Првата цигара?

  • Креатор на темата Креатор на темата Novinarot
  • Време на започнување Време на започнување
Првата цигара ми беше во 6то со двајца другари. Всушност, тргнав само два пати од цигара и ми беше гадно.

Додека активно почнав два-три дена пред почетокот на 1ва година средно.
 
Леле за тие крукчиња колку се имам мачено додека научив како се прават.
Се сеќавам прва средно бев, и прва смена на школо ама не отидов. Се собравме 3 другарки кај едната дома која патем беше сама утрото. Палевме цигар по цигар само да се научиме тие проклети крукчиња да ги правиме. Помина време сами од навика почнаа да се прават и сега обавезно кога пушам цигар од навика испуштам крукчиња. А инаку редовен пушач сум од осмо одделение, средината некаде ако не се лажам беше зимскиот распуст. Милина беше тогаш. Авантури, бегаш, се криеш да не те фатат...

Хаха, да, јако беше, лол! :) Ама повеќето што ги знам почнале да пушат ради крукчиња правење ^^
 
Мајка ми пушеше по една цигара секој петок (ритуално).:pos2:
Никад не можев да најдам каде ја крие кутијата, а сакав да пробам, љубопитност нели. Случајно барајќи ханзапласт, ја начекав и кутијата збутана кај неа у шкаф.
Имав 12, и во ВЦ беше откритието. Грди беа, некоја третокласна цигара.
Не пројавив желба да го повторам тоа, едноставно гадно беше.

Не сум пушач, а никогаш не велам дека нема да бидам. :baeh:
 
Првата цигара.. хмм (:
Којзнае колку години сум имала и јас.. од 8-10 негде, знам дека мајка ми му побара на татко ми да и запали цигара и да и ја однесам.
И така (:
Повлеков премногу и се здружив со лавабото :)
А потоа земав од чиста мира, онака social во 2ра година во Охрид и во 3та по некоја на голем одмор.. ништо посебно не ми значеа и "ги оставив".
Нема да бидам пушач во иднина и цврсто стојам зад тоа дека не се станува зависен од ништо ! (:
 
Никогаш не сум пробала, а нема ни да пробам. Цигарите се штетни.
 
имам испушено 3,4 цигари и уопште не ми треба..инаку првата ова лето ја дувнав..:smir:
 
Првпат дувнав пред неколку месеци ама само колку да пробам и сум не пушач . Инаку си виткам секое искачање чај , камилица , нане , јагода многу е јак филингот .. И има друг вкус многу е добро :pos2:
 
Имам пробано димче на 5-6 години и побарав на баба ми.
Од тогаш ниеднаш немам ни намера да пропушам:toe:
 
Првата цигара ми беше на 8 годишна возраст.Ненадејно се појавив дома и ја фатив сестра ми со цигара во рака.За да се увери дека ќе молчам ме натера да запалам со неа.И веднаш ми се направи филм,малборо црвени.Потоа ме научи да вовлекувам,па јадев шамари на финтата „ај речи иии тато (плас) пред татко не се пуши!“ се до моментот кога со мој џепарлак ме праќаше по цигари :)
Активно се занимавам со овој спорт од 14 годишна возраст,без прекин:)))
 
Првата цигара трето четврто одделени со К. позади нас куќата не беше направена и не ја испушив онака ја испавкав. Првиот џоинт прва година средно :icon_lol:, хулигани ме излажаа :icon_lol:. После првата цигара не запалив друга и ден денеска сум непушач, а за второто активно се до крајот на средно, па пораснав и го баталив и тоа.
 
Ааааааааај се сеќавам, ама се сеќавам и на говорот на братучетка ми после :pos: :pos: :pos: бевме на одмор кај дедо и баба и една втора братучетка, воедно и прва комшика, запалила цигара, ама јас ја начекав. За да не ја кажам (а потоа ја кажав :pos: :pos: :pos:) ме натера да повлечам дим (да не се лажеме не се натегавме многу, бев радознала :pos:) и... ко за беља братучетка ми не нечека двете :pos: ко шпанска серија бевме :pos: :pos: :pos: аааааааааааааааај убаво што се потсетив :pos: :pos: :pos: следуваше добар говор плус ќотек. Се сеќавам дека кога влезе братучетка ми ја фрлив цигарата на земја и ја изгаснав АМА бевме внатре па на комшиите роднини им го средив тепихот кој го купиле една, две недели предтоа :pos: :pos: :pos: :pos: јадев ќотек заради тепихот и заради цигарата, но не смеев да плачам оти така сите ќе знаеја што се случило :pos: :pos: :pos: тоа беше тежок ден :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
првата цигара ја пробавме кај еден другар на тараса кај дедо му , немавме пари за цигари па земавме хартија и нане и оригано и си сролафме една и ја пушевме и многу горчеше и го лгумефме миле паника од К-15.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom