- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Кога врз памукот од мојата маичка ќе се налепи чад од 3 испушени цигари, кога истиот ќе се вбризга подлабоко под наслојките од кожа, органи и влакненца, јас по правило треба да имам лице на медитативна Индијка.
Инспиративно, овој пат катаклизмата ме стигна, та ниту еднаш не успеав да трепнам додека те гледав. Никотинот не помогна. Закоравените солзи се топеа под жарта од срцето, жар толку горежлива и болна, жар што повредува и сече...
И знаев уште пред да зборнеш што ќе речеш, знаев дека ќе дојде деструктивната планетарна борба во мојот организам, дека еден ден ќе посакам да повратам од болка. Толку е очекувано мил, дека робувањето на сопствените слабости еден ден ќе те стигне. Тој ден за мене дојде. Коинцидентно и времето надвор го следеше мојот ритам. Ритам на бестијално рикање и крици за минатото...
Останувам... Не сум сама.
Јас сум со тебе...
На улиците,
на пешачките,
во парковите,
становите,
кафаните,
фурните,
планините,
на дожд,
на сонце,
секаде!