Воопшто целосен впечаток за твојот форумски изглед ми дава една слика која ја асоцирам со ликови од некој љубовен филм.

Љубов во вистинско време ми беше некако најсоодветен. Се обидов читајќи ги твоите постови да создадам појасна слика за тебе.
Маца_мк - да ме прашаа пред некое време кој форумџиски пар е најзаљубен мислам дека немаше да те споменам тебе. Кога денес читав се почудив на некој начин од тоа колку си запловена во тие води

. Какво е чувството кога сакаш некого Мацо и знаеш дека е покрај тебе? Волшебно. Твојот лик поради таквата судбина да се запознаеш со него мислам дека е целосно трансформиран на некој начин. И тоа секако на одличен. Колку девојки би сакале да посветуваат исти стихови какви што ти постираш, процентот е голем. Не го гледај ова како ласкање, но да имаше уште видови како тебе и Господ ќе беше среќен што ја створил жената.
Ме заинтересира еден пост:
Надвор од овој пост жал ми е што е единствен твој ако не се лажам во темата Љубовни проблеми

. Незнам зошто не се залагаш таму повеќе, гледам дека знаеш да делиш совети.
Претставуваш до целост пример за девојка на место. Обожаваш да читаш книги и кога би имала слободно време несомнено би тркнала да прочиташ неколку страници отколку да го трошиш времето на нешто далеку непродуктивно. Кога сме кај уметноста морам да потенцирам една работа - не гледаш филмови. Слободното време посекако може да се компензира со друга уметност која трае околу два часа. Ако другите гледаат нешто само за да им помине времето, ти гледаш нешто во кое се пронаоѓаш.
Во поглед на музиката имаш многу добар вкус. Добро е што сакаш да го пренесеш тоа секому и едвај го чекаш својот термин на радио

.
Ти си една од ретките која ќе одвои време да честита роденден некому. Еден факт кој говори за тоа колку добра другарка си. Како гласаше онаа изрека "Ако сакаш да се видиш/дружиш со некого ќе најдеш време да одвоиш дури и кога работи против тебе". Види - реално, секогаш си тука за секого, е сега - кој ќе ти се налути ако еднаш неможеш да успееш да стигнеш навреме не е до тебе причината.
Твојот карактер е одличен. Верувај, покрај таквиот впечаток што си го оставила кај секој што те запознал, нема ни за момент некогаш да се почувствуваш како странец.
Храброста е тоа што е повеќе од стравот. Некои би го сместиле ова во глупавост, но не мислам дека е така. Само ако сакаш некого повеќе од себеси можеш да се пронајдеш и сфатиш што навистина си.
Имам една забелешка

. Добро е ако пишуваш постови и во другите подфоруми освен Музика и Љубов. Општи муабети ти е сосема прилагоден, исто и Уметност и литература. И постови од повеќе реда!
Мацо, дружељубива личност си и треба да останеш таква! Твојот форумски изглед шири позитивна енергија

. Аурата има голем обем, затоа е тоа така.
П.С. - фала му на Бога си имала памет кога си одбрала за кој фудбалски клуб да навиваш.
Сега, мхм...еве едно песниче од мене кое ме асоцира на тебе.

А за филм - ќе го гледаш
Love Actually.