Прва менструација

хм, само да прашам нешто
кога за прв-пат најчесто се добива на колку одприлика години ?
 
Прв пат добив во осмо одделение, значи на 14 годишна возраст, мај беше месецот, а за датата врска немам. Се вратив од школо и кога се видов бев буквално поплавена.
Претходно мајка ми ми ги имаше објаснето детално работите, што е тоа, кога се појавува, симптоми и слично па не бев воопшто изненадена и запрепастена.

Не почувствував никаква промена пред да се појави крварењето и така беше се до пред една година. Од тогаш за време на ПМС задолжително менувам триста расположенија, ме боли главата, стомакот ми е подуван и имам огромни болку во половината. Од стомачните барем засега сум поштедена.
 
леле....и датум памтите....година....ден....браво

ама нешто друго забележав......во просек на сите девојки првата менструација им дошла на околу 13 год....значи имаше и на 11 год ....и на 14, 15...

ех.....во мое време (не сум престарена) ....првата менструација обично на девојките им идеше во средно....или барем 8-мо одделение.....

значи.....во 6-то одделение на една другарка и дојде за првпат ....а ние останатите девојки се скапавме во чудење ....како којзнае шо да се случило.....дури е зезавме....така ми се чини.....демек сега таа е од сите нас поголема.....шо ти ја знам .....глупачки

....е така.....значи сеа гледам на девојчињата некако порано им иде......од шо е така незнам.....ама се си мислам од новиот ни начин на живеење (читај ,,европски,, или ако сакаш ,,американски,, живот) .....односно од ......рефус батаци (бразилски, амерички) .....сите видови на џусеви.....(пази 100%) ....и ред други работи....не ми текнува.....

а мојата прва менструација ми дојде кога завршив 8-мо ......во летото....не беше нешто којзнае каков шок.....ама ете како повеќето од вас и јас се акав од плачење.......без везе

ај така...........:helou:
 
Кратки реклами ко Јове на сликите

Нели се викаш Ива?
па мене ме викаат мики па сеа што... татковците на ќерките често им лупаат нежни надимаци

инаку првата менструација најчесто доаѓа од 11 до 14 ггодини ама зависи од организмот...
доколку не дојде до 18-19 тогаш веќе редно е да се појде на лекар
 
И кај мене немаше ништо драматично. Ми дојде прв пат некаде на карајот на 8мо, може да се каже дека е покасно, сите мои другарки веќе имаа добиено, слушав муабети, а и мајка ми ми објасни убаво дека ќе ми се случи такво нешто, да не се плашам и ми кажа како да си ставам влошка. Коа добив бев сама дома и немаше фешти:pos: После и кажав на мајка ми и толку.Болки немав никакви и фала богу ги немам до ден денес
 
Jas dobiv na 12, premnogu rano....mnogu odvratno mi izgledase, ne se sramev, otvoreno razgovarav so majka mi, taka da sega se naviknav..N
 
Шесто одделение, у школо. :icon_lol: Уште не сфаќам кога ќе ми текне, ама тоа само на мене може да ми успее да носам бели панталони 6х45 мин., + 20, + 20, и да неам ништо на панталоните. :icon_lol: Нишо, дома укопчав шо е работата, реакцијата ми беше ќутенка од 10 секунди, и едно "а, супер + :icon_roll". :icon_lol:

И така, од тогаш си се дружиме. Не се мразам еднаш месечно што сум женско, не ја пцујам природата такоџе, а единственото зло што ми го направила е тоа што ја има и у лето. 4 до 5 дена, ама за тие 4 до 5 ја чуда можам да напрам. :icon_conf Во рок од скоро седум години, една болна менструација не сум имала. :toe: Не сум имала ни проблеми со спортот ни со било каква физичка активност у тие денови, а сосема друга работа е што ме мрзи па си се вадам легално. :icon_lol:
 
Добив пре пре премногу рано :) И затоа тогаш малце од памет ме извади, али се предпоставуваше дека ќе добијам рано затоа што многу рано почнав да се развивам..тоа ти е...
 
Гледам има и такви девојки што паметат датум. Јас не за жал. Ама затоа си ги знам сите детали. Бев петто одделение, последен час математика. Дојдов дома и што да видам. И кажав на мајка ми и отидов да си купам влошки.
 
11 јули 2002 хаха мислам шесто за седмо бев значи 12 години сум имала така му иде. Знам читав лектира (хаха) и отидов до веце и коа ке видам шо ке видам!:vozbud: незнаев да ставам улошки а не ни знаев кај стојат затоа акнав цела тоалетна на гаки иххиих. после дое мајка ми од работа и кажав и се скинав од плачење ,се избањав ,ми слепи една улошка на гаќи и тоа беше тоа ... :)
 
15.05.2003. Бев седмо, значи 13 години. Ми беше многу чудно. Домашните ми честитаа:jaj:
 
леле ич не ми текнува кога прв пат добив ама мислам дека беше летото за седмо.
поима немам како изреагирав само знам дека ја викнав мајка ми ми даде влошка ја ставив и ништо посебнон терав даље. ама кога требаше да се купуваат влошки никогаш не сакав да си купам секогаш ја терав мајка ми зошто ми беше срам:pos2: којзнае што сум си мислела хихихихи дете...
 
Не бан од тема, ами бан од форум ќе добијат сеирџиите.
Океј?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom