Прв бакнеж

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
zosto tolku kasno ???

никогаш не е касно
да се жестоко љуби
се додека срцето чука
во него се крие
топла жар на љубовта

срцето што сака
години не брои
и не се плаши
од нив

тешко е да се сака
потешко е да не се сака
но најтешко е
да најдеш сакан кој
ќе те сака
----------------------------------------------------------------------------------------------------
што мислиш и оние
што беа на Сремски фронт
90% беа 18- 19 години
и беа Македонци наши
кога тие добија бакнеж
не мислам на оловен
кои го добија1684 борци
кои не се вратиа
а беа наши,и млади
без да осетат
што е љубов
и прв и прав бакнеж
 
Нема да веруете...кога имав 8 години..на свадбата каде што бевме девери или таму незнам шо како...ама секако не француски...иначе најубавиот бакнеш пред 1 година 1 месец и 2 дена...на велешката костурница...со едно девојче..и до ден денес го паметам..ама сепак..прв си е прв..но не и најубав :D
--- надополнето: 9 мај 2012 во 23:25 ---
А да ацид ме потсети таа што ја бакнав кога имав 8 години..учевме заедно и имаше најголеми цицки во класот..:D
Ваљда имала само цицки. Не може да има најголеми од проста причина што другите женки од твојот клас најверојатно немале воопшто.
 
Грешка во пишувањето,сакав да напишам учевме заедно до 8-мо оделение :) И имаше најголеми..:)
 
Прв бакнеж онака муце на муце ми беше на 8 години под кебе си игравме демек шатори во детската со девојче од пријатели на мама и тато. Потонав кога сестра ми го тргна кебето :oops:. А онај другиот во осмо нашколо. :)
 
7мо за 8мо далечната 1999 или шо би рекле минатиот век :) беше зима и тој период врнеше многу снег :) бевме со црвени носеви као ескими...али деца што знаат што е романтика, снег ова она... се излигавивме али беше слатко и интересно :X3: ... цела ноќ не спиев бидејки ми шетаа змаеви у стомак :LOL:
 
Прва година, со девојка од соседниот град, на стадион.
 
Прв бакнеж кај мој другар на роденден. Срам ми е да кажам , ама она го повлече првиот чекор. Се излигавивме шо се излигавивме , а после дури и си поодивме малце. Ееее никогаш нема да го заборавам тој бакнеж.
 
Аааај, уште треперам кога ќе се сетам на првиот бакнеж. А многу одамна беше. Памтам дека беше среда. Памтам дека беше август. Памтам дека врнеше. Го памтам неговиот поглед. Заводнички. Таинствен. Поглед на големиот Казанова залутан во мојот град. Многу девојки полудеа по него. Не дека беше толку убав, привлечен или било што. Едноставно, беше нешто ново, различно. И се уште не знам како меѓу сите нив, баш јас му го привлеков вниманието. Не дека не ми се допаѓаше, ама па и не бев од оние кои трчаа по него. Никогаш не трчам по машки. Доволен е само еден мал знак. Ако е заинтересиран, веднаш ќе сфати. Очигледно, бил заинтересиран...
Но, да се вратам на конкретната августовска вечер. Памтам како наеднаш, како случајно, сите околу нас исчезнаа, ги снема. Останавме сами. Јас, тој и капките дожд кои пополека се цедеа низ нашите лица. Памтам како нежно ме привлече кон себе. Памтам и како ми чукаше срцето во тој момент. Го памтам и вкусот на неговите усни. Долго време потоа го осеќав тој вкус на мојот јазик. Памтам и како целата таа ноќ не можев да заспијам од пеперутките што ми играа во стомакот. Ги памтам љубопитните лица на моите другарки кога се видовме утредента. Сакаа да знаат се. Морав да им раскажам. Сепак, бев прва во друштвото што бакнала некого.
Се изгубив во спомениве :) Дефинитивно можам да речам дека првиот бакнеж ми е еден од најубавите спомени од раната младост. Наивен, страстен, а можеби и единствениот искрен бакнеж кој сум го дала и добила. Спомен на едно време, кога се беше така искрено, чисто, безгрижно. Спомен на едни очи чиј пламен одамна згасна. Спомен на едно срце кое некогаш знаеше да сака....
Аааа, да, за бакнеж беше темава, доста со филозофии :)
 
Како добро опишуваш прв бакнеж, сигурен сум дека ќе читам 3 саати за твојот прв пат :)
 
Се случи и тоа, 2 недели имав несоница.. Насмеана до шестките..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom