Добро. Ќе те имам во план, прво морам да го испочитувам тоа што им го ветив на другите. Гла кршам атер не кршам

. Другата недела обавезно!
Епизода 3. Не е Одмаздата на Сит секако

. Хм, можам следниов член да го асоцирам со карактерот на Скофилд и упорноста на генералот Кранц. Сепак, морам непристрасна анализа да ти направам. За некои работи нема да се сложиш а па затоа анализа се нарекува.
Кискино - недокажан Шон Дејли, иако имаш голем потенцијал за да стигнеш да ги доловиш неговите идеи што ги носи во песните. Имав денес повеќе време да ги анализирам твоите мислења и твојот карактер. Заклучив повеќе работи. Ќе почнам од уметноста, секако.
Секој твој пост во Музика е премногу зацврстен, значи немаш некој пропуст тука и добро е сепак што имаш цврсти ставови. Резултат е твоето големо знаење за македонската рап/рнб сцена. Не само во Македонија, го следиш и развојот во странство. Во врска со тоа ти се воодушевувам и го ценам тоа што ме запозна со одреден правец. Секој член на форумов би бил задоволен ако го дели истиот вкус со тебе.
Во врска со љубовта, ме заинтересира еден твој пост
Иако е пишан каде каде порано, тоа мислам дека не ти е остварено. Мој совет, мора да започнеш со нешто ново, најново. Нови авантури го прават човекот рефреширан и се осеќа подобро, барем на момент. Во наредниов период очекувам нешто ново и нов пост овде.

Знаеш да дадеш љубов, тоа е добро. Не гледаш на себе и твоите потреби, на прво место ќе ти биде саканата!
Фамилијарна личност си и ти се дивам како можеш да посветиш толку многу време на семејството. Најбитно е и ти го знаеш тоа. Добра особина кај тебе

.
Во врска со другарството, морам да ти спомнам нешто што го заприметувам. Мора повеќе да се посветиш на нив отколку на виртуелните. Виртуелниот свет е маѓепслив, гледаш секое слободно време да го потрошиш пред компјутер. Гледаш филмови за да на некој начин избегаш од реалноста во која си сега.
Многупати размислуваш за животот и дали е вредно сето тоа патење да го доживееш. Мислиш има среќа ако истрпиш многу работи во животот? Хм, не би рекол. На некои луѓе животот им приредил такво "задоволство".
"Можеби сево ова е и некој тест, можеби животот те спрема да си посилен понатаму" - кажа другар ми.
Другарот бил во право. Ти си силна личност, колку би сакал во тој поглед да бидам како тебе. Одиш понатаму и не се предаваш. Колку и да ти задава животот удари одиш понатаму. И немој да застаниш! Некои работи си ги дозволуваме, а за некои сметаме дека се луксуз, а уствари тие се тие кои ни се задоволство.
Видов имаш некои постови во играчница.:nenene: Не е тоа место за тебе затоа што мислам дека подфорумот Општи муабети и Љубов ти се многу прилагодни за да се прочита твој пост таму.

(покрај Филм и Музика).
Нови подвизи доаѓаат и нови подеми и падови братче

. Она што некој го цени е храброста. Храброста оди заедно со оптимизмот, а ти сепак, си голем оптимиста. Не биди скромен во некои работи, не плаши се од помислата да бидеш сфатен погрешно.
Сакам и понатаму твојот вкус за уметност да остане одличен. Хм, еве се сетив на уште еден подфорум - Уметност, литература и јазик. Ќе бидам презадоволен да видам твоја прозна искра овде.

За крај, носиш позитивна порака, мора да се почитува:
Животот е убав и кога си најдолу и најгоре. Секој поединец што те познава доволно добро не се сомневам дека би те сместил во погорните скалила. Човек со квалитети си, ќе имаш шанса да ги искористиш досега неискористените. Ќе ти посветам една песна која верувам ќе ти се допадне (ако ја немаш слушнато). Ме потсеќа на тебе.