Прво седнување зад волан

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Па мислам имав 13-тина години, со моите бевме на Матка и од чисто шегување влегов во кола и си седнав на возачкото место. Нормално, погледнав прво дали има поминувачи, не сакав да настрада некој. Ја однесов напред колата(Голф 2) едно 15 метри и после изгаснав. Не се правев фраерка, а во пелени уште. :wink:
 
Леле, прв пат татко ми ме однесе на полигонот на Тетекс каде што се паркирани автобусите. И ај јас да ја повозам малце колата и се закачив во рикверц кога вртев во задниот дел на колата. Па после ја чукаа од внатре колата за да се исправи тоа лимот или како се вика материјалот :):):)
 
На 11 години со татко ми до мене тогаш продававме коли... и имаше една мала Сузуки Марути и на него се извежбав :pos:
 
Леле, прв пат татко ми ме однесе на полигонот на Тетекс каде што се паркирани автобусите. И ај јас да ја повозам малце колата и се закачив во рикверц кога вртев во задниот дел на колата. Па после ја чукаа од внатре колата за да се исправи тоа лимот или како се вика материјалот :):):)
Сигурно лим...освен ако бил Трабант, па да е од дуропласт, ама ако било такво ќе пукнело...исто и ако е ФИАТ Типо...задната (петта) врата му е од некаква пластика...
 
Јас во село, фичо брмчев...нит полиција нит ништо. :)

п.с во летото пред да идам 8мо одд.
 
Тоа се деси еден ден пред да тргнам со часови од авто-школа...Беше пред точно 376 дена на паркингот позади моја зграда...Така, широк си е, па можев слободно да маневрирам ...Со татко ми на совозачко седиште во улога на инструктор, колку да ми објасни за што служи квачилото....Абе лудница... А после тоа ништо повеќе не е исто...
 
јас прв пат седнав зад волан, на цитроен саксо, од авто школата! до мене нормално седеше инструктор и тоа ми беше воедно и првиот час. на полигон наравно. тоа беше лани летото коа наполнив 18. па после полагав, си положив и така. пред тоа, не ни имав желба, ниту пак татко ми ми викаше ај да те учам да возиш.:nenene: а и мислам дека е подобро коа возиш авто-школа, да ти е прв пат, да не знаеш да возиш од пред тоа, оти може да се занесуваш пред инструкторот и да го нервираш. сега имам голема желба и си возам. повеќе сакам на отворен пат, него во град и така:toe::tv:
 
Минатото лето, кога почнав да земам часови. Во црвено Пежо 107. Колку бев тогаш само изгубен случај... Возачка дозвола имам веќе 10 месеци, па скоро и да сум заборавила како сум одела пешки порано. :)
 
prv pat vozev na 13god BMW 325xi

245225.jpg
 
Првпат? Оваа година во јануари, мислам 16 дека беше, накај блиското село со пунтото од `97. Како за почеток, не бев лош. Оттогаш возев уште 4-5 пати. Последен пат, од блиското село до град, со истото пунто на денот кога Косово прогласи независност, 17 февруари ако не беше...
 
Ја прв пат возев коа бев 5-6 одделение еден стар стокец што дедоми го користеше за работа на село :pos:
Иначе пред 2-3 недели завршив со земањето часови, а возев Опел Корса.Иначе го имам возено голфот 3 на братучедми и мојот 5ка (само да го препаркирам хеххе).Сеа треба да се пријавам за финално полагање за конечно раат да возам.Сеа имам голема желба еххеххех ама треба да ја чекам возачката зашто без возачка ќе наеб*ам :D
 
На 9 години и го акнав стоедното во еден ѕид му ебав матер :nesvest:
 
на кратко шо иам возено
прв пат кога возев беше одамна, малку го мрднав фиќето. после тоа го извозив тракторот, ИМТ 539:vozbud: знам нема да верува никој, мислам дека бев 6 одд кога од паркинг извадив Mercedes Actros сосе приколица памтам аутоматик беше и права ѕверка. овие две лета го возам џипот а сега почнав да го возам и Партнерот
 
Првпат позади волан ...мислам имав 14години...онака мајка ми само ми дозволи да ја "запалам" колата (југо 55ка,рулзз :D)...А прв пат возев летово,земав часеви со инструктор,беше интересно (интересно,лажам.. ЗАКОН беше едвај чекам да положам :vozbud:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom