Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
“...Температурата во центарот на градот изнесува 36 степени целзиусови. Малку необични температури за време на ноќните часови, но ние продолжуваме со напата музичка програма. Следува најновиот хит на....“

Овие зборови беа единственото нешто што ја прекинуваа безмалку совршената тишина.Тој седеше сам во дворот на куќата на неговата баба. Гледаше во темно-модрото небо кое беше осветлено со безброј ѕвезди и ја слушаше тивката музика од радиото. Оваа вечер на ред беа љубовните песни.
Се почувствува осамено, и на момент се исклучи од светот. Посака да е со неа во Америка, на Мајами. Да се сончаат заедно, да ги ловат големите бранови, да пијат коктели под дебелите сенки на чадорите. Но сепак нешто друго го измачуваше. Посака љубовта која таа ја имаше према него повеќе да не го грее. И не беше тоа поради што и онака надвор беше пеколно жешко. Беше поради фактот што тој умираше. Леукемијата ја достигнала својата крајна фаза. МУ остануваа уште само две недели живот. А најмалку што сакаше беше да ја остави неа сама. Токму затоа сакаше љубовта да прекине...
Онаа тишина која на почетокот беше владетел на просторот овој пат беше прекината со гласно свирење на пијано. Мелодијата беше прекрасна. Тој ја препозна. My immortal, промрморе гледајќи кон ѕвездите, но овој пат со изгубен поглед.
Еден нежен женски глас потврди. Тој се изненади, погледна околу себе и виде дека повеќе не е во градината. Лежеше во креветот од хотелската соба, а таа свиреше на пијаното.
И тогаш сфати. Сето тоа беше само лош сон. Тој навистина беше на Мајами со неа. Сега им остануваше уште да се впуштат во некоја авантура.
Отидоа на плажата...

...The temperature is 39 degrees. A wonderful condition for a good sunbathing and swimming in the fresh ocean. Let us continue with our summer program. The next song...“

Тој се присети на сонот и само слатко се насмеа. Ја бакна неа и ја запеа песната која одеше на радио...
Look into my eyes - you will see
What you mean to me
Search your heart - search your soul
And when you find me there you'll search no more
 
Заборав... (посветено)

Постојат моменти кога срцето плаче за одговори, но нивните уши не го слушаат... Моменти кога замрзнуваме на студот од нивните зборови, а нашето тело копнее по прегратка... Моменти кога сме во просторија со многу блиски личности, но во нивната душа сме непознати... Потоа тука се моментите кога стоиме понизно пред саканата личност, а таа останува слепа за нас... Моментите кога се гушиме во сопствените солзи кога за другите тие значат среќа... И во сите тие моменти некои прашања не ни излегуваат од глава : "Каде згрешивме? Можеше ли да биде поинаку?" Епа драги мои, на тие прашања и многу поголеми научници од нас не го нашле одговорот, прави генијалци се обидувале да ги дешифрираат одговорите кои се кријат зад тие прашања кога им требале... За на крај истите тие да останат со празни раце... А најинтересното е што, додека ги бараме тие одговори, нашето срце не мирува, туку напротив, бунтува, војува, бара под итно да ги разрешиме сите дилеми кои во нас постојат... А со секој нов изминат ден во кој не сме успеале во тоа, ни задава нов удар, нова лузна, нов спомен кој не' измачува... Сето ова е доволно да не' натера да се откажеме од се' она за кое мислиме дека вреди да се бориме, се' она што некогаш ни делувало достижно, а сега одеднаш е километри, километри далеку од нас... А кругот на животот се врти, не не' чека, исто како и секундите, минутите, часовите... И тие отчукнуваат, и со себе го носат сето зло кое се случувало, се случува, и ќе се случува... Каде не' остава тоа нас? Како и секогаш, пред избор, пред крстопат. Зашто секогаш можеме да се одлучиме да станеме дел од тој круг на животот, да се препуштиме на се' што тој ни носи. Но каде би била возбудата во тој случај, вистинските доживувања? Нив ќе ги нема, би потонале некаде во архивите на времето, заборавот на сеќавањата... А доколку размислиме уште еднаш, ќе сфатиме дека токму тоа го правиме целиот наш живот, се трудиме да не бидеме заборавени, да постигнеме нешто по кое ќе не' помнат другите, да изградиме неуништлива тврдина од спомени, која ќе служи како пример за многу генерации после нас...
 
Одамна, едно убаво и добродушно девојче застана на планината, широко ги рашири рацете, го прегрна воздухот, воздивна и налутено праша – ако ова не е рај, тогаш кажи ми што е! А, ако не можеш да ми кажеш, тогаш покажи ми....
Човекот од планината, како и обично, немаше сила во истиот миг збор назад да фрли, па малку се подзамисли.

– Тогаш девојчето му рече - немој само уште еднаш да потонеш во клишеата твои, па да ми кажеш дека рајот е секаде каде што ќе си со оној што го сакаш или налик на тоа, зашто преку глава ми е од излитени фрази и клишеа!!!!

Човекот од планината си зеде за право да размисли длабоко, пред и да се обиде да даде одговор на прашањето....

Телото и душата
Речиси никогаш, телото и душата не се заедно.Телото е толку ограничено, врзано од спреги и закони, ветувања, договори, разочарувања и прашања, а душата пак, секогаш е некаде високо, слободна, полна соништа, полна надеж, секогаш во потрага по совршенството.

Човекот
Слобода. Сон. Ништо повеќе. Јас, само капка вода поток. Сега тука, утре којзнае каде, далеку.Милион притоки од реката удираат и ја матат водата, создаваат вртлози, носејќи сè наваму-натаму, ништо не останува.Фактори, кафези за душата.Други капки.Лавиринти и загатки..

Одговорот
Откако го одиграв животот под дрвото, откако го вкусив утрото, вдишувајќи ја сончевината, откако ја имав честа да го допрам совршенството, барем на една секунда, еден миг можам да ти кажам дека...
Не можам со зборови да го опишам рајот, зашто не е слика.
Не можам да ти го покажам, зашто не е место.
Не можам ниту да те одведам таму, зошто не постои.
....можам само да ти кажам дека тоа е мигот, дел од вечноста, миг кога телото и душата ќе се соединат во совршена синхронизација.... со уште едно тело и уште една душа.
 
Бесмртност...

Велат дека многупати најубавите и најискрените пишани зборови произлегуваат од повреденото човечко срце... Дека во пролеаните солзи многупати лежи темелот на нашите чувства, на она низ што минуваме... Дека зборовите на нашите песни или текстови служат како огледало, претставуваат реална слика за она што се случува длабоко во нас, толку длабоко што никој друг освен самите ние не знаеме за тоа...
Сведоци сме на безброј бесмртни литературни дела, дела кои поттикнуваат бура од емоции и размислувања кај нас. Сите тие дела си имаат свои автори, и да, тие автори биле луѓе, исто како и нас. Минале низ истите ситуации како нас, се радувале на туѓи победи, плачеле на туѓи порази, сакале и кога не им било возвратено, па и биле сакани, во ситуации кога останувале слепи пред таа љубов, иако за сите останати била јасна како ден... Сево ова им помогнало да ги напишат делата кои претставуваат нивни лични трофеи, влезници за во долината на бесмртните. И додека ние сме тие кои го вкусуваат плодот од нивните засадени семиња, додека милиони од нас наоѓаат непресушен извор на инспирација со секој нов стих од нивните песни, вреди да се постави прашањето, па дури и да не се обидеме да го одговориме: "Вредело ли?". Вределе ли сите оние непроспиени ноќи за саканите, кога многупати поточињата од солзи се мешале со мастилото со кое овие автори пишувале? Вределе ли сите оние задушени воздишки кои во ритам го следеле започнувањето на секој нов ред, стих или строфа? Или сите оние слики на сенки во ноќта, кои биле единствените придружници на се' послабиот пламен од восочните свеќи? И за крај, вредела ли сета онаа надеж која како оган полека згаснувала во авторските души, но и ги терала да продолжат со создавање на она што подоцна се покажало како бескрајно, бесмртно? Ова е само дел од се' она што тие автори требало да го доживеат, за да ги натера да ги изнесат најскриените, најволшебните, најискрените зборови од себе, да ни ги изнесат нам, како патокази за да ги избегнеме истите судбини. Но ако е така, зошто токму во нивните неисполнети мечти, недоживеани моменти, нереални фантазии ние најмногу се пронаоѓаме? Зошто многупати ќе речеме дека имаме чувство како тие зборови да се пишувани специјално за нас? Па еве, со самото тоа што и јас го пишувам овој текст, не го правам истото што го правеле и тие? Одговорот, да бидам искрен, не го знам... Но знам дека ноќва, сите овие зборови кои произлегоа од мојата замисла и имагинација, не се ништо повеќе од зборови кои произлегуваат од едно повредено човечко срце...
 
Ова е мојот прв обид и засега единствен =)

Би сакал да имам повеќе бомби за да го разбудам срцето во тебе.Со секоја ерупција би се разбудило секое скриено зајаче и секој лав во тебе.Не ли би сакала заедно,наместо само јас да бидеме проповедници на новата секта,која наместо религија би ширела љубов?Би сакал да поставам зголемена терапија бомби за сите останати.Да биде лоцирана бомбата во дигестивниот систем.Последните внесени задоволства да ја напуштат дупката преку која се шири омраза.Да бидат корисни за општеството,да ги нахранат малите мракви и бубашвапчиња за да не мора следниот ден да се прикрадуваат и да ограбуваат.Направи ги малите,среќни.Зголеми им го родот,иако уништувачката нивна природа претендира да не дотолчи до парчиња еднакви на нив.Ќе стигнат ли?Направи разлика,со секое кажување "те сакам"умира по еден човек.Кажувај почесто,сакам да останеме само јас и ти.Би чувствувал ли тогаш тага?Кога целиот свет би бил за нас?Кога заедно би одпатувале на месечината и би станале космонаути и би го украле секој општествен статус што ти треба?знаеш и самата дека не би рушеле,ниту граделе.Може само цветна градина на марс,во која би можела да го поминуваш целиот свој живот.Првин,ќе бидеш сама,но после кога ќе добијат еднакви права и мраквите,ќе живееш во густо населена градина.Цвеќиња околу тебе,но ништо толку природно?(што сум сакал со ова?хаха.забелешка)Поправилно е човек да се репродуцира во цвет,одколку мравка во нешто толку убаво како што си ти..Твојот споменик се движи,како што се движи срцевата револуција.Имаш среќа,или би рекол имам....среќа да живеам покрај уметност(споменик).Изграден е во чест на твоето срце.
 
,,Пи*ка,,

Еве ме мене повторно седнат на стариот стол, со старото перо пишувам во стариот тефтер на старата маса. Заедно со истите стари приказни. Со приказните за подобро утро за посреќни денови и многу насмеани лица.
Пуштам солза над листот. Зашто? Дали тоа би помогнало? Дали тоа би го донело тоа чудо наречето ,,подобро утро,,? Тоа толку посакувано утро.
Но што да правам кога премногу е депресивен светов. Премногу темен, мрачен, бездушен, хартиен свет кој во секој момент може да се руши, уништи, исчезне во бескрајноста.
Па ме натера да бидам како тој што е. Да не мислам на победа, а така и на подобро утро. Ме натера да пишувам за него наместо да уживам во него. Ме направи да бидам една од многумината што ги направи да бидат, а тоа е да бидам ,,пи*ка,,.
 
Сонцето полека се губи зад планините, а ѕвездите започнуваат да ја осветлуваат убавината на селската идила. Месечината полека почнува да ги осветлува покривите на неколкуте околни, мали куќички. И сè се случува така лежерно. Како полека да се позалтуваат рабовиуте на старите ќерамиди додека се слуша тажната песна на штурците.
Прибегнат од свет исполнет со обврски, проблеми и гужва, најдов место каде можам да се одморам од сè она што се нарекува modern life. А сега, токму тука, на тремот на оваа мала куќа, успевам полека да им се искрадам и на соновите на кои толку се надевав. Меѓутоа, не ми е криво. Она што го гледам со очите во ова мало местенце сигурно умот не може да го созаде како посебно место во сонот.
Среќен сум, иако ненаспан. Успеав да побегнам од сè, па дури и од оние чудни нешта кои навечер ни се мотаат низ главите. И постигнав само една цел. Се пронајдов себеси.
.....
Ова беа последните зборови кои беа испишани со застареното перо од рацете на еден старец. Тој полека ја затвори папката во која стоеше целото негово дело и се загледа во полното ѕвездено небо. Ја пишуваше својата бигорафија.
 
Се уште се надевам на среќниот крај кој знам дека некогаш мора да дојде.
До последниот здив не се предавам и ќе очекувам нешто магично што ќе ги искине сите конци и ќе овозможи конечно да ми паднеш в прегратки.
Знам, дека ти е потребна само една ноќ во која ќе заспиеш под товарот на моите бакнежи и никогаш ништо ама баш ништо не ќе посакаш да се промени. Никогаш никој не те љубел толку колку што љубов за тебе има во овие гради!
Сакам да заспиеш до мене за никогаш да не помислиш да си заминеш...

И се уште сонувам за нашиот среќен крај и не престанувам да ја качувам карпата до врвот на планината надевајќи се дека овој пат нема да се стркала надолу и да ги раздроби сите надежи.... Се уште навивам за нашиот, за само нашиот среќен крај!!!

Животот и сите наши приказни ќе завршат таму каде што ќе се пронајдеме - Јас тебе, ти мене!!!
 
Не сум ангел како што изгледам.

Некогаш постоев и јас. Еден од многумината луѓе што живеја на место наречено земја. Место кое беше преполно со тага и злоба. А пак другите мислеја дека ја сум различен и дека не сум како нив опиен со тага и злоба во себе. Мислеја дека сум ангел. Но не знаеја дека такво нешто никој жив не видел, а пак како ли се осмелува да ме споредува со тоа нешто.Така не знаејќи јас дали тоа нешто е добро или лошо го прифатив и станав. Ме крунисаја на највисокиот врв што постоеше. Ме облекоа во бела наметка, ми ставаја мала зелена круна направена од повеќе миризливи растенија кои можеја да се најдат во близија и ми облекоја бели чевли кои беја чисти што можев да се видам на нив. Но заврши и тоа нешто како и се друго, како и долгата вечер. Па се слушнаја петлите одалеку, нивното кукурикање го убрзуваше издигнувањето на светливотот, блескавото, боженстветото, незаменливото сонцето. Сонце кое за мене ќе биде кобно бидејќе ќе ме осветли и го покаже тоа што навистина сум. Човек! Кој како и други сите луѓе на земјава се. Во глобала луѓето не се добри, напротив тие се полни со злоба па така се измислиле ангелите за да имаат надеж дека постои и такво нешто кое ќе може да ги смени, а најглавно ќе докаже дека не се сите луѓе исти, не се сите злобни.Но што да се прави. Што ли уште да се измислува. Нема ништо да биде доволно. Нема ништо и да не смени.Ќе останеме засекогаш луѓе какви што сме, а пак ангелите нака останат мит, нака останат за некој друг свет, за некој нареден живот.
Па така како и другите и јас сум човек. Не сум ангел, а и запамтитего ова сега што ќе ви го кажам: не ме гледајте во очи, тоа нема да промени се. Кај луѓето и очите лажат.
 
Темнина.

Нов ден. Ново утро. Нов залудно земен здив. Нов зрак од сонцето кое удира над мене.
Ова не сум јас. Ова не е мојт дом си велам јас.
Но кој сум јас. Кој е мојот дом ми довикува некој глас скриен длабоко во мене.
Па така во заблуда го барам чибритот за да га запалам свеќата на масата. Да видам нешто бидејќи одамна ги затворив ролетните. Не сакам да знам кога ќе дојде новиот ден, кога ќе има ново утро. Не сакам повеќе да ме удраат зраци од сонцето. Но единствено нешто што неможем да запрам со ролетните е воздухот. Не можам да престанам да дишам и така ќе продолжам да го земам секој здив нареден залудно.
Дишам, земам здив, залудно, а сеуште не го најдов чибритот. Сеуште седам во темнина. Можеби и вака е подобро, можеби има нешта што не сакам да ги видам. Но одеднаш се појави, го почуствував чибритот. Га запалив и свеѓата. Немаше нешта што не сакам да ги видам, се беше некако прекрасно. После долго време видов и светлина. Добро не беше природна ама сепак беше светлина.
Така га отворив орманот, го најдов перото кое одамна не видело светлина и го ставив на масата. Но сепак нешто пак ми фалеше. Повторно го отворив орманот и ги најдов малкуте листови на кои сеуште ништо не сум запишал ништо. Ги ставив листовите на масата, го зедов перото, га спуштив косата над листот и започнав да пишувам. Да пишувам за деновите поминати во темнина, за деновите исполнети со страв. За деновите кои сакам да ги заборавам.
Подобро тоа нешто да го запишем на лист и самиот лист да се уништи отколку да го чувам тоа нешто во мене кое нешто би ме уништило.
Па така запишав све што имаше да се запише. Направив се што требаше да се напрае. Го спуштив перото на масата. Го завиткав листот и го оставив под перото. Га наместив косата и ги лижнав прстите со кои га угаснав свечата. И повторно заминав во вечна темнина.
 
Ветерот знае да донесе многу повеќе од колку што се бара од него. Успеав да ја намирисам страста од нејзината коса дури од таму. Во време на евтин секс, мистериозноста скриена во очите на жената е се потешко да се примети. Кога сите се задскрија позади оклоп на индеферентност, ретко кој има храброст да ја покаже својата ранливост па макар и да е само пред ветрот. Не примети дека седам на клупата... Не верувам дека ако ме забележеше ќе почнеше да се врти околу својата замислена точка, околу центарот на своето постоење.Само слободен човек може така да се радува на секој зрак, секој шум на листот, секоја пупка на црешата. Само една убава жена може така да усреќи еден загубен маж кој одамна ја заборавил својата причина за постоење.
Се изненади кога ме погледна, но не се исплаши како што јас мислев, како што јас би направил. Некои луѓе успеваат да му се протнат на општеството низ прсти и да го избегнат проклетиот страв од сите останати, страв од болка, среќа, блискост. И јас бев доволно среќен барем од далеку да го видам тоа.
 
Го исклучи телевизорот на кој непрестајно се вртеа вести за него и неговата жена.
Мрзоволно се протегна по скапата нова кожена гарнитура.
Како тоа да ќе ја надоместеше болката за речиси безживотното тело на жена си која лежеше во спалната.

„Уште само една недела, драга, ќе издржиш“ - си велеше тој. Го тешеа двете мали животчиња кои ги носеше жена му, тоа му беше излез од сите маки, сакаше барем да има нешто по кое ќе го памти тоа совршено суштество со кое се ожени, тоа суштество кое никогаш порано не носело лоши работи. А сега празнина, мака, болка, исчекување ја исполнуваше неговата душа.
Повторно го вклучи телевизорот. Новинарите беа пред нивната кралска куќа, спремни да ги заријат своите канџи во нивното месо како мршојадци кои не беа виделе крв и месо долго време.
Телефоните непрекинато ѕвонеа. Не можеше веќе да издржи. Стануваше лесно надразлив и параноичен. Погледна накај нивната спална. Му текна нешто.
Стана, ја зема жената на своите раце, и се упати кон задната врата, кажувајќи му на шоферот да ја спреми едната од нивните најбрзи коли. Излезе..


...Никој повеќе не слушна ништо за светски познатиот тенисер и неговото семејство..
 
Беше тоа топло летно утро. Младичот се протегна на широкиот кревет, се почеша за едно срамно место и веќе беше спремен да го почне новиот ден. Го вклучи транзисторот што му го беше оставил татко му, кој го добил како подарок од некој полковник во Прије поље, додека служел војска пред 27 години. Имаше џез. Излезе на терасата, додуша се уште по гаќи, но на тоа не обрнуваше внимание ни најмалку. Му трепереше раката во која ја држеше цигарата, додека мирисот од тазе загорено кафе, го потсети веднаш да го исклучи решото. Кафето, какво-такво, набрзина го испи, ги навре кратките шорцеви и отиде до маалската продавница. Ја разгледуваше природата во неговото маало, како да ја гледа за прв пат. А веќе 20 год. го правеше тоа, секој ден. Можеби нешто чуствуваше, па истата му изгледаше толку мистично и непознато. Пред него се простираше големиот булевар... И голем натоварен камион, кој јуреше со голема брзина, за миг му го одзеде животот на младото момче...И навистина нешто чуствувал кога ја разгледувал природата како да ја гледа прв пат...овој пат последен.
 
Погледна во својот часовник. Уште десет минути до крајот на смената. Десет минути кои изгледаа како цела вечност. Поспано се протегна и стана од пластичното столчето пред чуварската куќарка. Он беше чувар на еден мал зелен хангар на пристаништето. Досадна работа си велеше во себе. Цел живот сонуваше дека ке стане полицаец но судбината не му дозволи. На денот на приемот за нови кандидати возејќи се со неговиот моторцикл направи мала сообраќајна несреќа кој го чинеше неговата десна нога но и повеќе. Неговиот сон беше задушен. Еден негов познаник од генерацијата од неговото средно училиште му ја најде работата со изговор дека и тука ке помага за сигурноста. Очекуваше луѓе дека ке чува но го дочекаа картонски кутии полни со цигари Camel. Која иронија. Две години му беа потребни за да се откаже од таа проклета зависност. Сега тој ги чуваше безбедно да стигнат до другите никотински зависници. Време беше за последната патрола од смената. Сонцето се појави на хоризонтот. Нов ден. Морскиот утрински ветер му годеше за да ја растера поспаноста. Со светлинската батерија во рака тргна кон обиколка околу хангарот. Обиколката беше едно 100 метри движење но за него беше и тоа како заморно. Неговата повредена десна нога го кочеше. Безполезна работа си велеше. Што има да правам обиколка кога и така има чувари на двата влеза од стовариштето. Единствениот влез во хангарот е од страната од морето каде што се наоѓа куќарката каде што сум сместен. Прозорци нема. Ако некој влегува тогаш единствено мора од врата. Размислувајќи за тоа, заврши со обиколката. Уште пет минути. Ја исклучи батеријата и ја внесе во куќарката. Го чекаше крајот на смената. Погледна кон морето. Мир. Нешто што го имаше во изобилие во неговиот живот. Празнина. За пет минути му завршува смената. Си оди дома. Во празниот стан каде што не го чека никој. Живееше во огромна зграда со многу станари но чудно он не се познаваше со никого. Се обидуваше но како да го избегнуваа. Се почувствува осамено. Чувство кое беше неретко за него. Тие мисли беа прекинати со звукот на алармот на неговиот часовник. Крај на смената. Ја заклучи куќарката и клучевите ги остави на кутијата покрај вратата од куќарката. Неговата смена каснеше. Човекот што треба да го замени често беше склон на закаснување па ништо чудно си помисли. По две минути дојде смената. Конечно. Се качи во својот син автомобил и тргна кон излезот на стовариштето. Застана пред влезот за обичен преглед од чуварите на стовариштето. Заврши со тоа. Го запали автомобилот и продолжи по патот кон градот. Во големиот град каде што живееше. Во градот каде што беше странец...
 
Ауу...02:31 веќе било. Доцна е- си рече. Го беше заборавил вклучен телевизорот што го купи со неговата прва плата. Се освести од дремката на удобната фотеља и отиде во wc-то да си ги измие нозете и забите. А не ги миеше забите секоја вечер со паста, туку само ги исплакнуваше темелно со вода. Имаше научено дека флуоридот при редовно нанесување ги нагризувал. И можеби беше во право. Скоро кога беше на систематски преглед од работа му рекоа дека спаѓал во ретките пациенти кои доаѓале со добро сочувани заби и непца. Но нејсе тоа...Ја заврши вечерната рутина, веќе беше 02:53, и за чудо веќе не му се спиеше. Излезе на балконот да запали цигара. Леле...пак комшиите од горниот спрат пуштаат музика, пијат и се дерат. Срање, рече, и ја запали цигарата. За среќа спиеше на другата страна од станот па така нема да ги слуша. Ги гледаше ѕвездите, а Орион само што почна да се открива на небесниот свод. И ги набљудуваше, мали, сјајни, далечни. Посака да е ѕвезда. Посака да е на високо, посака моќ. Цигарата догори. Туткајќи ја кутијата за да ја фрли, забележа "ПУШАЧИТЕ УМИРААТ ПОМЛАДИ". И не сакаше власт, не сакаше моќ. Посака да си легне и да си заспие како обичен човек, кој повторно ќе биде во дилема како да го помине и преживее наредниот ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom