Првата цигара?

  • Креатор на темата Креатор на темата Novinarot
  • Време на започнување Време на започнување
Еден добронамерен совет само.

Врз основа на досега изнесеното заклучокот е дека сме ОШТЕТЕНИ мислам баш во тие години се развива и оформува респираторниот систем како и срцевиот...а многумина(и јас) баш во тие години почнале да се никотинизираат-значи да се знае за во иднина....пушење цигари после 19..20 години:smir:

Lucky Strike во 1-ва година средно со другарите кои веќе пушеа повеќето во дискотека (златни времиња тогаш се пушеше секаде, не паметат помладиве:vozbud:)
Цело средно ги пушев Lucky Filters отров цигари и секое сабајле кашлав како вол.

Лаки се квалитет...јас во петто ги пушев...тие и бонд стрит црвено(откако дравата ја баталив). а во 7-мо и 8-мо одд камел кафено...мххх најзакон се лаки и камелот дефинитивно.:kafe:
 
Мене па камелот ми мирисаат на киселкасто, не ми се баш убави . Лаки страјк немам пробано.
Инаку првата цигара се случи на 8-9 годишна возраст , ко што кажа некој незнаејќи што прават. Издував два три дима и ја изгасив.
После тоа на 11-12 години, пето или шесто, се нафурав и си земав кутија ВИП цигари :pos2:, внатре во филтерот имаа кристалчиња.
И онака од никаде, во една играчилница со компјутери од џеб извадив Вип цигари и запалив. Сите ме гледаа ко да сум паднал од небо .
 
Прв пат како многу мал мислам дека мајка ми ми имаше дадено дим да земам (да пафнам претпоставувам во тоа време) од партнер ми се згади животот. И после, во петто на први април се маскирав како хипи и си носев од хартија направена џокла и интересно ми изгледаше и цело петто и почеток на шесто со другар ми виткавме хартии и ги палевме и ги пушевме, дури на крај и се навикнав. И конечно, во осмо премногу ми беа интересни крукчињата со цигара што ги прават другарите и морав да запалам и јас за да научам и така, малку по малку, пропушив :) И така :D
 
Почеток на 2ра средно. И одма вовлеков хаха. Се чудев зашо не кашлам пошо ми викаа прво сите кашлале. После ми се вртеше пола саат ама сепак нишо страшно. Пушев година ипол и еве сеа сфатив дека не ми претставуваат никакво задовлоство и ги остаиф. Се дешава некад да си зеам една две ама ретко. :)
 
Мислам дека беше прва средно, Marlboro беа, на еден другар и ме тераше демек ај земи, земи а не знаел дека претходно немам пробано и онака јас да докажам демек еве бе види дека можам. :pos: Ама не ни вовлеков тогаш додуша и после тоа не сакав да чујам за цигара, во 2-3 сите почнаа да пушат, им ги кршев цигарите. И негде прва на факс започнав активно да купувам кутии и со сите нишани...
Сега апстинирам некој период, се надевам ќе потрае. :)
 
Еден добронамерен совет само.

Врз основа на досега изнесеното заклучокот е дека сме ОШТЕТЕНИ мислам баш во тие години се развива и оформува респираторниот систем како и срцевиот...а многумина(и јас) баш во тие години почнале да се никотинизираат-значи да се знае за во иднина....пушење цигари после 19..20 години:smir:



Лаки се квалитет...јас во петто ги пушев...тие и бонд стрит црвено(откако дравата ја баталив). а во 7-мо и 8-мо одд камел кафено...мххх најзакон се лаки и камелот дефинитивно.:kafe:

Jaки се многу, 14 со 10 се никотин катран. ОПАСНО ПО ЖИВОТ !!! :) Aли добри се, права цигара од 1 цигара 2 саати не ми се пуши после.
 
Прв пат како многу мал мислам дека мајка ми ми имаше дадено дим да земам (да пафнам претпоставувам во тоа време) од партнер ми се згади животот. И после, во петто на први април се маскирав како хипи и си носев од хартија направена џокла и интересно ми изгледаше и цело петто и почеток на шесто со другар ми виткавме хартии и ги палевме и ги пушевме, дури на крај и се навикнав. И конечно, во осмо премногу ми беа интересни крукчињата со цигара што ги прават другарите и морав да запалам и јас за да научам и така, малку по малку, пропушив :) И така :D
Леле за тие крукчиња колку се имам мачено додека научив како се прават.
Се сеќавам прва средно бев, и прва смена на школо ама не отидов. Се собравме 3 другарки кај едната дома која патем беше сама утрото. Палевме цигар по цигар само да се научиме тие проклети крукчиња да ги правиме. Помина време сами од навика почнаа да се прават и сега обавезно кога пушам цигар од навика испуштам крукчиња. А инаку редовен пушач сум од осмо одделение, средината некаде ако не се лажам беше зимскиот распуст. Милина беше тогаш. Авантури, бегаш, се криеш да не те фатат...
 
Јас првата цигара ја запалив во втора средно, на мои 15 години. Дотогаш бев спортски тип, против алкохол, против цигари... ми нудеа во прва година, викаа, пробај, земи - јас, не, не и НЕ. И така еден убав сончев ден во октомври, кај едно девојче од клас бевме собрани и седевме во двор и јас само и се свртев на другаркава и и реков, дај бе дим и она ме погледна со поглед како ОМГ и така...останатото е историја. :) Сите претежно беа запрепастени, пошто јас бев таква мирна, бубалче бев... :) Наредна година дена само од една продавница купував цигари на други места ми беше срам, па терав другарки и другари да ми купуваат. :) А иначе првата кутија беше живи смешки кога ја купував, пошто срам ми беше да влезам да купам и реков на другарка да влезе и да ги купи West со формулата (не знам дали ви текнува едно време вест имаа фромула, наградна игра или нешо беше) и она вика нема и ми зела вест црвено. Аууууу отров. Една цигара не испушив до крај, само по три дима зимав од цигарата.:icon_lol:
 
Троа

Првата цигара ја запалив кај една другарка дома - она изгреба цигари од нејзините домашни, мислам дека беа Југослвија или слично.
Тогаш имавме 17 години ...
Потоа уште извесно време се чаталевме по град со купување цигари, од типот сите собираме пари и еден купува кутија и ја чува скриена па при секое излегување ја носи и пушиме ... а иста таква метода се применуваше и во со другрките од школските клупи.
Потоа штом се запишав на факултет и тие лудории завршија ...
Сега не сум пушач - само се гребам од време на време - ако се изнервирам, возбудам или начукам во град или на работа. Ако се гребам, се гребам асална цигара или Марлборо лајт или Давидоф лајт слим, најмалку Ронхил лајт слим
 
Прво... паа мислам пред 4 години на василица :) и то почнав со стил :) Президент хехе... па после сеа годинава од нова година почнав асално по 6-7 денот :)
 
Jaки се многу, 14 со 10 се никотин катран. ОПАСНО ПО ЖИВОТ !!! :) Aли добри се, права цигара од 1 цигара 2 саати не ми се пуши после.

Види сеа за ќејф стварно прават...ајј ќерата се настрвив..ахх она кругчето лаки страјк ми се причинува на родејкава... и Да задоволуваат барем а тоа што имаат никотин повеќе и не е некој проблем...оти овие мастикиве за џвакање(за откажување од цигари) имаат 2мг никотин...а просечен откажувач џвака по 4- 5 на ден...ги има ли сега лаки страјк ама со маркица...камел купив скоро ама филингот бе...еее години немам запалено лаки страјк да не знаеш каде продаваат...јас кај што имам прашано велат нема:(
 
Prva zapalena cigara so 11god Lord a pocnav da si kupuvam so 12god Clasik pa ponataka so tekot na godinite menuvav tip na cigari vo zavisnost od finansiskata moznost nekolku godini bea Boss pa Ronhil pa Jugoslavija...:mist:
 
Малку оф.....

Чудно ми е, дека неможам да пушам цигари како што се партнер, емт. ориентал еднаш седев на село 3 дена без цигари, не запалив а имаше ориентал, значи исти како да нема цигари...
Бренд е последна граница на цигари кој можам да ги поднесам, навистина незнам како лугево, т.е. постариве пушат пр, партнер:toe:
 
Со братучед ми у викендица кај дедо ми :) 3то одделение бев, му џопнавме на дедо ми една родка... копиљаци шо да праиш..
 
Никогаш не сум запалила цигара и никогаш нема ни да запалам!
Можам само да кажам кога прв пат ми понудиле цигара, а тоа е во 5то одд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom