на многу сонови, сопствени и туѓи. Се врзуваш за луѓе како пијан за плот. Не се откажуваш по никоја цена од работата која ти се зацртала во глава. .
За љубовта... Хах тука гледам бегање од една крајност во друга. Садист кон мазохист.... Силни чувства и нивно експонирање пред публика (љубениот). И како што реков во погорниот дел многу силна е врската... ептен.
Тууу го доведе психото до работ на психо нестабилност па ќе морам да се соземам да не забегам како Гренуј со убивачките наклоности и ќе запрам тука..
Walker don`t leave the battlefield cause you are next. But tomorrow it shall be.
 
Lovely written, I am impressed.
Оптимизам и тврдоглава потреба за остварување, убаво.
Still all the mystery lies in the Les Marionettes.
 
Леона. Тhe little killing psycho paranoic thing.
Девојчево, мора да признаам, ми остави многу интересен прв впечаток.
Чудна е, да. Не на нормалниот начин чудна чудна.. туку, според моите си некакви критериуми. И да, во позитивна смисла мислам.
Не е ко другите девојки што мислат дека живеат in Barbie world full witha rainbows and butterflies. Не, сосема е свесна за реалноста со која се справува just fine.
Друго карактеристично кај неа е што мрази искажување чуства. Одбегнува физички контакти како гушкање бакнување и се што доаѓа во контекс на љубов, секс и папучарење. Добро, секс сака.
Не е една од рибите (намерно терминот да те нервирам) што би паднала на симнување ѕвезди, месечини, универзуми.. Nonsense според неа. Паметна одлука. :)
Ok. Доста за чуства и ствариве пошо би ме убила во спротивно.
Друго интересно кај неа е спонтаноста.
Се однесува спонтано, но афектира и врз другите со таа особина.. што ги наведува да мислат дека животот интересен да се живее. Ain’t it. Дека еднаш се се случува и дека треба да се оди до макс.
Сака пајаци.
Леа е интернет зависник. Месенџер, форум, це-ес и остало. Знае да биде добро друштво. Забавува со одредени начини. Има хумор во неа.. иако понекад хуморoт е црн, а се случува и да е црн без хумор.
Обожава да пие бе луѓе. Blah, who doesn’t. И си го кажува тоа. Нормално со друштво.
3lUkr7744120-02.jpg

Не е дволична.. што има на ум одма плеска во лице.
Мрази емовци.
Ска одбојка.Oбожава да пишува. Често знам да и бидам комисија. Да ја оценам и се`. И давам високи оцени да не ме убие. Инаку и текстовите се добри.
Физички ни најмалку на наликува на гореопишаното. Девојче, да девојче е, со бунтовнички стил на облекување.
0LcKPC346859-02.jpg

Мрази млечни производи, мрази емо’с, мрази турбофолк и од оние one hit wonders траки од кои и се гади.
Се на се Леа рулз. Don’t kill meh.

Дефулт псајкоанализа е, јбг немам баш инспирација за нешо (твојот фејворит збор) фенси! (=
Се надевам блиско сум, иако е долга и досадна се надевам доловив дел од твојот one of a kind карактер. Peace.

A да, се сеќавам Мац правеше анализи кои зборуваат сосема спротивно од што лугето сакаат да чујат. Дали би ме почастил со една?
 
Што значи да си женско,некои форумџии прстите ке си ги сокршат од пишување за да напраат психоанализа :smir: а нас мажите кој не стриже...
 
Што значи да си женско,некои форумџии прстите ке си ги сокршат од пишување за да напраат психоанализа :smir: а нас мажите кој не стриже...

Да те истрижам?
И тоа пред Ада ќе ја креирам твојата анализа,да видиш дека јас се борам за правата на нашиот-со-векови-обесправен машки пол.
 
Да те истрижам?
И тоа пред Ада ќе ја креирам твојата анализа,да видиш дека јас се борам за правата на нашиот-со-векови-обесправен машки пол.

Баш сакам да видам што анализа ке добијам?
 
Баш сакам да видам што анализа ке добијам?

Ај баш види некоја од моите претходни,па пресметај дали сакаш да дадеш согласност за анализа.
I'm waiting,you have five minutes.

Let the games begin,Atom-Ant/
 
Ај баш види некоја од моите претходни,па пресметај дали сакаш да дадеш согласност за анализа.
I'm waiting,you have five minutes.

Let the games begin,Atom-Ant/

Ти прави анализа па јас ке ти кажам потоа дали вреди или не? :smir:
 
И ја би сакал ако нема ништо против господин Мац, пошо другиве се пацери испаднаа, бар да добиеа нешто од жениве, па ај да ги сватиш :icon_lol:
само пак да не ми избришат мислење дека по 3 пат барам анализа?!? :icon_lol:
 
wot, добра анализа, али ме занима..која е Леа (као форумски лик, де):nesum:
 
Здраво на сите. Може ли психоанализа за мене зашто во последно време не ми иде баш под конец па можда и на овој доста чуден (за мене) начин преку импресиите од мојот печат на форумов да ми се даде мислење за мене. Фала од напред и вечно заблагодарен.

Колку да се види подобро зашто на минатата страна од добрите анализи никој нема го примети мојот пост.
 
Колку да се види подобро зашто на минатата страна од добрите анализи никој нема го примети мојот пост.
Тоа е веројатно затоа што никој не осетил желба да те анализира.

Ти можеш на секоја страна и по двапати да си го пишуваш барањето, али анализа пак нема да добиеш, ако некој не посака да ја направи. Баш напротив, ќе постигнеш спротивен ефект, и ќе те сметаат за досаден и напорен, па намерно ќе ти го прескокнуваат постот.

Затоа, најдобро би било ти да започнеш со анализа на член по желба (на пример, на членот ада:pipi: :icon_lol: )
Тогаш, сигурна сум, дека и ти би го добил посакуваниот фидбек.
 
Прекумереното барање на анализа...тоа е стриктно јасно дека страшно те занима општото мислење од другите,значи ти имаш некој комплекс поврзан со твојата личност.Твојата интелегенција не може да се оспоти,тоа е факт!,бараш пријатели онакви рамни на товјот висок IQ мозок,сосема погершна постапка.Ама пак истата таа не ја дефинираш во реалноста,ами само фиктивно односно таму каде што е најмалку битно(форум)
Објектино гледано фрустрациите се покриенени со маска,ама на крај краева тоа и не е битно тука.Критиките нафрлени кон некој послаб во карактер или помалку интелегентен од тебе се најслабата точка која во наврати и не е баш така конструктивна и шармантна,оти така се набива одбивност,често е таа појава кај тебе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom