Првата цигара?

  • Креатор на темата Креатор на темата Novinarot
  • Време на започнување Време на започнување
Првата цигара т.е 1 дим ми е у 8одд :) Ама не пушам нее бе :)
 
офф.. се сеќавам и те како... да сум сеа со овој памет на тие години.. (13).. аххх ке ги утепам тие двајца шо ми дадоа цигара :)
 
Второ полугодие осмо.Во кафиќ со другари, купивме една кутија и ја делевме на тројца.До прва не пушев и после од ко си почнав, мака немам до денес.Немам ни волја да ги откажам, сега за сега барем :)
 
ехх....ко да беше вчера, Четврто одделение бев, Бонд имаше стариот донесено од Србија мислам, по мало нечкање “да палам-да не палам’’-запалив.
Ја испуфкав скоро цела цигара, негде на крај случајно увлеков, се зашемутив и на гз ќе паднев!

После едно 3 години “ги откажав’’, во седмо запушев асално и до ден денес сум среќен пушач на кутија ипол до две на ден.
пс. Бондот мора да се врати на пазаров наш...и Лакистрајкот исто.

На Бондот не сум баш некој "фан" но Лакистрајкот е дефинитивно една од најдобрата цигара што ја имам пушено...

Иначе првата цигара ми беше во 6то одделение. Другарите беа купиле Југославија мислам дека беше во тоа време, знам дека беше црвена мека кутија. Отидовме во шумата и ја испафкавме кутијата за пола саат. Ги пафкав некое време но ми рекоа дека од пафкање може да добијам рак на јазикот и подхитно се научив да ги влечам со помош на добропознатата метода "ИиИИиИиИ Тато иде" за да не добијам рак на јазикот (мали деца јебига).

Од тие времиња па до денес сум горд пушач на Родео Меко
 
Второ полугодие осмо.Во кафиќ со другари, купивме една кутија и ја делевме на тројца.До прва не пушев и после од ко си почнав, мака немам до денес.Немам ни волја да ги откажам, сега за сега барем :)

Сите сакат да ги остават а неможеш а ти па можеш а несакаш ако разбрав : D
 
Првата цигара ја испушив во 1 година.Со двајца другари (пушачи) седиме во кафич, со кафето си палат цигара и ме фати пусти мерак да пробам и оттогаш до ден денес уште си пушам :)
 
Шесто накај седмо бев.Сите пушеа и ај со другаркиве и ние.Пушев едно три-четири месеци и после тоа ги оставив .. ми помина меракот.
 
Првата цигара ?

Кога за прв пат сте запалиле цигара? Дали кога сте понале со пушење цигари ви се лошело... Јас почнав пред некоја недела и некогаш кога ќе запапам цигара толку ми се гади... Имам слушнато дека почетниците требало да пушат некои послаби цигари... Јас пушам Родео тврдо. :)
Ваше мислење?
 
а зошто пушиш кога ти се гади?:tapp:
 
Толку очајно сакаш да припаѓаш во некоја класификација? Што форсираш ако ти се гади? Мислиш дека добиваш на coolness level-от? Можеби порано. Ама, сега има премногу морон4иња во обид. Квантитетот ствара комерцијала. Аналогно, цигарите сега не се кул. Пробај со шприц штом си расположен за експериментирање.
 
Како прво пуши цигари скоро цел клас, а и не ми се гади секогаш... на пр. понекогаш ко ќе запалам од сабалје... ме бола главата и ужасно ми се лоши. Али цигара во комбинација со кафе... одлично е! :)
а зошто пушиш кога ти се гади?:tapp:
 
Аааа цел клас пушел.. Пу, а шоубав пост напишав.
 
Не се кул?! Не би рекол! :)
Толку очајно сакаш да припаѓаш во некоја класификација? Што форсираш ако ти се гади? Мислиш дека добиваш на coolness level-от? Можеби порано. Ама, сега има премногу морон4иња во обид. Квантитетот ствара комерцијала. Аналогно, цигарите сега не се кул. Пробај со шприц штом си расположен за експериментирање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom