Прво седнување зад волан

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Џиш, по четирите фара се разликува примерок произведен во Словенија и Франција.
такви, со 4 фара правеше само Цимос Копер.
Не сум знаел дека Цитроен се правел во Словенија.... За Бубите, Голфовите 1 и 2 од ТАС знаев.
 
Не бе... Воланот беше еднокрак, ама таблата натре беше поделена на 3 дела... центар километраж, десно од него, обртомер, а најлево беа сијаличките за бензин, масло и тн. Штета што неможам да најдам на гугл таква слика, а ако најдам ке ја закачам, да ја видиш.

Еве ја конечно.... А крем беше бојата.
tomos23.jpg

И носеше ознака GS Super 1.3
40099tclub07s.jpg

Ги има ли уште во продажба на ново или истребени се веќе ?
 
Ги има ли уште во продажба на ново или истребени се веќе ?
Такво оддамна неможеш ново да најдеш...а и половните станаа реткост.
Џиш, таквата километража ја викаа „киклопско око“ :)
А, формата на шалт таблата помалце заличува на Пунто :)
Последните серии беа со „саатови“ класични./ Не така Ситроеновски откачено...И, приметете кај му е рачната кочница :)
заебанција имаше и при подигање на возилото со дигалка ако сакаш да вадиш задна гума...Ја дигаш колата, и тркалото оди нагоре и се крие под крилото, кое нема класичен отѕвор за тркалото, туку тоа е покриено...Имаше финта со подигање на нивото на колата (нели, хидраулика)
 
И најбитното... Можиш да смениш гума без дигалка. Ја креваш највисоко, ставаш трупче, одлабаваш штрафовите и ја спушташ полека да легни на трупчето... Имам менувано гуми така ехеее. А најзаебаниот дел беа кочниците. Дискови на сите 4 тркала, со таа разлика што на предните тркала дисковите се наоѓаа веднаш до менувачот т.е. на полуосовини беа монтирани. А да... и системот за потпирање со кунплуг и кочење беше еден. Ако се поеби некаде нешто, колата ке легни до земја, немаш кунплуг ни кочница :)
 
Прво седнување зад волан беше кога заучив 8-мо есента, на еден пат ко на Париз-Дакар да возев со 101-ка и без проблем тргнав и возев, без да ми изгасни. Па после тоа, секое одење надвор од град се знаеше, следува возење.
 
јас на 14 години на автопат накај куманово, со југо 45 од татко ми, и интересно беше

se nadevam deka i sin ti koga ke ima 14 godini ke go sednes vo kola na avtopat i ke go pustis da vozi. Radi takvi idioti ko tebe i tatko ti, nevin narod gine po patistava!
 
15 години со 101 околу нивите во реонот на некогашното село Побрегово. :D Рели шема.
 
Та и рачната е на предните тркала....
На ксарата не е напред?
Тетин ми имаше ксантија, и неа и беше напред рачната, па кога отиде на технички, ги проверуваа задните тркала, и му викаат рачната не кочи:pos2:. Овај излезе надвор, крева рачната, пробува да тргне, колата нејки да мрдни од место, па потоа се сетија дека рачната е на предните тркала.
 
Jas prvpat na 13g. so ladata(112) na tatko mi, odejki na kaj baba mi v selo....super bese..prvo mi se tresea racete, ama posle ne sakav da stanam....
 
На ксарата не е напред?
Тетин ми имаше ксантија, и неа и беше напред рачната, па кога отиде на технички, ги проверуваа задните тркала, и му викаат рачната не кочи:pos2:. Овај излезе надвор, крева рачната, пробува да тргне, колата нејки да мрдни од место, па потоа се сетија дека рачната е на предните тркала.
Не, на Ксарата е назад...има и се друго „нормално“...Еден е од „нормалните“ Ситроени...заедно со AX, ZX, Saxo, C1, C2, C3, C4...
Конструкција и механика исто како кај која било друга кола.
 
Не ми праи и никад нема да ми праи ќејф вожња..:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom